ПАДНА УЛТИМАТУМ ОД БРИСЕЛ
Вучиќ навел и дека бил мошне разочаран од односот на Приштина кон Белград и кон регионот, дека тие се служеле со трикови за да ја остварат својата цел и да формираат област на северот на Косово во која Албанците би биле мнозинско население.
„Ако одбиеме, на Србија ќе ѝ бидат затворени вратите во светот. Ќе имаме помалку пари за буџетот и економијата. Ако се прифати „лошото решение“, тогаш прашање е како тоа ќе го прифати српскиот народ на Косово. Се наоѓаме меѓу чекан и наковална“, кажал Вучиќ истакнувајќи дека планот за северот на Косово е лош. Тој истакнал и дека Србија мора да ја донесе одлуката во следните 72 до 96 часа.
Ако сака полн буџет, Србија до вторник мора да се откаже од Косово!
Вучиќ навел дека бил мошне разочаран од односот на Приштина кон Белград и кон регионот, дека тие се служеле со трикови за да ја остварат својата цел и да формираат област на северот на Косово во која Албанците би биле мнозинско население.
Првиот потпретседател на владата на Србија Александар Вучиќ синоќа за РТС потврдил дека српскиот преговарачки тим добил рок до 9 април, вторник, да го прифати решението на Брисел, пренесува Блиц.
„Понудата е исклучително лоша за Србите на Косово и за српскиот народ, како и за државата. За таа понуда би требало пред сѐ да се изјаснат граѓаните на Србија“, изјавил вчера Вучиќ за главниот дневник на српската државна телевизија. Вучиќ додал дека во следните денови мора да му ги објаснат на народот сите последици на одбивањето на планот од Брисел, но и последиците од неговото прифаќање.