Ај да разберам некој друг да шерифува по темиве, ама модератор тоа да го прави и притоа никако да не помогне, е тоа.....
Другар, ја би те советувал одело да не купуваш, ќе се заебеш. Што дека јас за матурата фрлив 8-9000 илјади денари кога оделото ми стои во плакар веќе 3 години, собира прашина и ниту еднаш од тогаш не сум го облекол. И јас сум апсоловент и сега не планирам да ја направам истата грешка како во средно. Како што пиша некој погоре-панталони, кошула (за машна прашање-не е некоја епска одлука тоа), кондур-патики и сако или како што сите милуваат да кажат со еден збор-ПОСПОРТСКИ.
Пошто
palpem праша кај ке славиме, ние ке бидеме во Александар Палас, 1500 денари и сите влегуваат во нарачките (така нешто спомнаа на факултет), после тоа се продолжувало во некоја дискотека, уште не е утврдено која поточно, до понеделник ке се знае. Не е нешто висока цената ама во споредба со средно матурата, кога за 50-60 евра имавме 3 дена во Охрид плус All inclusive ова е прескапо али шта чеш.