Екстерно тестирање - па што?

Епа може. Што не може во оваа наша чудесна земја?
Имавме предавања во школо од скоро сите факултети...и скоро сите го нагласија тоа. Дека може да се запишат со школска матура.
Посебно Земјоделски, убаво објаснија да не се плашат учениците дека нема да ги примаат без државна :tapp:

Во државна квота?
 
Имам пробни ектерни тестови со по 15 прашања. Си бираш предмет и се уклучуваш, одговораша и ти кажува кој се точни. За тие што прават екстерно можат таму да си вежбаат. Кој сака нека пише ПП, ќе му дадам кој предмет е.
 
ПИСМО ОД РЕВОЛТИРАН ГИМНАЗИЈАЛЕЦ ВО ВРСКА СО ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ

Писмото ви го пренесуваме во целост

Можеби преекспонирана тема во последно време е екстерното тестирање, кое пред се би требало да ги загрижува професорите, поради тоа што неговата првенствена цел како што беше соопштено беше проверка на објективноста на оцените. Како и да е, начинот на којшто беше спроведено би требало да има и последици врз нас, учениците. Содржината на овој текст нема директно да плука на самата идеја и нејзината реализација, туку токму на содржината и тежината на материјалот по кој требаше да бидеме оценети.

Ќе ги изоставам и примерите кои ни беа дадени, место да направиме сите пробно тестирање по самиот предмет, поради тоа што тие немаа ама баш никаква врска со самата содржина на тестот, туку единствената намена им беше да ги скротат страстите на учениците, професорите, како и родителите да не се побунат против ваквата „инвентивна реформа која ни гарантира подобро образование“, со тоа што им го претставија овој тест како нешто прелесно, кое би се решило од општа култура. Јас сум одлична ученичка во една од елитните скопски гимназии, а на 29 мај бев тестирана по предметот историја, воедно омилен предмет, предаден на солиден начин, по кој уште од прва година имам 5. Мојата оцена е објективна споредбено со материјалот кој ми беше предаден, истиот материјал кој без тешкотии го владеев и на самото тестирање.

Па така без трема и со мирна совест си ги внесов податоците, очекувајќи уште една проверка на знаење. Трета година сум, материјалот кој се изучува е со акцент на двете светски војни, како и за конструирање на Македонската држава, круцијален за образованието на Македонците, а и сите граѓани на оваа земја. Како и да е, уште од самиот почеток на тестот, јас бев негативно изненадена. Од 30 прашања, САМО 15 беа од материјалот кој го учев изминатава година! Во тие 15 беа опфатени Македонија, двете светски војни, неколку битни настани за Македонската држава, како и една дефиниција на битен идеолошки термин. Останатите 15 беа на материјал кој не беше воопшто изучен, а како што ни беше кажано, ниту стоеше во програмата на нашите професори, материјал околу конструирањето на Албанската држава и навлегување до најситен детаљ во историјатот на нашиот западен сосед. Несомнено поопфатен отколку историјата на сопствениот народ.

Дали на ваков начин ќе имаме прогрес во образовниот процес? Со поставување прашања од непредаден материјал, кој НАМЕНСКИ е отфрлен од програмата по историја во македонските гимназии? Отфрлен за да имаме повеќе време да се посветиме на светската историја, како и за НАЦИОНАЛНАТА. Уште од старт се помирив дека 50% од тестот ќе го решам на среќа, знаејќи и дека кога ќе излезам од просторијата, одговорите на тие прашања нема да имаат никаква важност за мене, како и за мојата држава, а ниту се прашања од „општа култура“ , кои имаат некаква врска со поголемиот дел од светската историја. Тоа беа прашања кои ја засегаат единствено Албанската етничка заедница во оваа земја, а тој материјал вметнат во нашите учебници е наменет единствено за нив.

Како можеше да се случи во годината кога историјата е наменета токму за да не запознае со потеклото и формирањето на оваа млада држава, и објективната оцена добиена по таков материјал, да не биде воопшто земено предвид кога станува збор за екстерно оценување по вакви содржини. Од друга страна, 50% од прашањата да се крајно неповрзани со матичниот народ, а најголем дел од нив да немаат никаква нишка со нашата земја. Дали е ова намената на тестирањето? Да се стави сопствениот народ во заден план и да се форсира изучувањето на Албанската историја? Како нашата младина би била патротски насочена, кога овие тестови докажаа дека познавањето од историјата на нивната држава не им е од никаква корист во нивното образование. Можеби поентузијастични треба да бидеме кога станува збор за оние (вештачки или не) 25% во нашава земја.

Како ученик кој со години уживал во овој предмет, се чувствувам крајно оштетено од содржината на овој тест, а исто така сметам дека не само кај мене, туку и кај моите соученици ќе се јави само поголема аверзија кон историјата на нашиот сосед. Резимирајќи, ваквиот начин на оценување би довел единствено до РЕГРЕС на нашиот образовен систем. Ова мислење верувам дека е поддржано од многумина на моја возраст.

Пишува: А.Б.

Од тука : http://www.fakulteti.mk/news/13-05-...aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582

Може некој да го потврди ова ?
 
Да,точно е..Ќерка ми е 8 одд.и кај неа на тестот имало прашања од лекции за Албанија кои воопшто не ги учеле..И она беше комплетно збунета,бидејќи им било кажано дека нема да имаат прашања од тие лекции..Во друго средно училиште исто така имало прашања од лекции кои воопшто ги нема во нивниот материјал.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 20:11 ---
Ако мислиш вака, подобро не проверувај какво е екстерното тестирање насекаде во светот.Прогуглај како е во УК и што е тоа ГЦСЕ.
Е да,во светот е така како што е...во право си...НО!!! Многу ме интересира,дали во светот имаат наставничка по македонски јазик(во основно училиште)со завршен земјоделски факултет?! Или,наставник по историја,кој појма нема кој бил првиот претседател на Кина после 2 св.војна,па морал да проверува на интернет?!?Има уште мал милион примери...
 
И во Корчагин пола од прашањата историја биле од лекциите за Албанците...а тие не се учат таму (а мислам практика е секаде каде што учат Македонци). И обратната ситуација се случува.

Интересно било на математика, баш во училиштето каде јас учам (барем уште некое време :D). На 16 минути до крајот на тестот, системот се закочил, се откочил по 12 минути и останале само 4.
 
Значи децава ги тестирале по Албанска историја гледајќи ги писмата од децата по сајтовите? До кај стасавме.
 
Слушнав за ова вчера и реално најдобро е да се викаме Дизниленд, која црна Македонија?!
Кој морон, кретен, идиот, кој нормален човек го прави ова? Нека ми одговори некој од шпиуниве нивни што трчкаат по форумов, молам.
Сега албанските просеци ќе излезат подобри од нашите и уште толку ќе ја наполнат администрацијата со гована. Браво за педерите, пак да ги гласате и да кукате!
 
Значи децава ги тестирале по Албанска историја гледајќи ги писмата од децата по сајтовите? До кај стасавме.
не бе еве глеј на форумов викаа топ било екстерното, децава требало да се стегнат и да учат :pos: чим им е супер нека си полагаат.


стварно било благослов да си наивен
 
не бе еве глеј на форумов викаа топ било екстерното, децава требало да се стегнат и да учат :pos: чим им е супер нека си полагаат.


стварно било благослов да си наивен
Кога имаме таква нечујна младина уште од 15 години по штабови нека ги тестираат. Камо масовен протест? Барем они без никаков проблем можат да излезат на улица.
 
Кога имаме таква нечујна младина уште од 15 години по штабови нека ги тестираат. Камо масовен протест? Барем они без никаков проблем можат да излезат на улица.
од тие што излегле, на дечкото што ги водел животот сега му е пекол. Татко му го отпишал од училиште, му се јавувале по телефон да му се закануваат. Така прочитав.
 
Масовен протест во Македонија?! Ооооооо Божееее!!! Па пробаа децата...И!? Кој беше виновен?!?! Б.Ц.?! СДСМ?! Времето!? Уште полошо,сами се плукавме,нели?! По весници,да седнеле да си научат,дека имале подарени оценки...Срамота!Македонче е тоа,за жал,историски докажано...Со кое право му се заканувале на детето?! Ако беше се како што треба,како тоа одеднаш министерот си поднесе оставка?! Мнооогу работи има за решавање,од корен...Ова се само последиците од долгогодишното систематско уништување на се...почнувајќи со образованието,кое е основа на се,на еден народ,на една држава...
 
Од соседи мои чии што деца учат во Корчагин, дознав дека во Корчагин имало и среќлија Македонец на кого му се паднале дури 23 прашања од вкупно 30 прашања на екстерното тестирање по историја во средата, 29 мај 2013, а професорите го гледале со жалење, свесни дека не е запознаен со содржината за која треба да одговара.

Баш ме интересира што промовира актуелната влада на Република Македонија ?

Од една страна фрлаат пари за споменици со кои наводно ја величат македонската историја и историјата на македонскиот народ, а од друга страна ги тераат средношколците да полагаат екстерен тест по туѓа историја.
 
Екстерното е само превенција на толку "добрите" реформи што се спроведоа овие 20-тина години. Зошто во комунизамот немало екстерно ?
И тогаш како и денес петки добивале деца на повидни луѓе, со таа разлика што тогаш тие деца биле 2-4 во еден клас, денес некако е деградирано да се биде учител и бројот на тие деца некако е скокнат на пола клас, а со тоа и останатите деца од класот добиваат помалку протекција.
Јас ја имав таа среќа да завршам по тие програми, почнав основно точно во 91-ва, средно 99 и факултет 2003, реформите ги спроведоа барем за една година покасно. Повеќето од децата што ќе завршат немаат основна писменост, а зошто ?
Не се паѓаат година, не добиваат воспитни и учителите немаат раат од нив бидејќи мислат дека се можат да направат.
Прашајте ги вашите мајки и татковци, или баби и дедовци каков ќотек имаат јадено ако немаат научено лекција или не биле мирни на час и тоа 2 пати еднаш од учителот и еднаш од дома.
И едно екстерно, нема ништо да смени бидејќи тој што знае знае, тој што не знае 2.
Мислиш дека до ќотек е работава што не учат денешниве деца ?
 
Јас сум против заради тоа што крајната оцена се формира од многу повеќе работи, од активност на час, домашни работи, проекти, работа во групи. Значи некој може да знае многу али ако не бил вклучен во тие активности, не носел домашни работи, не правел проекти според мене не заслужува 5ка. Тогаш што се криви другите ученици да ги прават тие активности? А на ова тестирање како вакво апсолутно не може да се види дали оценката е заслужена или не. Сега од една страна демек следат некој систем за на учениците и студентите да им е полесно, колоквиуми, полугодишни тестови, прокетни задачи, домашни работи за да не се тестирани/или да полагаат се одеднаш нели, а потоа еј во ред ама мора и крајно тестирање. Се враќаме на системот каков што бил кога учеле многу постари генерации, изучи се и на крај еден единствен тест. Нека се одлучат како сакаат децата да бидат тестирани за знаење, не може се- и парцијално полагање и едно цело на крај. Ако има крајно тестирање тогаш не ги замарајте децата со полугодишни тестови, со домашни, со глупости. Тогаш на крајот ќе се види кој учел (за себе), кој не учел и кој каква оцена си заслужува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom