- Член од
- 21 ноември 2012
- Мислења
- 1.174
- Поени од реакции
- 744
Продолжува битката за наплатата на авторските права
Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението на приватни медиуми на Македонија ги продолжуваат консултациите за покренување на заедничка кампања преку која ќе ги информираат граѓаните дека не се должни да ги плаќаат фактурите од ЗАМП за пуштената музика на свадба или крштевка.
Водечката македонска деловна мрежа и приватните медиуми размислуваат да ја исправат неправдата која ЗАМП ја наметна на нивен, наместо на грбот на организаторите на семејната веселба, во случајот ресторан или кафеана. Според анализите на упатените во оваа проблематика кои Телевизија Орбис ги објави пред неколку дена, ако според статистичките податоци во Македонија во просек секоја година се склучуваат по 14.000 бракови, а ако ЗАМП има стопостотна наплата на давачката од младоженецот и невесетата која изнесува две-тристотини евра, тогаш здружението собира на годишна основа по околу три милиони евра само од свадби. Познати музички артисти и композитори од Битола, негодуваат на начинот на кој се форсира регилирањето на авторските права во земјава.
Пред да дојде поддршката од Сојузот на стопански комори на Македонија, Здружението на приватни медиуми побара да се промени Законот за авторски права, кој практично претставува и пандорината кутија за новонастанатите превирања. Одредбите вметнати во Законот во 2005 година, во време кога СДСМ беше на власт и кога на чело на Министерството за култура беше битолчанецот Благоја Стефановски, и по скоро една деценија останаа камен на сопнување во заштитата на авторските права во Република Македонија. Налудничавите суми, предвидени за авторски надомест во Законот и во Правилникот за тарифа за користење на авторски музички дела, иако паднаа на Уставен суд во 2008 година, продолжија да ги “дерат” медиумите. Во меѓувреме, не мируваат ниту здруженијата кои со амин на државата се растрчаа по наплата за средства. ММИ и ЗАМП се во добри односи и така ќе остане и понатаму со цел комплетно да се управува со правата на сите музички работници во Македонија, велат од ММИ, организацијата која доби лиценца од Министерството за култура за колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми и на уметниците музички изведувачи. Според Македонската музичка индутрија, тоа што го прави ЗАМП е само еден дел од сопственоста на едно музичко дело, а тоа се авторите. ММИ е јавува како заштитник на сопствениците кои инвестирале во производството на фонограм (ЦД, касета, плоча, сингл) и уметниците - музички изведувачи кои својот креативен дел го вметнале со својата изведба во споменатите носачи на звук.
Новиот обид на Министерството за култура да стави крај на превирањата околу наплатата на авторските права, уште повеќе ја револтираше јавноста. Со новата авантура наречена ММИ, освен медиумите, кафулињата, трошоци за изведената музика им се пресметуваат и на бурекџилниците, семкарниците, црквите, џамиите, фризерските салони, фабриките. Трите најголеми национални канали - Канал 5, Сител и Алсат-М од Министерството за култура побараа итно да се почне со измени на Законот за авторски и сродни права во делот на прибирање средства од корисниците на овие услуги и одземање на лиценцата за работа на ММИ, а подоцна им се придружија и останатите приватни медиуми од републиката.
Последните информации говорат дека за авторските права се заинтересирале не само ресорната, туку и поголемиот дел од министрите во Владата на Република Македонија. Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението на приватни медиуми најавуваат дека работите може да бидат многу појасни веќе наредната недела, за кога се очекува нивна средба со високи владини претставници во обид да се застане на патот на самоволието на ММИ и ЗАМП.