Бремена?! - Чекај да дознае шефот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Celsius
  • Време на започнување Време на започнување
C

Celsius

Гостин
Испровоциран од една статија сакав да го осетам пулсот што преовладува моментално. Би сакал да дознаам вистински искуства околу ваквата дискриминација на работното место. Дали сеуште семејната состојба на големо влијае при вработувањето и самиот работен однос на жената во една организација? Колку ваквата состојба предизвикува уназадување во кариерниот пат на една жена и можеби споделување на некои корисни совети за луѓе кои допрва би се нашле во ваква ситуација.
pregnancy-work.jpg
Бременоста и самата нејзина појава се смета за еден од најсреќните моменти во животот во кои забораваме на немаштијата, минатото и несреќите, се фокусираме на позитивноста и убавината на самото доаѓање на еден нов член на овој свет. Или не? Да не беше тоа порано?

Жално но вистинито е дека во денешни услови се повеќе организации своите вработени интерно ги класифицираат на повеќе групи, некој ќе рече дискриминација, но како и да е тоа е сеприсутна појава во денешниот бизнис свет. Тука се судираме со многуте прашања на кои најчесто ги избегнуваме одговорите се додека не дојде оној ден кога веќе нештата неможеме да ги чуваме под перница.

Ете тука настанува непријатниот разговор во канцеларијата на шефот и најчесто истото резултира со исфрлање од работната организација.

За да го решиме овој проблем најпрво треба да одиме по постапни чекори. Сигурно не сакате да се најдете во ситуација каде што вашиот шеф ке ве исфрли од работа затоа што сте бремени, но со заобиколување на проблемот се додека не дојде денот кога неможете да се криете сигурно нема да реши ништо.

Вашиот шеф или надреден во секој случај од вашето прво стапнување во организацијата го следат вашиот напредок, можеби не ви изгледа така но вие сте дел од еден попросто кажано семеен систем. Затоа доколку се најдете во ваква ситуација спремете се и кажете го тоа јасно и гласно, можеби ви изгледа глупаво но колку го направите ова поскоро резулататите можат повеќе да бидат на вашата страна.

Не пребрзувајте со заклучоци и целосно ислушајте го коментарот на вашиот шеф, доколку имате примедби иснесете ги. Така и вашиот шеф ќе се чуствува покомфорен во текот на разговорот.
Доколку и ова не помогне имате уште едно решение – Основен Суд :) .

Запомнете, одреден период ќе можете да чувате се под перница, но нели спењето не е исто? ;)
 
Дали сеуште семејната состојба на големо влијае при вработувањето и самиот работен однос на жената во една организација?
Да.
И искрено ги разбирам работодавците.
 
Да Не е фер спрема жените али неможе он да и дава плата за 1,5 година колку време и да е а она дома со бебето :)Без навреди.
Кај ја откопа година и пол? Осум месеца е.

Тогаш чим оправдувате вакви работи, не трубете по други теми жените македонски не ви раѓале деца, end of.
 
Да Не е фер спрема жените али неможе он да и дава плата за 1,5 година колку време и да е а она дома со бебето :)Без навреди.

Државата ги плаќа парите за породилното отсуство не работодавачот, како и да е треба навреме да се извести шефот (а не последните месеци како што прават некој) со цел шефот да си најде и обучи соодветна замена да нема застој во работата. Сепак се работи за големи пари и никој не сака да ги губи поради несовесни вработени кои не информираат навремено..

И трае 9 месеци ако не се лажам не година ипол :)
 
dobro be kako mozes da zboris nesto sto ne go znaes???znaci ne plaka gazdata plaka drzavata
znaci drzavata e taa sto dava 8-9 meseci pari
zatoa sestra mi mu davase na gazdata okolu 10000den plus da i ubacuva na smetka kako plata nekolku meseci za da i se pokaci prosekot za da zima pogolema plata
znaci dokolku neznaete nekoj raboti ne komentirajte
ako neznaes prasaj ne lupetaj gluposti
i iskreno mislam 8-9 meseci se premalce za trudnicko boleduvanje
sestra mi vo praga e 3 godini na trudnicko boleduvanje i toa regularno ne so nekoj si problemi
 
Да Не е фер спрема жените али неможе он да и дава плата за 1,5 година колку време и да е а она дома со бебето :)Без навреди.

Не било фер спрема жените, а во исто време велиш не било фер и спрема работодавецот?Логика нема.А што ако жена ти е бремена и ѝ дадат отказ на работа, тогаш како ќе реагираш, ќе го оправдуваш работодавецот или пак жена ти?Па таа жена не е вечно отсутна од работа, таа е само отсутна во тој период кога треба да биде најмногу покрај своето дете.
Реалноста е: дури и да поминат тие осум месеци пак нема да биде пожелна на работа, од проста причина што за работодавците претставува веќе самото тоа дете „товар“ и препрека за жената да си ја врши работата и од овие причини таа е веќе „персона нон грата“ кај нејзиниот работодавец.

Не си правете филмови дека и после трудничкото дека ќе бидете посакувана личност.Се дур си му од корист на некого ќе бидеш за него важен.Тоа важи истото и за мажите од поинаква перспектива; ако си млад и имаш сила си корисен, ако не си млад и немаш сила те шутираат од работа.И остануваш без пари за да си го прехраниш семејството.
 
Знам за една жена која добила клоца последниот ден пред породилно… Во екс-ју фирмите чест е и случајот откако ќе се врати од породилно да не постои тоа работно место, да е зафатено и сл. Доколку вработената секогаш била коректна не гледам прчина за ваков тип на малтретирање, подобро да имаш секогаш +1 вработен отколку да постапуваш на овој начин со вработената.
 
Простете ми пишав без навреди и кажав мое мислење а иначе повеќе од 9 месеци е.
алооо, осум месеца е. Ти може си чул за некоја што била на патолошка бременост па ја фатило подолго.
 
Нема породилно затоа што законот вика вработена да биде најмалку осум мислам месеци дека беа, а работи со договор на дело од месец за месец или три месеци и се обновува дури не забремени, а кога ќе забремени едноставно не се продолжува договорот.
 
Не било фер спрема жените, а во исто време велиш не било фер и спрема работодавецот?Логика нема.А што ако жена ти е бремена и ѝ дадат отказ на работа, тогаш како ќе реагираш, ќе го оправдуваш работодавецот или пак жена ти?Па таа жена не е вечно отсутна од работа, таа е само отсутна во тој период кога треба да биде најмногу покрај своето дете.
Реалноста е: дури и да поминат тие осум месеци пак нема да биде пожелна на работа, од проста причина што за работодавците претставува веќе самото тоа дете „товар“ и препрека за жената да си ја врши работата и од овие причини таа е веќе „персона нон грата“ кај нејзиниот работодавец.

Не си правете филмови дека и после трудничкото дека ќе бидете посакувана личност.Се дур си му од корист на некого ќе бидеш за него важен.Тоа важи истото и за мажите од поинаква перспектива; ако си млад и имаш сила си корисен, ако не си млад и немаш сила те шутираат од работа.И остануваш без пари за да си го прехраниш семејството.
Нажалост така е.
 
алооо, осум месеца е. Ти може си чул за некоја што била на патолошка бременост па ја фатило подолго.
Не е осум, сепак е девет месец, со можност да се продолжи уште 3 месеци (до една година).
За раѓање на близнаци, породилното во секој случај е 12 месеци.
--- надополнето: 25 мај 2013 во 18:04 ---
Нема породилно затоа што законот вика вработена да биде најмалку осум мислам месеци дека беа, а работи со договор на дело од месец за месец или три месеци и се обновува дури не забремени, а кога ќе забремени едноставно не се продолжува договорот.
6 месеци најмалку пред отпочнување со отсуството
--- надополнето: 25 мај 2013 во 18:07 ---
Државата ги плаќа парите за породилното отсуство не работодавачот, како и да е треба навреме да се извести шефот (а не последните месеци како што прават некој) со цел шефот да си најде и обучи соодветна замена да нема застој во работата. Сепак се работи за големи пари и никој не сака да ги губи поради несовесни вработени кои не информираат навремено..

И трае 9 месеци ако не се лажам не година ипол :)
Жената нема никаква законска обврска да го известува шефот или пак некој надреден дека планира да основа семејство и да забремени. Напротив дури законот забранува да и се поставуваат такви прашања на жената работник.
 
Јас реков да го информира предпоставениот веќе кога знае дека е бремена, не предходно уште кога планирала. И да можеби законски нема обврска но ако е професионална во работата ќе го извести уште пред да почне да и се приметува (а има многу и што тешко им се приметува дури и во подоцнежна фаза) со цел како што реков да имаат време да најдат соодветна замена зошто сепак пари се во прашање ако е на важна функција.. ако не го информира она на време и баш и е гајле за фирмата каде што работи зошто тогаш на предпоставените и им било гајле за неа откако ќе ги заврши породилното, може да ја избркаат..
 
Не било фер спрема жените, а во исто време велиш не било фер и спрема работодавецот?Логика нема.А што ако жена ти е бремена и ѝ дадат отказ на работа, тогаш како ќе реагираш, ќе го оправдуваш работодавецот или пак жена ти?Па таа жена не е вечно отсутна од работа, таа е само отсутна во тој период кога треба да биде најмногу покрај своето дете.
Реалноста е: дури и да поминат тие осум месеци пак нема да биде пожелна на работа, од проста причина што за работодавците претставува веќе самото тоа дете „товар“ и препрека за жената да си ја врши работата и од овие причини таа е веќе „персона нон грата“ кај нејзиниот работодавец.

Не си правете филмови дека и после трудничкото дека ќе бидете посакувана личност.Се дур си му од корист на некого ќе бидеш за него важен.Тоа важи истото и за мажите од поинаква перспектива; ако си млад и имаш сила си корисен, ако не си млад и немаш сила те шутираат од работа.И остануваш без пари за да си го прехраниш семејството.
Со други зборови работникот за газдата е потрошен матерјал.
 
Јас реков да го информира предпоставениот веќе кога знае дека е бремена, не предходно уште кога планирала. И да можеби законски нема обврска но ако е професионална во работата ќе го извести уште пред да почне да и се приметува (а има многу и што тешко им се приметува дури и во подоцнежна фаза) со цел како што реков да имаат време да најдат соодветна замена зошто сепак пари се во прашање ако е на важна функција.. ако не го информира она на време и баш и е гајле за фирмата каде што работи зошто тогаш на предпоставените и им било гајле за неа откако ќе ги заврши породилното, може да ја избркаат..
Затоа што тоа им е законска обврска, а не нечиј избор, уште помалку пак израз на добра волја.
 
21 век друже капитализам ;) ќе ти најдат и најситна грешка и тоа ќе биде доволна причина за те избркаат од работа, поентата е да не дојде до терање на инат инаку се знае кој е во предност. Затоа најдобро коректност и од двете страни за да нема оштетени од двете страни, ем она ќе си заврши со породилно ем фирмата каде што работи ќе има непречена работа..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom