Креми со заштитен фактор (SPF и UVA/UVB)

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Шо неам пробано..
Докторс ми се најнеубај..
Најубај ми се Гарниер и Каротен.
 
Пробај со Anthelios стикче ако најдеш, ептен е добро за лице (и уши), деколте и горниот дел на дланките. Јас морам да користам средство со ептен висок фактор, што сѐ не пробав, на крај ги најдов овие и највише ми одговараат. Го користам стикчето во комбинацијата со детското средство Anthelios 50+, и тоа е исто супер, добро се впива и не остава траги по облека. Ако имаш чувствителна кожа секако се препорачува и носење шеширче како дополнителна заштита.


Од каде го набавуваш Anthelios 50+ млекото?
 
Ја има користено некој кремата на Бекутан со спф 50 да сподели искуство? Фала :)
 
Ја има користено некој кремата на Бекутан со спф 50 да сподели искуство? Фала :)

Ја користев лани, ми ја препорачаа тогаш пошто имав сипаници 2 месеци пред да идам на одмор.
У суштина оваа крема е за бебиња, за најосетлива кожа е. Јас пројдов без никаков проблем, ако сакаш да фатиш повеќе боичка не ја користи. :LOL:

Едино ме нервираше што е тешка за размачкување пошто е многу густа.
 
По прочитани доста препораки за колекцијата за сончање од DM - sundance одлучив летово да го испробам млекото и уљето.
Првите 2 дена користев Блек ап 20ка фактор, а после производите на Sundance.
Mлекото за сончање е водоотпорно, убаво се впива во кожата и дава добра заштита. Се добива убава чоколадна боја. Имаат и големо пакување од 500 мл. Јас го користев малото пакување од 200 мл за да испробам.
bild-sundance-sonnenmilch-data.png

Откако се потроши го користев 3-4 дена уљето и сум прилично задоволна. Башка шо е поголемо за разлика од другите кои се по 100-125 мл, ова е 200 мл.
bild-sundance-sonnen-oel-spray-data.png
 
Од лани почнав да користам Докторс зошто Блек ап не ми се свиѓа што тешко се размачкува. Лани беше фактор 40 оваа година ќе си земам 50. Исто така презадоволна сум од маслото на Каротен со фактор 30.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom