- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Не е до ќотек, туку недостаток на воспитни шамари, а со тоа и непочитување на самиот наставник. И заради ова наставниците, не се ни трудат да постигнат нешто, бидејќи знаат дека на крајот од денот, пак овие размазени деца ќе добијат повеќе од што треба. А размазени се поради недостаток на ќотек. Незнам која генерација си, ама сигурно од баба, дедо, мајка или татко имаш слушнато, како биле тепани од учителите ако не знаеле, а уште повеќе од своите дома, ако им пренесе учителот, а сега тоа го нема.Мислиш дека до ќотек е работава што не учат денешниве деца ?
Учителите не се криви, едноставно новите реформи на 90-тите наваму им ги врзале рацете и што да прават, не смее да има повторување на година, не смее да има бркање од час и ред други работи, што си беа многу нормални и мал број на деца во еден клас прават циркус од часот и учителот не смее ништо да направи во врска со тоа и затоа никој од нив не се замара, нека врват така нека им поминат годините ќе дојдат 18, а нема да знаат пола страна текст да прочитаат или да гугнат англиски, ама тогаш нормално пак се криви учителите оти не обрнале внимание.
Затоа треба да се врати тој воспитен систем од комунизам, бидејќи давал добри резултати, да има некои со врски и ред други лизни мазни протекции, ама тешко да некој се провлекол 11 години низ образованието неписмен, колку толку барем описменет бил.