Кико Д.
ULTRAS - way of life
Не знам да ти кажам право. Јас не барав ич, директно заминавме кај луѓе шо се познаваме и таму беше 10 евра. На друго место не ни прашав.Значи не се баш ефтини цените, а има ли сместување за околу 7 евра ?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знам да ти кажам право. Јас не барав ич, директно заминавме кај луѓе шо се познаваме и таму беше 10 евра. На друго место не ни прашав.Значи не се баш ефтини цените, а има ли сместување за околу 7 евра ?
Будва пријател е преубаво место. Нема да зажалиш воопшто. Местото е буквално за стари и млади зависно од тоа што бараш. Цените се малку поскапи од Македонија, но сметај дека таму повеќето од туристите се Срби и Источна Европа. Не може да е многу поскапо од нас.У план ми е за летово па ме интересираат цените во Будва. Сместување(близина на центар или центар), пиење(од маркет и во кафич), јадење(во ресторан, сендвичара или слично).
Велес нема аеродром исто како и Котор што нема плажи.Скапо е во Будва, јас не би одела таму на одмор, плус уште од сега е хаос, за сезона јули,август не сте свесни што е тоа.
Петровац е фино, ако не ти се парите проблем, Сутоморе е исто да кажам џабалук, ама и таму е гужва и премногу турбофолк, мрсни хостеси по корзото сутоморско, и мириса на скара колку сакаш
Мене лично Будва не ми се допаѓа, ни за живот, ни за одмор.
Ако одиш за ноќен живот тогаш ок, ако одиш да одмориш и заради морето, подобро некое помирно место, кај што нема бука и вика, како Чањ на пример.Котор е убав, поскап е од Будва, вреди да се види и доживее тој град,незнам какви им се плажите, знам имаат некои приградски населби ваљда, Прчањ, Столив и да има таму добри плажи, еве @Saladin знае подобро за таму.
Тоа и сакав да кажам, Трокадеро почна да рине веќе во Будва уште пред еден месец носат певаљки од ш категорија и трешти цел град на турбофолк од сите страни си сардисан.Велес нема аеродром исто како и Котор што нема плажи.
Буквално нивните плажи се како понти, водата што е шовеќе накај градот повеќе мириса на канализација. Црногорците реално пробуваат да го намалат овој проблем со години и до некаде им успева покрај фактот кога им доаѓаат по 3 крузера неделно. Прчањ е подив за разлика од Маровиќи, Љута, Ораховац. Целиот залив повеќе има историска суштина него ли да се бањаш во него иако можеш и тоа да го правиш (што подалеку од градот тоа подобро).
Будва е селендра во билокаков смисол. И за журки Котор ја шие пошо целиот шљам се собира во Будва, сите кичерај срања, за разлика во Котор имаш избор иако поскромен. Едино добра ствар се денови на театарот во Будва. Ако сакаш журки и ѓускање истите ги имаш во цел балкан, тоа не е вид на журкање.
Абе секогаш зависи што бараш. Сутоморе го знам од своето оснивање коа беше мало место и сега ко 10годишно дете накљукано со стероиди. За жал ќе ја има истата судбина како Будва иако и у суштина нема градско насеље во него за разлика од Будва. Штета што ќе ги заебат плажите, доста добри беа таму едно време додека турбофолкот не беше во толкав подем.Тоа и сакав да кажам, Трокадеро почна да рине веќе во Будва уште пред еден месец носат певаљки од ш категорија и трешти цел град на турбофолк од сите страни си сардисан.
Сутоморе ми е мини Будва, и таму премногу турбофолк на изволте значи ништо асално, само за сељаклукот има. Плажата сутоморска е добра, ама немаш каде пешкир да ставиш од гужва, ни каде да поминеш. Абе, мене ако ме прашуваш, Шушањскава плажа најмногу ми одговара, дека нема гужва и Бар си е град без ноќен живот, значи полош од Велес што се тога тиче, типично пензионерски град![]()