Тоа со телефонските повици, прашањата и преиспитувањата за се и сешто повеќе ми личи на љубомора отколку на опсесија, а љубомората нормално, најмногу е знак на несигурност.
Е сега, разликата помеѓу опсесијата и љубовта? Па што знам ... кога се работи за љубов, мислам дека треба да не исполнува блаженоуспокоено чувство, кога мислиме на партнерот да имаме блага насмевка, да не сме напнати секој момент кога не сме заедно, да не се оптоваруваме со тоа каде е, што прави, со кого е и зошто е, туку со нестрпливост да очекуваме да го видиме само за да сме со него, дека токму тоа го сакаме.
Се што е спротивно на ова, значи врзување за гаќи за партнерот, постојано демнеење, моментите со него да ги чекаме само за да го гушиме и замараме, замарање и на сите околу нас со муабети за него и такви слични работи, веќе ми личат на опсесија.
Всучност, тенка е разликата помеѓу љубомората и опсесијата, но меѓу љубовта и опсесијата не баш. Љубовта единствено треба да подразбира позитивни чувства ... доверба, среќа, слобода, исполнетост и.т.н. ...