Крвав петок во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
- Не се натпреварувајте со нас. Ако вие можете да соберете 200 илјади луѓе, јас можам да соберам еден милион. Барам од демонстрантите веднаш да престанат со протестите - изјави Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.

Единствено што призна Ердоган е дека полицијата применила прекумерна сила врз демонстрантите, за што веќе е отворена истрага. Но и покрај ветувањето дека нема да отстапи од планираната изградба, полицијата од попладнево ги отстранува барикадите, но под притисокот на како што ги нарече Ердоган разулавените екстремисти, туку на одлуката на судот за запирање на изградбата.

Мислам дека си го бара со боринче со овие изјави, нешто налик Чаушеску како што си го побара.
 
Во Египет смрдеше на потплатен народ. Толку многу беше фејк... Ова не ми изгледа така. Се надевам дека не е.

Арапската пролет(Египет, Тунис, Либија, Јемен, Сирија) беше вештачки создадена ... сите овие држави имаа(Сирија сеуште има) секуларни претседатели кои и покрај тоа што владееа со децении со овие држави сепак успешно ги држеа конците во рака и горе-доле овие држави солидно стоеа економски, а сега во сите овие држави има граѓански војни, борби за превласт и огромна мизерија, а Египќаните си добија исламистички фараон на власт :icon_mrgr:
Ку* ги боли Ционистите за слободата и демократијата на Либијците или на Египќаните, нив ги интересира само нафтата !
 
A тие „Златните“ твои ко што се понашаат бе мајмун еден ?Малтретираат недолжен народ по граници.


И тебе да ти се кради историјата и ти така ќе се понашаш. А инаку и во Грција полицијата не е по арна од турската полиција,но како што гледам турците се ептен по големи идиоти од тој поглед..
 
Размисли што ќе бараш? Од кого ќе бараш? Што значи тоа што го бараш? Сакаш нова власт? Друга партија? Опозивција? Трета партија? Конкретен закон? Ги знеаш последиците на тоа? Кој ќе го имплементира? Како? Цените рипнале ОК...не е добро. Ама зошто се скокнати? Како е да се намалат? Што би значело тоа? Кои се последиците? Ги разбирам овие зошто рипна за 2 дрва во парк. Јасно е тука или се сечат или не нема никакви сериозни несакани последици од еден парк. И после се налепиа секакви паразити на протестов националисит курди опозиција либерали трети партии секуларисти ова она. И тоа е некој ќе улови некоја позиција можеби. Незнам највеќе што може да постигнат е нова влада...подобра можеби а можеби и не.

Инаку во право си за промена треба малку поголем концепт а за тоа треба избори и гласање...во основа во МК и ТР изборите се регуларни и може секој да победи. Така да не гледам некој концепт во ова Турција ама ај нека протестираат нивно право. Во Египет и Арабската пролет ми беа појасни...додуше не им завидувам што добија ама мислам дека тоа го сакаше народот или барем мислеше дека го сака.
 
добро ама што е со протестов, сигурно не е само поради паркот?

Се почна поради паркот но по страшната реакција на полицијата скриеното незадоволство во народот ескалирае а најмногу поради срамната политика која ја води Ердоган обидувајќи се од Турција да направи исламска џамахирија со носење на назадни закони кои од темел ја погазуваат секуларноста на Кемалчо,преку обидот да ја стави турската армија во некои “демократски“ рамки за да не може да изврши државен удар на кој таа има право, па се до срамната политика на Турција во Сирија станувајќи вазал на САД и Израел,во кратки црти тоа е
 
Убаво што се протестира овој Ердоган стварно многу пропагираше исламизам, но на Турците исламот им е повеке традиција отколку религија и треба да си го задржат статусот како најсекуларна муслиманска земја.
 
Се почна поради паркот но по страшната реакција на полицијата скриеното незадоволство во народот ескалирае а најмногу поради срамната политика која ја води Ердоган обидувајќи се од Турција да направи исламска џамахирија со носење на назадни закони кои од темел ја погазуваат секуларноста на Кемалчо,преку обидот да ја стави турската армија во некои “демократски“ рамки за да не може да изврши државен удар на кој таа има право, па се до срамната политика на Турција во Сирија станувајќи вазал на САД и Израел,во кратки црти тоа е


Ако се промени владата во Турција, тогаш ќе се случи истото и во Израел, така коментираат британските политиколози, дали САД планира да направи нови инсталации во Турција и Израел,баш ќе видиме, од секаков аспект интересно ќе биде..
 
А во Русија има ли демократија?
Да не ја развлекувам дискусијава, проблем има и во либералните средини и еве во конзервативните средини. Ни тој ни тој систем не одговара, чаре?

Што би рекол Hermann Goring “Обичните луѓе не сакаат војна ,ни во Русија, ни во Британија, ни во САД, па ни во Германија. Тоа е јасно. Но, сепак “водачите“ на државите се тие кои ја одредуваат политиката и секогаш е лесно да го повлечеш народот со себе, било да е тоа демократија, фашистичка диктатура, парламент или комунистичка диктатура... со или без глас, народот секогаш може да се убеди да го слушаат водачот. Тоа е лесно. Се што требате да им кажете е дека се нападнати и да се критикуваат пацифистите поради недостаток на патриотизам и изложување на земјата на опасност“.
 
И тебе да ти се кради историјата и ти така ќе се понашаш.
Крадење историја е поим само на балканов. Да има рајата со нешто да се занимава.
 
Што би рекол Hermann Goring “Обичните луѓе не сакаат војна ,ни во Русија, ни во Британија, ни во САД, па ни во Германија. Тоа е јасно. Но, сепак “водачите“ на државите се тие кои ја одредуваат политиката и секогаш е лесно да го повлечеш народот со себе, било да е тоа демократија, фашистичка диктатура, парламент или комунистичка диктатура... со или без глас, народот секогаш може да се убеди да го слушаат водачот. Тоа е лесно. Се што требате да им кажете е дека се нападнати и да се критикуваат пацифистите поради недостаток на патриотизам и изложување на земјата на опасност“.

Сосема нормално и природно е во секоја една држава да има плурализам на идеи и ставови ... неможе сите луѓе да имаат потполно исти идеи, сфаќања и ставови !
Но никој нема право на некого да му наметнува свои ставови, ниту пак има право некого да го мрази и плука поради тоа што има такви и такви идеи и ставови(спротивни од неговите), а пак државата односно власта(без разлика од која опција и да е) па најмалку има право да некого или пак некоја група на граѓани да ги фрла во сенка или пак да ги прогласува за предавници и сл. само поради ’’погрешната’’ идеологија(која и да е) на таа група !
Во Турција во судир(политички пред се) се приврзаниците на владеачката партија на Р.Т.Ердоган која не е баш секуларна(повеќе е про-Исламска) од една страна и од друга страна е опозицијата во која се секуларистите(Кемалистите) !
 
969110_546300168771295_2009402376_n.jpg
 
Ердоган сеуште го нема употребено најсилниот адут, контрапротестантите, кои сигурно ќе бидат побројни од протестантиве. Е сега, тоа ќе го искористат Курдите. Ако протестиве не си ја исполнат целта уште неколку дена и мора да се употребуваат и Курдите против Ердоган, тогаш Путин е мирен. Америчката генерална проба не успеала.
 
970957_10200808745892746_1589571879_n.jpg


Ердоган зборуваше денес

Дел од говорот на Ердоган:

„Превземавме чекори против најитниот проблем „тероризмот“.
Направивме распоред за алкохолот. Но тие го изобличија велејќи дека сме го забраниле. Не го забранивме. Па, што беше со распоредот. Рековме дека алкохолните пијалоци можат да се продаваат на 100 метри оддалеченост од училиштата и џамиите. Има многу вакви примери во светот. Рековме дека продажбата на алкохолни пијалоци на лица под 18 години е забранета но тоа не им одговараше. Што може да биде понормално од ова? Рековме дека алкохолните пијалоци не смеат да се пијат додека се вози. Затоа и се забранети на бензинските станици. Овој закон постоеше уште од порано само што не беше применет. Зошто го правиме ова? Ние имаме одговорност“._______________________________________________________________________


Малку историја: ЏХП (кемалисти) владееја со Турција од 1923 до 1950 без да постигнат ништо посебно освен затворањето на џамии и менувањето на езанот од Арапски на Турски. Во 1950 год. Турците ги добија нивните први демократски избори, на кои победи Аднан Мендрес со неговата ДП (либерали) а на истите избори ЏХП изгуби. Турција цутеше 10 год. се додека не дојде до воено востание во 1960 при што доведе до егзекуција на Аднан Мендрес и на двајца министри. Војската рече дека скорашната постапка на Мендрес (враќањето на езанот на арапски) била закана за секуларската природа на државата. Поради ова востание, Турција се давела во насилство цели 11 год. Од страна на Левичарите кои постојано бомбардирале, при што ЈП (либералите) не можеле да ја вратат контролата и да го запрат хаосот, така дошло до уште едно востание во 1970 год. Со цел да се нормализира состојбата. Во 1980 дошло до уште едно востание каде што 650,000 луѓе биле уапсени а илјадници умреле во затвор, додека милион други луѓе биле внесени на црна листа! Во 1997 дошло повторно до востание, при што изгубила првата исламска демократски избрана влада на Ербакан кој што завршил во затвор. Оваа сумирана турска историја е доволна за мене за да сфатам зошто ЏХП и левичарите во Турција ги сфаќаат овие демонстрации толку сериозно, што докажува дека за скоро 60 год. дека се далеку од секаков демократски концепт кој инаку го проповедаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom