Ultimate Frisbee - нов спорт во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Mozok
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 мај 2013
Мислења
150
Поени од реакции
38
Се работи за спорт кој типично е непознат за Македонија.Како еден мал вовед.Се работи за спорт кој потекнува и е доста популарен во Америка и Австралија. Тоа е една верзија од Американски фудбал (рагби) но се игра со #disk наречен фризби и нема такви судари како еден вид насилство како што е познато кај рагбито..Исто така овој спорт е игран и во Европа но и кај нашите соседи како што е Бугарија,Србија,Хрватска,Босна и Словенија.Овој спорт може да го играат сите безразлика на пол и години.Тоа е таков спорт кога и да почнете можете да се приспособите и да бидете најдобри не е како фудбалот дури на 15 години да почнеш да тренираш фудбал има 9 годишно дете кое ке ве растуро во фудбал.Овој спорт не подлежи под финансии и не е скап само ви се потребни патики,шорцеви,маичка и добра воља за да пуштите во акција.За повеќе информации можете да погледнете на Јутјуб а веќе е креирана фан страна на фејскуб гласи "Ultimate Frisbee team Skopje". Кој и да е заинтересиран секој е добредојден и се надеваме на популаризација на спортот кај нас.За контакт како за почеток на фб фан страната пишете порака во инбокс.Ве очекувам да ни се приклучите на нас, ќе играме, дружиме и забавуваме. :pipi:
--- надополнето: 13 мај 2013 во 01:14 ---
http://vimeo.com/46798349 Мжете да го погледате видеово како лолесен начин на запознавање со спортот. Уживајте
 
Интересно нешто но не верувам дека ова би прераснало нешто во некој популарен спорт ... нема нешто премногу енергија во него ...

:)
 
Напротив, за овој спорт треба фул кондиција.Тоа се стекнува со тренинзи. :D Факт е дека Македонија е подрачје каде што народот не прифаќа новини и дека е "Simple brain" и се што е ново од страна се игнорира но сепак ќе треба повеќе труд.
 
Обожавам фризби. Имав прилика минатото лето еден американец да ме научи на некои трикови за да ни биде поинтересна играта и да не биде само обично подавање на дискот еден на друг. Ова со натпреварот клипов првпат го гледам. Ако стварно успевате да се организирате и да се играте онака рекреативно, браво!
ПС. Кој ви вели дека ова е пасивен спорт? Пробајте да играте со некој што не знае правилно да го држи дискот па ќе видете како ќе се испотите од трчање лево десно :)
 
Сите заинтересирани нека ми пишат порака на прифолов.
 
Омилената играчка од детството, не знаев дека имало и натпревари, браос..многу јака работа :)
 
Гледам се заборавила темава... Спортов го активираме повторно, овој пат посериозно :). Ако има некој кој сака да игра и да се дружи нека пише!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom