Кошула и чевли за матура

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Оваа е посебна тама за Матура.Време е за Матура.
Го осеќа ли човекот правото време за Матура. Мајка ми овој чин за полагање
на последниот испит за вечната Матура си имаше се спремено предвалително
не чекајќи го последниот момент,кога може и ќе нема време да се спреми, а и
не сакајќи други тогаш да трчаат по трговијата,имајќи и онака обврски тој ден.
Иако имаше само две оделенија во српско и уште толку во бугарско основно
образование,таа со успех ја положи последната Матура од каде нема враќање.
Поточно и никој и не е вратен од таму ако веќе му се све спремени документите.
Од време на време имаше обичај и да си провери дали е се стокмено во
шивоњерот како треба и дали нешто фали и ако треба да докупи-дополни за
таму, овој пат и долгоочекувана Матура,а имаше и одвише во што се уверивме
при испраќањето.А понекогаш си знаеше и да ги замени кесичките со нафталин.
---------------------------------------
На времето кога се уште Господ и Тито одеа по земја,јас често одев за Гејлада
и купував разни нешта.Во наш Солун се разбира.Таму продавачите со мерак не
чекаа и не ценеа многу, и на врата не дочекуваа и под мишка не водеа во дуќаните
и на ниво и под ниво на улицата Игнација. Без Узо и маслинки не се враќав никогаш.
Така шетајќи еден грекос ме внесе во неговиот дуќан откако ме примети дека
зјапам во излогот. А зјапав во убавите и ефтини чевли. Црни лаковани,како што се
носеа во 70-тите год. од минатиот век. Ми се бендисаа најповеќе поради цената,
која беше за 10 пати поефтина отколку во другите дуќани.И не ги ни пробав оние,
кој грекосот ми ги подаде, само му велам: „Дај два пара од овие“ про тоа прчејќи се
демек еве јас имам пари и купувам што сакам за матурата која наближуваше,а тој
ќе мора по цел ден да виси пред врата за некој си пари. А тој сиот радосен што му
земам два, па ми става и подарок во убавото гејско кесе со реклама Малборо.
Тогаш кај нас се уште немаше такви најлон кесиња па мајките ги шиева вреќичките
од прашаокот Факс во торбички или уште беа во мода италијанскине мрежи-торби.
---------------------------------
Сега по 40 години од овој настан при селидба,излезе на мегдан и ова најлон кесе
со слика на каубоји, со купените чевли од гејлада и подарокот што ми го даде
при тоа грекосот,се уште завиткано убаво во дебел целофан. А бидеиќи е време-
време на Матура,на кого како, па си велам,дај јас да видам да си се подсредам
со време малку. Да видам што имам од порано купено,па што имам дома по регал,
па што ми недостасува да си купам, за да не после во последен момент трчат
мојте, а може пак и изненада да ја положам оваа обавезна последна Матура,не се
знае се бива,жив човек шо се вели, па да бидам спремен,па чив син сум мајкуму.
Земам од тоа кесето прво го отварам подарокот од грекосот да го видам. Гледам
и се чудам. Што ќе ми е ова,та јас не сум ти диригент во филхармонија или хор, та
што ми ставил тоа грекосот ова. Сигурно е некоја грешка си велам. Но ај да ги
пробам,подарок нели не се фрла. Се чува. Се чува па макар било тоа и 40 години
па макар и од еден грекос да е како во овој мој случај.Тогаш пак ги гледам оние
подароци и им се пулам па за една Матура и не се лоши,ќе си ги сошијам на
палтото.Да тоа беа една како шарски снег бела јакна-крагна и ракави од кошула,
и тоа само долниот дел и тие како снег шарски бели.
--------------------------------------------------
Дојде ред да ги пробам и чевлите што ги купив од грекосот, и гледам одлично се
држат,а тој ми кажа грекосот баш овие ти се супер за Матура и ефтино.Ги пробувам
полека-нежно како што ми кажа тој грекосот(а можеби и е некој си наш човек) оти
ако ги престегнеш ќе ти останат врвките во раце-така ми кажа.Но успеав.Супер.
И оп да проодам малку,море не ни проодев уште на првиот чекор оп останаа доле
на земји тоа ѓоновите а и не беа некој ѓонови. Но ај си реков ќе земам супер лепак
и ќе си ги залепам за една Матура и таа последна ќе ги биде. И така направив.
Па и јас нема тогаш да одам,ќе ме однесат до таму тој Матурски пат без враќање.
А и немам ,многу лошо направено па да врне и да се отворат пред да ме затворат.
------------------------------------------
Што вие сега мислите за овие мој идеи за Кошула и чевли за Матура.
Имате ли вие некој други идеи да споделиме-оти е време за Матура.
Е ова слично и пред малку го пишував ама не работеше серверот во џ...д...к...
 
Морници ме полазеа од текстов... Како и да е, се надевам дека има уште доста време до Матурата и дека некогаш, кога ќе дојде време, ќе ја дочекам подготвена....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom