Тоа што го зборува овој Севиџ на видеото е обично политичко мрсомудење. Пари, буџет, па како сте дозволиле да се случи, одговорност, уа шнајдери... ништо суштински значајно, обична политичка реторика.
Алекс Џонс не е ни за коментирање...
Би се согласил со тебе, но ни јас ни ти не сме биле во негова кожа за да знаеме како му е на него и од каде ги извлекува своите ставови. Освен ако ти живееш во САД, тогаш извини бидејќи те спомнав и тебе кога реков дека не сме биле во негова кожа. И не заборавај дека типот ги има 71 година, дефинитивно е израснат и живеел во Студената војна, но многу работи кои го имам слушнато да ги каже, се докажале како вистинити, особено за домашната американска политика, но да не навлегувам во детали, ќе го оптоварам форумов.
Човекот е незадоволен бидејќи се трошат над 1 билион американски долари (тоа се илјада милијарди, а не 1 милијарда како што некои мислат, тоа што на англиски се изговара билион, на македонски се изговара милијарда = илјада милиони, а тоа што на англиски се изговара трилион, на македонски се изговара билион = илјада милијарди, измешан речник, ама тоа ти е) за домашна безбедност, а особено после терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, дефинитивно американската влада има причина зошто да биде загрижена за домашната безбедност, но очигледно не си ја вршат работата како што треба.
Причината зошто го почитувам Севеџ е бидејќи не е член на ниту една политичка партија и е безмилосен кон сите политичари, никого не поштедува од критика, без разлика од која политичка партија е и без разлика дали е на власт или во опозиција, не секогаш го земам сериозно во предвид неговото мислење, на крајот на краиштата, и тој е човек, и тој има право да греши.
Очигледно погрешно си го разбрал Севеџ, тој не е политички коментатор, туку е радио водител и го искористува до максимум своето право да критикува и да го изразува своето лично мислење за било што, без разлика дали располага со конкретни докази или не, и речиси секогаш го завршува изразувањето на своето лично мислење со реченицата:
" That's one man's opinion. "
" Тоа е мислење на еден човек."
Кога велиш дека Севеџ треба да се воздржи од правење стереотипи, повикуваш на политичка коректност, а Севеџ е заколнат непријател на политичката коректност, исто како и јас, така да, твојот повик за воздржаност нема да стигне ни до него, ни до мене, бидејќи лично верувам дека имаме доволно пристрасност во таканаречените независни медиуми. Севеџ е човек без влакна на јазикот и затоа го почитувам, и покрај тоа што не се согласувам секогаш со него.
Кога сме кај мерките кои ги превзема американската влада, да, дефинитивно станува реалност новелата 1984-та на Џорџ Орвел, проблемот е во тоа што човештвото е доволно наивно и глупаво за да верува дека бидејќи денес нема варвари и готи, ги нема нацистите и останатите агресори од минатото, по автоматизам, Орвеловиот кошмар нема да стане реалност.
Токму американскиот адмирал Хасбенд Едвард Кимел, кој бил задолжен за одбраната на американската воена поморска база Перл Харбор на Хаваите, рекол:
" Паметниот непријател удира таму каде што мислите дека сте најбезбедни. "
Кристално истото важи и денес.
Терористите не ги регистрираат огнените оружја со кои убиваат невини луѓе, не возат автомобили со GPS уреди и со црни кутии, многу полесно им е да ги украдат бидејќи вообичаено им требаат за само една употреба, поради што ваквите мерки за домашна безбедност во САД нема да вродат со никаков плод, а бостонските експлозии се само уште еден доказ за тоа.
Убаво вели Севеџ на крајот од аудио записот:
" Get your eyes and your drones off the american people, you schmucks, and turn them on the people who wanna hurt us. "
" Тргнете ги вашите очи и вашите дронови од американскиот народ, вие идиоти, и насочете ги кон луѓето кои сакаат да не повредат. "
Американскиот генерал, а подоцна и претседател на САД, Двајт Ајзенхауер, убаво рекол:
" Ако сакате да бидете безбедни, одете во затвор. "
Сето ова доволно говори колку американците се навистина безбедни и колку американската влада може да им пружи домашна безбедност на нив.
Во целост се согласувам, нешто је труло у држави Данској и болесно.
Маргарет Тачер е една од ретките политичари кои Севеџ ги почитува, во моментов нејзината Конзервативна Партија не ужива апсолутно никаква почит кај Севеџ.
Многу глупаво е да споредуваш било кој македонски политичар со Маргарет Тачер. Конкретните македонски политичари кои ги спомна, во 2001 година потпишаа договор со кој прифатија менување на Уставот на Република Македонија со цел одземање на статусот кој македонскиот народ го уживаше како конститутивен народ во Република Македонија.
За разлика од македонските политичари кои немаат тестиси да се спротивстават на глобализацијата, Маргарет Тачер се спротивстави на воведување на еврото во Велика Британија, а денес Британците имаат причина зошто да и бидат благодарни, бидејќи со денешната економска криза во која се наоѓа Велика Британија, ако денес Велика Британија го користеше еврото како своја валута, ќе го кркаа стапот Британците како што го кркаат државите свињи PIGS - Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија. Маргарет Тачер поднесе оставка во 1990 година не под притисок на опозицијата или под притисок на сопствените граѓани, туку под притисок на сопствените сопартијци, кои својата глупавост ја платија со изборниот пораз на парламентарните избори во 1997 година. Маргарет Тачер беше типичен пример за премиер кој не попушта пред никого и игра на се или ништо и тоа е заслужно за почит, за разлика од македонските политичари, кои се подготвени и сопствените мајки да ги продадат за да си ги спасат сопствените задници.
Јас ја почитувам и ја охрабрувам индивидуалноста, а не еднаквоста, бидејќи на фудбалски натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Работнички, еден ќе си замине како победник, а друг ќе си замине како губитник и по автоматизам нема еднаквост. Сите сме еднакви пред Бог, а на Земјата сите сме различни и не можеме да постигнеме еднаквост по ниту еден основ, освен по глупавоста, иако за волја на вистината, и на тоа поле дебело си конкурираме едни на други.
Но главната причина зошто го објавив аудио записот во оваа тема на форумов, е реакцијата на Севеџ, особено кога ги изговара изразите бескорисни (worthless), пензионери (pensioners), и кога изговара "си ги пребројуваат пензиите" (counting their pensions).
Можеби Севеџ греши за бостонските експлозии, но неговото урлање доаѓа од неговата душа, а не само од неговата уста, поретко го слушам откако се префрли на Cumulus Media Networks, бидејќи откако се префрли, неговото радио ток шоу се емитува од 3:00 часот по полноќ до 6:00 часот наутро по македонско време и тотално бесмислено е да си го уништам сонот поради Севеџ и неговото радио ток шоу, а преку ден немам многу време за да ги слушам репризите, но во вакви околности правам исклучоци и задолжително ги слушам репризите.