Војник
Заминуваш,
гневни срца те чекаат,
сакаат да те уништат.
Плачот на мајките се слуша,
го корне срцето,
убива.
Несвесен за иднината
се бориш.
Ја чуваш гордоста,
традицијата,
болни рани го кинат телото,
Се сеќаваш на убавите моменти,
ти проаѓа цел живот,
како филм кој трае три секунди.
Се молиш,
размислуваш за детството,
најблиските,
убавите моменти се посакувани,
филмот прекинува,
околу тебе мртви тела,
другари кои ти биле како браќа.
Пред тебе непријателот,
околу тебе
крв,месо,земја,прашина,оган,
пискотници на сите страни.
Со едната рака ја држиш пушката,
со другата
го влечеш паднатио другар,
покрај срцето
Библијата.
Се прашуваш,
зошто морало така да биде,
зошто толку млади животи да згаснат,
толку крв,
толку гнев.
Си велиш војник сум,
немам избор,
тоа сум го сакал,
но не го замислував вака.
Касно е за се,
остануваш и чекаш да пројде најлошото
кога ќе пројде,
почнуваш да се каеш,
да размислуваш,
но сепак си горд.
На крајот сфаќаш дека си бил само војник,
ти влегува тоа во крвта,
остануваш и потака тоа што си бил,
војник.