Македонија се пласира во финале на СП во куглање!

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
И во вториов двопар губиме, по се изгледа второ место за Македонија, сепак за историја успех

Magyarország-Macedonia
Kiss Tamás-Benedik Boris 3:0 174:165 (532:489)
Zapletán Zsombor-Sokolovski Aleksandar 2,5:0,5 156:132 (500:430)
 
Какви скапани сајтови имаат.. Веројатно некое 10 годишни деца им ги правеле. А информација за првенствово на ниеден амерички сајт не најдов, дури ни на Википедија нема. (n) Туку дајте глас, што направија нашите. :icon_mrgr:
 
Гледам првпат ваков спорт навивам а моментално не знам шо прајме битно ги бодрам нашите ... ххх чешит како и да е огромен успех
 
Изгубивме.
 
На здравје. Како и да е, не е мала работа ни сребрен медал. Честитки за успехот. (y)
 
Македонските куглари светски вицешампиони

Македонската машка сениорска репрезентација во куглање, постигна историски успех, освојувајќи го сребрениот медал на 5. Светско екипно првенство (СП), кое денеска заврши во унгарскиот град Залаегерсег

Во големото финале македонските куглари загубија од фаворизираниот домаќин со 1-7, откако неколку часа претходно го совладаа сега веќе екссветскиот првак Србија со 5-3 во поединечни сетови и само четири кегли повеќе (3.913-3.909), што впрочем е и нов државен рекорд на репрезентацијата.
Боите на Македонија ги бранеа: Сашо Трпковски, Борис Бенедик, Александар Соколовски, Урош Стоклас, Бојан Влакевски, Ибрахим Мемеди, Кристијан Костов, Мартин Тодоровски и Дамир Фучкар како играч и селектор, додека тренер беше Гргур Петковиќ.
Со овој успех, Македонија всушност е најпријатното изненадување на СП.

Вакви спортисти треба да бидат одликувани од државата и од агенцијата за млади и спорт. И во исто време таа агенција мора да вложува во овије спортови, пред се во куглањето бидејќи резултати има но за жал услови нема. Уште еднаш нека им е со среќа второ место!
 
Куглање е (еден од) спорт(овите) во кој што ги имаме најголемите резултати а најмалку се спомнуваат овие резултати во медиумите. Треба малку повеќе јавноста да биде запознаена со спортов и резултатите на македонските куглари бидејќи сме едни од светските кугларски сили.
 
Новинариве наши се неспособни да дојдат до повеќе информации и барем да стават некоја асална слика. Пола медиуми ја преземаа сликата што ја ставив во почетниов пост од лајф стримот кај што слават нашите. :icon_mrgr:

Јас успеав да ископам неколку слики од полуфиналниот меч против Србија за жал од церемонијата за медали нема слики уште веројатно ќе објават деновиве.











Правила за оваа игра http://en.wikipedia.org/wiki/Nine-pin_bowling
Инаку во Скопје има две кулгани во ГТЦ и во Борис Трајковски двете се класични 9 чуњеви па може некој веќе има играно од тука
 
Пред некој ден ги примил Хорхе нашите :icon_mrgr:

kuglari03.jpg


kuglari01.jpg


kuglari02.jpg


„Овој сребрен медал вреди како 100 златни. Целта беше само да ја поминеме првата фаза, што ќе беше исто така огромен успех зашто заминавме подмладени. А, момците предводени од искусните Фучкар, Бенедик и Стоклас, се надминаа себеси и стигнаа до големото финале. Во полуфиналето го поразивме и светскиот првак Србија која немаше пораз цели четири години“, рече претседателот на Кугларската федерација, Александар Бичиклиски.
„Сега е моментот да се популаризира овој спорт. Замислете, имаме буџет 100 пати помал од големите спортски федерации, само четири активни кугларници во цела земја, а станавме светски вицепрваци. Кога би имале подобри услови, доволно е само да ни ги откупат термините за тренинг, тогаш ветувам и поголеми резултати“, додаде Бичиклиски.
- И покрај тоа што сум освојувал повеќе медали, овој со Македонија на СП навистина ми е голем успех, уште повеќе ако се знае дека кога пристигнавме на СП не очекувавме ниту да се пробиеме меѓу осумте најдобри, освен ако сите коцки не ни се наместат. Но момците играа навистина блескаво и со врвна игра влеговме во осумте најдобри. Ги победиме и Австријците, но не со среќа, туку пред сѐ со врвна игра на сите куглари. Ми успеа да поставам и нов поединечен македонски рекорд со 703 соборени кегли. Го остваривме сонот и го освоивме првиот екипен медал. Не размислувавме за финалето бидејќи требаше да играме со Србија, која дојде како актуелен светски првак. Се договоривме да играме борбено, па и да загубиме, сепак, да покажеме дека умееме да кугламе. Ни успеа невозможното и направивме пресврт. Го оставивме срцето на теренот и славењето можеше да почне - вели Стоклас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom