Зошто Македонија нема „Google Street View"?

  • Креатор на темата Креатор на темата bube
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли Стрит Вју-то да забега накај Харачин, има да се изнагледаме брашно, бело робје, калаши и малборо мејд ин подрум на угнетени малцинства. Кај смее тоа во јавност да излезе.

Ете затоа нема ваква направија кај нас.
 
Австрија мислам дека нема,Грција нема...од тие појаките земји.
Инаце ова стрит вјуто во последно време ми е главна занимација си шетам секаде.Наоѓам некои паланки кои се во пм па лево и си гледам како е таму :D
 
Што е со Германија и Австрија. Зошто немаат?
 
Зошто ? Оти ко ќе поминат со камерите кај мене низ улице, ќе му ги снема. Е затоа.
 
Од страна на Влада на РМ е све направено, сега само се чека на Гугл и на Пејпал.Само што није. :pos:
 
Земја која ја нема во најновите информатички технологии нема што да се надева од туризмот. Доаѓа турист во Македонија, вклучува навигација и:
„ Ин дис кантри и но навигејшн авелибл!„
„ Но информејшн абаут поинт оф интерест, ресторанс, хотелс, мост визит плејсес итд.„

Колку што знам јас Том/Том имаше интерес да ја изготви навигацијата во замена за ексклузивни права, ама ништо од тоа изгледа. Не им се давало рушвет изгледа.......

А колата и точакот за гугл се почто зашто, а и обработката на податоците е мачји кашаљ со ГПС подршка и лок. информации. Нема кој да гурне само изгледа.......
 
Шо ќе снима кај нас, дупки на патот?.....ке гледа некој ке речи просиме за асфалт да ни дадат :D
 
Москва има, Киев има, Скопје 2014 нема...............:tapp:
 
Ете конечно сите маки и проблеми ни се решени,
Инфраструктурата ни е за мерак, патишта, автопати се е тата мата средено, социјален, економски, здравствен, образовен, ваков, таков, онаков систем се си е како подмачкано,
САМОООООООО уште Гугл вју-то ни остана и ни мува ќе не лази, ни топ ќе не бие :свиркам:
 
Ете конечно сите маки и проблеми ни се решени,
Инфраструктурата ни е за мерак, патишта, автопати се е тата мата средено, социјален, економски, здравствен, образовен, ваков, таков, онаков систем се си е како подмачкано,
САМОООООООО уште Гугл вју-то ни остана и ни мува ќе не лази, ни топ ќе не бие :свиркам:

Па у праву си слушај, пред да се средат патишта,економија, образование итд. не треба да има ни дигитална телевизија, ни ХД , ни интернет, ни мобилни, ни ибеј, ни пејпал, ни кредитни, ни информатичко општество, плаќање и термини преку мобилен итд.

Мора да се иде све по ред, а до тогаш дај да се вратиме на црно бели телевизори.
 
Боље да нема.Резил улици и ѓубре,распаднати фасади и контењери на тротоари..Тоа ли треба да има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom