Закинтос

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Па има нешто нашиве агенции што нудат во Аргас, но сите како што ми кажуваат мора пак да се искочи во Лаганас на прошетка, пијачка за јадење...се е таму како што слушам. Но сепак битно е да не бидеме цел ден во гужва, со кола ќе бидеме па може по потреба да се прошета. Исто и за плажите важи.
На прошетка , пијачка и јадење ке си одите во Закинтос ( градот ) ем покултурно ем има што да видите . Плажа и на тојдел се наоѓа , штом сте со кола , немаш мака . Секој ден бирај си дестинација , немора да е Лаганас . Додуше ојте и дотаму еднаш двапати да не остане само на зборење. Напрајте и едно кругче со брод околу островот , ама ако налетате на лош екипаж (просење на бакшиш) ќе си го расипете денот .
 
Со мало дете сакаме да одиме ова лето на Закинтос, никогаш немаме до сега идено и сакаме со сопствен превоз, но читам дека е повеќе за журки...итн. Помирни плажи кои би ги препорачале, ноќно шетање каде што нема само пиење... и сл?
Геракас и Дафне се идеални плажи за тебе. Геракас е една од најубавите плажи воедно, ако не и најубава, на островот. Лаганас за сместување не би ти го препорачал, освен ако сакаш да гледаш грди издрогирани адолесценти Англичани. Јас би ти препорачал да го заобиколиш зашто нема таму ништо за фамилијарен одмор. Аргаси е мирно местенце, со се што ти е неопходно-продавнички, ресторани и кафичи. Занте е убав за шетање и за сладолед и романтична вечера на шеталиштето.[DOUBLEPOST=1465641252][/DOUBLEPOST]
На прошетка , пијачка и јадење ке си одите во Закинтос ( градот ) ем покултурно ем има што да видите . Плажа и на тојдел се наоѓа , штом сте со кола , немаш мака . Секој ден бирај си дестинација , немора да е Лаганас . Додуше ојте и дотаму еднаш двапати да не остане само на зборење. Напрајте и едно кругче со брод околу островот , ама ако налетате на лош екипаж (просење на бакшиш) ќе си го расипете денот .

Како бе да си го расипе денот за едно евро? Нека се радуваат циганите.[DOUBLEPOST=1465641544][/DOUBLEPOST]
Па има нешто нашиве агенции што нудат во Аргас, но сите како што ми кажуваат мора пак да се искочи во Лаганас на прошетка, пијачка за јадење...се е таму како што слушам. Но сепак битно е да не бидеме цел ден во гужва, со кола ќе бидеме па може по потреба да се прошета. Исто и за плажите важи.
Те излажале. Лаганас има миљон кафичи и клубови, тетовирани копиљаци и Мекдоналдс. Тоа е се што го има Лаганас а го нема на друго место на островот.
 
Последно уредено:
На прошетка , пијачка и јадење ке си одите во Закинтос ( градот ) ем покултурно ем има што да видите . Плажа и на тојдел се наоѓа , штом сте со кола , немаш мака . Секој ден бирај си дестинација , немора да е Лаганас . Додуше ојте и дотаму еднаш двапати да не остане само на зборење. Напрајте и едно кругче со брод околу островот , ама ако налетате на лош екипаж (просење на бакшиш) ќе си го расипете денот .
Мора еднаш и со брод да се оди, сепак жално мислам е да не се види Навигио
 
Мора еднаш и со брод да се оди, сепак жално мислам е да не се види Навио
Па биди спремен и да се разочараш кога ќе се најдеш во вода со купишта ѓубре.

Има две други поубави плажи, додуше не се плажи, туку места каде застанува бродот и се џиткате во водата.
 
Имам впечаток дека многу малку се зборува за главниот град, за ноќно искачане нема ли движење, кафичи,локали за храна, паркинг ли е проблемот...?
 
Имам впечаток дека многу малку се зборува за главниот град, за ноќно искачане нема ли движење, кафичи,локали за храна, паркинг ли е проблемот...?
Малку се зборува оти организираните тури го пикираа Ланганас како најинтересно место , од времето кога почна промоцијата на Закинтос . Сега се добива впечаток дека освен него на Закинтос нема ништо друго .
Уствари Занте (Закинтос ) градот е далеку попривлечен за излегување и да видиш и да бидеш виден ( нормално ако имаш голема јахта уште и ќе ти завидуваат ;) ) .
Има две главни улици крајбрежната и таа повнатре паралелно ,полни со локали за излегување , шопинг и што ти не . Од паркчето кај црквата до плоштадот кај градското собрание е секогаш живо и интересно.
Паркинг не би требало да е проблем , накај црквата доле или накај градската плажа нагоре секогаш се наоѓало место . Плус поголемиот број туристи се дојдени авионски или со брод .
 
Со мало дете сакаме да одиме ова лето на Закинтос, никогаш немаме до сега идено и сакаме со сопствен превоз, но читам дека е повеќе за млади, журки...итн. Помирни плажи кои би ги препорачале, ноќно шетање каде што нема само пиење... и сл?
Едноставно е - понастрана од Лаганас, тоа е дното.
Занте е супер островче, со колата ќе го поминиш неколкупати, толку е голем. Моја препорака - Василикос полуостровчето а за релативен рајат(оти рајат на Занте е тешка работа) оди до Кери. Градот Занте е супер за шетање, без англиски тинејџери пуштени од синџир и братебрате срби и србинки, клубови каде гостуваат сите шабани од кај северниот сосед.
 
Кога велиш Кери на што поточно мислиш? Плажата...или?
 
Плажата мислев, а потоа зафати накај селцето и светилникот. Таму има троа мир.
 
некој во кратки црти што бил оваа година да објасни кои се најдобри места за сместување, цените како се движат, рентакар, автобуси...?
 
некој во кратки црти што бил оваа година да објасни кои се најдобри места за сместување, цените како се движат, рентакар, автобуси...?
Звиси за што одиш на Закинтос ако сакаш дискотеки Лаганас дефинитивно ако си за помирни места нешто друго надвор од лаганас да е :) за изнајмување од 35 евра кола 15 евра моторче.
 
Наскоро патувам за Закинтос, и ви благодарам на сите за препораките кои ги имавете. Последно што ме интересира за крстарењето и плажата Навагио конкретно, која е најдобра понуда...итн?
 
дали може за еден ден да го заобиколам цел остров со кола? Се мислев да прошетам до Porto Vromi, Navagio, па Blue Caves, или да ги поделам на два дена?
 
дали може за еден ден да го заобиколам цел остров со кола? Се мислев да прошетам до Porto Vromi, Navagio, па Blue Caves, или да ги поделам на два дена?
Можеш ако одиш да се сликаш само ако сакаш и да се одмориш на некоја плажа подобро во два дена види ќе најдеш некој за да делите кола :)
 
Колкав буџет е потребен за Закинтос 10дена во јули?нормален одмор да не се стегаш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom