Ако сака полн буџет, Србија до вторник мора да се откаже од Косово!

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ПАДНА УЛТИМАТУМ ОД БРИСЕЛ

Ако сака полн буџет, Србија до вторник мора да се откаже од Косово!
Вучиќ навел дека бил мошне разочаран од односот на Приштина кон Белград и кон регионот, дека тие се служеле со трикови за да ја остварат својата цел и да формираат област на северот на Косово во која Албанците би биле мнозинско население.
mkd-42994.jpg
Првиот потпретседател на владата на Србија Александар Вучиќ синоќа за РТС потврдил дека српскиот преговарачки тим добил рок до 9 април, вторник, да го прифати решението на Брисел, пренесува Блиц.
„Понудата е исклучително лоша за Србите на Косово и за српскиот народ, како и за државата. За таа понуда би требало пред сѐ да се изјаснат граѓаните на Србија“, изјавил вчера Вучиќ за главниот дневник на српската државна телевизија. Вучиќ додал дека во следните денови мора да му ги објаснат на народот сите последици на одбивањето на планот од Брисел, но и последиците од неговото прифаќање.
mkd-42995.jpg
Вучиќ навел и дека бил мошне разочаран од односот на Приштина кон Белград и кон регионот, дека тие се служеле со трикови за да ја остварат својата цел и да формираат област на северот на Косово во која Албанците би биле мнозинско население.
„Ако одбиеме, на Србија ќе ѝ бидат затворени вратите во светот. Ќе имаме помалку пари за буџетот и економијата. Ако се прифати „лошото решение“, тогаш прашање е како тоа ќе го прифати српскиот народ на Косово. Се наоѓаме меѓу чекан и наковална“, кажал Вучиќ истакнувајќи дека планот за северот на Косово е лош. Тој истакнал и дека Србија мора да ја донесе одлуката во следните 72 до 96 часа.
 
Ова ти е, како да дошле човекојадци од планина, и ти викаат: "ај јади гомна зашто ќе те изедеме ние тебе" ..
 
Ова ти е, како да дошле човекојадци од планина, и ти викаат: "ај јади гомна зашто ќе те изедеме ние тебе" ..
Мене повеќе ми личи на оној џиги-миги до смрт.
 
И на Европјаниве ќе им дојде крајот. Им стана интересно да ни понудуваат „решенија“ кои мора да ги прифатиме и сите се условни. Ако на почетокот бев голем поддржувач на ЕУ и нашето влегување таму, сега сум најголемиот поборник да не се влегува во овој систем на притисоци, уцени и закани. Вака самите да се притискаат, а не не нашле со Србите слаби економии и си играат како што сакаат со нас. Ова на ништо не личи. Не и треба на Србија ни ЕУ, ни пари, ни унија. Го залажуваат само населението. Срамота е ова од ЕУ!
 
Уцена врз уцена. и тоа ЕУ и нашата Македонија што ни вовдевуа еу системи закони и давачки,а никакво зелено светло ни немаат дадено. цело време сме на црвено:cuc:
 
А кој кур србиве седнаа да преговараат? Од една страна се држат до резолуцијата на ОН а од друга страна преговараат со Косово како држава, Дачиќ се ракува со Тачи пред камери како да се сретнал со Путин! Со преговорите фактички го признаа Косово како независна држава и јасно е дека од преговорите може да изборат само некоја небитна одстапка на локално ниво, србите на косово да решаваат сами како ке го собираат ѓубрето од улиците, водоснабдувањето, канализацијата и слични локални глупости....
 
И на Европјаниве ќе им дојде крајот. Им стана интересно да ни понудуваат „решенија“ кои мора да ги прифатиме и сите се условни. Ако на почетокот бев голем поддржувач на ЕУ и нашето влегување таму, сега сум најголемиот поборник да не се влегува во овој систем на притисоци, уцени и закани. Вака самите да се притискаат, а не не нашле со Србите слаби економии и си играат како што сакаат со нас. Ова на ништо не личи. Не и треба на Србија ни ЕУ, ни пари, ни унија. Го залажуваат само населението. Срамота е ова од ЕУ!

Јас го чекам денот кога КИНА ќе почне вака да им прави
 
Јас го чекам денот кога КИНА ќе почне вака да им прави
Исто и јас:D
--- надополнето: 4 април 2013 во 09:10 ---
Вака и на грција требаше да и направат...
Она си ја плати подршката за да ја блокира Македонија во Нато и Еу со купување оружје од Британија и Франција во вредност од неколку десетици милијарди пред и по самиотот на Нато 2008. Се е бизнис остај приказни за љубов и братсво и единство во Еу. Да фрлеше толку пари Македонија за купување оружје од Германија и Франција ќе не примеа во Нато без да не замараат со нато стандарди. Ќе ни речеа вие ги исполнувате најсторогите критериуми за Нато бидејќи го поседувате најдоброто и оружје(си ги напунил со пари па сега мора малку да те пофалат) Тоа е тоа
--- надополнето: 4 април 2013 во 09:20 ---
Уцена врз уцена. и тоа ЕУ и нашата Македонија што ни вовдевуа еу системи закони и давачки,а никакво зелено светло ни немаат дадено. цело време сме на црвено:cuc:
Јас повеќе од 5 години сум евроскпетик и се залагам Македонија полека да почне да се врти кон Исток од економски и политички причини. Тоа е континентот кој ќе владее во 21 век. А во Учебниците по Историја за Запад ќе пишуваат како во 20 век биле најаки фраери во светот. Паметна држава користи бенефити од повеќе страни. Не постојат вечни пријатели постојат вечни интереси. Патем стратешки партнер на Еу им се Кина, Индија , Русија итн(не се заебавам имаат потпишани договори за стратешки партнерства). А ние пукнааме од среќа што стратешки партнери ни се Американците па види сега колку сме глупи. Еу што не кара да не вртиме кон Исток она потпишала стратешки партнери со сита најаки земји од Азија. Дволичност без граници:D
 
Тие што владеат со ЕУ, владеат и со Кина така да...
 
Ќе падне Косово и Метохија, ама ќе падне и Босна и Херцеговина. Ако може КосМет да прогласи независност, зошто да не може и Република Срспка и да се припои кон Србија?
633px-Bih_dayton_sr.png
А етнички ситуацијата е вака:
DemoBIH2006a.png
 
Ќе падне Косово и Метохија, ама ќе падне и Босна и Херцеговина. Ако може КосМет да прогласи независност, зошто да не може и Република Срспка и да се припои кон Србија?
И после одма Херцеговина ќе се припои кон Хрватска,а ова ќе го дозволи кој ?

Никој.

Што ги мотаат српските политичари србите,не само што Косово им е земено,туку нит економијата ќе им се оправи нит ништо.
Банкрот земја. Грција2
 
Ама они и во таква криза не се откажуваат, гледаш да се откажаа негде? Да се откажаа од Косово и Метохија нема да има преговори. Нема никој сила да потпише дека е земено. Исто како што во Македонија никој нема гз да излезе и да го смени името. Со кое лице ќе излезе пред народот?
 
Јас повеќе од 5 години сум евроскпетик и се залагам Македонија полека да почне да се врти кон Исток од економски и политички причини. Тоа е континентот кој ќе владее во 21 век. А во Учебниците по Историја за Запад ќе пишуваат како во 20 век биле најаки фраери во светот. Паметна држава користи бенефити од повеќе страни. Не постојат вечни пријатели постојат вечни интереси. Патем стратешки партнер на Еу им се Кина, Индија , Русија итн(не се заебавам имаат потпишани договори за стратешки партнерства). А ние пукнааме од среќа што стратешки партнери ни се Американците па види сега колку сме глупи. Еу што не кара да не вртиме кон Исток она потпишала стратешки партнери со сита најаки земји од Азија. Дволичност без граници:D
Едно не ми е jaсно, ти сам велиш дека ком исток да се вртиш, па еве и Србиja прави чекори тамо да се врти, зашто тогава Вучик толкова се плаши дека след вторник ке намалеели парите, па ке им се затворат вратите.. еве им Кина, еве им Русиja, еве им Индиja, еме им Бразил... БРИКС.
Ем ком исток да се вртиш, ама сматраш дека парите ти идат от ЕУ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom