Го убиле пред родителите: Два куршума во глава бидејќи го "навредувал" Мухамед

  • Креатор на темата Креатор на темата Caffè
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 март 2013
Мислења
176
Поени од реакции
149
По киднапирањето и тепањето, момчето било вратено во град, и убиено пред толпата луѓе во која се наоѓале и неговите родители, кои ги молеле напаѓачите да му го поштедат животот.

Припадниците на екстремистичката група поврзана со Ал Каеда во неделата на јавно место во сирискиот град Алепо, го убиле 14-годишниот Мухамед Ката.

Момчето работело на штандот на кое продавало кафе, кога во присуство на некој од членовите на екстремистичката група ги изговорило зборовите: "Дури и Мухамед да се симне од небото, нема да стане верник". Ова за фанатичниот исламист звучело како груба навреда на верата, поради што момчето го одвел во непознат правец.

По неколку часа, Мухамед Ката бил вратен на истото место, со видливи траги од насилство по телото, а екстремистите ги предупредиле присутните дека тоа е казната која следи доколку го навредат Мухамед и неговата вера. Момчето потоа, и покрај молбите на неговата мајка, било застрелано со два куршума, еден во главата и еден во вратот, пред насобраната толпа околу штандот на кое работело.

И.

:tapp:
 
Би сакал некој што е запознаен со исламот, да ми го објасни ова
Момчето работело на штандот на кое продавало кафе, кога во присуство на некој од членовите на екстремистичката група ги изговорило зборовите: "Дури и Мухамед да се симне од небото, нема да стане верник"...

Момчето потоа, и покрај молбите на неговата мајка, било застрелано со два куршума, еден во главата и еден во вратот, пред насобраната толпа околу штандот на кое работело.

Дали во куранот пишува дека еден муслиман може само со смрт да ја напушти верата? :eek:
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 15:38 ---
:pos::pos::pos::pos::pos: Извор = тоцка.цом.мк :pos::pos::pos::pos:

Значи до кај одат луѓево :tapp: Не верувам во текстот погоре ...

Клик.
 
ФОТО +18: Застрелале дете со изговор дека го навредило пророкот Мухамед
detesirija2.jpg
Членови на исламистичка група поврзана со Ал Каеда во сирискиот град Алепо убиле 14- годишно момче пред неговите родители како казна за, според групата навредливи коментари за верата.​
Малечкиот Мохамед Ката е застрелан во лицето и во вратот во неделата, соопшти сириската група за заштита на човековите права кои ја публикуваа фотографијата од егзекуцијата.​
detesirija1.jpg
Според оваа група за човекови права момчето продавало кафе на улица и се расправало со некој човек при што извикало: И пророкот Мухамед да се симне од рајот, јас нема да станам верник!​
Момчето веднаш било собрано од исламистичката група, но по неколку часа е вратено живо пред куќата, со видливи рани по телото од тепање и камшикување.​
detesirija3.jpg
Откако излегле родителите на детето и други луѓе, исламистите јавно го обвиниле за ерес и го застрелале пред нив, по што заминале.​
Од минатата година Алепо е под контрола на исламистичките бригади, како што е Нусра Фронтот кој е поврзан директно со Ал Каеда.//м.д.​
 
Не сум чул некој христијанин да убива луѓе поради навреда на Исус во 21 век.А кај муслиманите ова е секојдневие.Пред фактите и боговите молчат.Не велам дека е до верата,можеби нивните свештеници,политичари ги потикнуваат на ваква агресија преку некакви квази-толкувања на Коранот.Ама што е тука,тука е.

Да, во ред е сето тоа што го кажа.. Финтата ми беше, дека луѓево се екстремисти, никој не кажа дека оџата ги пуштил да го убијат. Тоа е тоа, сакав да кажам дека ради испрани мозоци како нив се напаѓа целата религија. Затоа неможе да има мир во светот, зошто двете најголеми религии не сакаат да се разберат една со друга и од двете страни има манипулатори. Религијата е настаната со друга цел, да ги заштити човековите норми и вредности, а не ради тоа што се прави денес. Толку од мене.
 
А поентата на темата е да се испразни некаков си гнев со навредување на сите муслимани нели...
Нит му е битно некому дека е убиено детево (за жал) нит ништо туку чим се прочитало муслимани се собравте како муви во гомна да ми извинете на изразот. Лицемерие до немајкаде.
 
Мора да е убаво чувството кога сопствените емоции и реакции пробуваш да ги проектираш на сите останати. Сигурно се осеќаш возвишено пошто вака пророчко-едуцирачки не искара.

А поентата на темата само делумно ја имаш погодено.
 
Не бе далеку од тоа, опериран сум ја од такви работи. Не се "осеќам возвишено пошто вака пророчко-едуцирачки ве искарав", никогаш немам коментирано пристрасно за ниедна страна денеска ми беше прв и сигурно последен пат, пошто и така темите за религија националности и такви работи не ме интересираат и немам намера тука да се расправам со луѓе за кои можеби и имам супер мислење според нивните постирања само заради верски и етнички причини. Мислам глупо е нели.
Можеби се изразив лошо знам, но малце бев испровоциран на тоа како една вест што не е ни битна тука успеа да тргне во сосема друг правец без причина, а такви се скоро сите вакви слични теми (не држам страна). Thats it.. биди поздравена и мислам нема причина да продолжиме пошто не ми е намерата да се расправам со никого,далеку било писс:)
 
Јас не знам кога ова баграва атеисти на форум ќе сфатат дека убиство извршено од муслиман за навреда на пророкот Мухамед нема никаква врска со Ислам!

Мислам, толку ли е тешко да се сфати?
 
Јас само возвратив на ист начин на кој ми беше возвратено мене. И што има врска мојата реакција со исламот кога јас не сум муслиман.

Па ти му си апологет на истиот кога е нападнат како религија која поттикнува насилство.
Во ваква ситуација кога не си издоктриниран религиски уште посмешен изгледаш од типичен хисптер.
Исто ти се фаќа како да ги браниш одредени политичари кај нас повикувајќи се на политичката програма, а не на нивните дела што ги прават.
 
Во ред, така нека биде.
 
Се гадам од луѓе кои ја користат религијата за да ги оправдат своите крвнички дела. Дали навистина книгата на еден или друг начин дозволува вакво насилничко однесување (нели кој како си ја сфати)? Зошто се повеќе убици се кријат позади нејзините страници, не сакајќи да си ги откријат вистинските монструозни лица.
 
Па ти му си апологет на истиот кога е нападнат како религија која поттикнува насилство.
Во ваква ситуација кога не си издоктриниран религиски уште посмешен изгледаш од типичен хисптер.
Исто ти се фаќа како да ги браниш одредени политичари кај нас повикувајќи се на политичката програма, а не на нивните дела што ги прават.
Ти за дела си, а?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom