Сметам дека мудроста е кај старите или барем постарите лица.Имале повеќе време да научат некој работи кои младите нема никогаш да ги научат или тек сега ќе треба да ги учат.Кога станува збор за филмски лик,како што е прикажан во филмот,а тоа оди или според само сценрио или според книга и според тааа книга е правено сценриото,или некоја приказна,народна приказна,нечиј живот и сл.Овој лик за кои ќе напишам ,,неколку збора,, излегол од сценарио кое е пишувамо според книга,а тоа е Албус Дамблдор,лик-јунак од истоимениот роман и филм-Хари Потер.
Тој му објаснува многу работи на главниот јунак,за тоа што би требало да направи,но и да размислува со сопствена глава,а тоа писателот го упатува и кон нас читателите.Исто така тој лик ,според книгата, се смета за еден од најдобрите и најпаметните волшебници на сите времиња,но не станува само за умствената моќ,туку и за дадениот труд за да се постигнат врвовите во кариерите на луѓето.Но исто така се укажани и грешките на човекот кои ги прави,затоа што и најпаметниот и најдобриот не е совршен,поради неговите желби за постигнување на сопствена кариера семејството го ставил на второ место,а сите знаеме која е најголемата подршка на еден човек,пријателите и семејството.
Со сето ова што го набројав како позитивни и негативни карактеристики,иако излетав малку од дадената тема,сакав да ги кажам и останатите причини-човекови маани и позитивности,како карактерни особини за да се стигне кои врвот треба да се помине некој бодликав пат или од сите раскрсници во животот да се погодат вистинските патишта.
Ќе преживеат најхрабрите,најитрите и најспремните,а не најпаметните,но оваа човеково карактеристика не смее никако да се потчено ,но и не смее да се уназади односно запостави ,напротив треба само да се обновува со нови знаења.