Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека во Америка еден од критерумите по кои се одредуваат цените за кирија (покрај присуството на црнци во зградата) е и ова. Не секој газда ти дава стан ако имаш мало дете. Ѕидовите се обични гипс плочи, така му доаѓа ко да имаш цимери и може да се каже дека е оправдано. Обично кириите се повисоки во зградите кои дозволуваат.

Децата “постојат’’ преку 5 000 години и сега им текнало на пар распрдени, немажени/неженети огорчени наќори дека им сметале па ај ќе глумиме реума ќе докажуваме поенти и ќе лечиме фрустрации преку глупости
Може да дрека и да биде досадно, ама ако одиш до таму да им ограничиш присуство некаде, имаш проблеми- крај !

Хм, каков заклучок донесе, алал ти вера.
Кучињата постојат подолго од децата, па кој к*р?
Се знае што е културно однесување, а не кој колку постои.

Ако дрека и биде досадно - како да се спасам јас од тоа?
Не може јас да си одам - не сум јас таа што нарушува мир на сите околу.

Тој што е проблем, тој треба.
--- надополнето: 2 април 2013 во 01:34 ---
Homo sum; humani nihil a me alienum puto
Присуството на мали деца, кои трчаат, плачат, се смеат, зборуваат, врескаат, пеат, менуваат пелени, ме закачаат и се друго што децата го прават, само го прави амбиентот попријатен. Не знам ништо што е поубаво од дете.
PurplePuma, ќе ко свати тоа, за неколку години кога ќе стане родител

Пума не знае дали ќе биде или нема да биде родител, а и да биде такви неубави работи нема да си дозволи.
За мене децата не се ништо интересно, и немам против да ги има околу мене, се додека мене лично не ме закачаат и малтретираат.
Пумата има многу деца во нејзиниот живот, на ниту едно не му е многу наклонета.
Пума како и сите други, има право на лични избори.
Како што некој решил да има дете, Пума решила да нема.

Проблем?
 
тука не би требало да се става акцент на тоа дали детето треба да има забрана за влез на овие места туку треба да се поработи со свеста на родителот кој си дозволил ваков испад.
А како мислиш да „поработиш„ на свеста на батката кој мува не го лази додека клинецот ти урла на 20 сантима до уво, додека си прелистуваш книги во книжара?

Тоа за што зборуваш е недостаток од воспитување и на самиот родител и е работа од неколку генерации за да ја смениш свеста овде.

Еве неколку (поблаги) примери за што збодуваме.
 
Оууу даа!



П.С. Child free holidays, каде да уплатам за ова? :-D
П.П.С. Дај стави анкета да видиме како ќе гласаат луѓево :-P

Не знам како, модераториве можат слободно да стават :)
 
Два саати ти е рокот за едитирање, сеа само модераторите може да помогнат.

Ќе ти го прочитаат постот, ама ако ти се брза опцуј некој и гарантирано брзо ќе реагираат! :P
 
А како мислиш да „поработиш„ на свеста на батката кој мува не го лази додека клинецот ти урла на 20 сантима до уво, додека си прелистуваш книги во книжара?

Тоа за што зборуваш е недостаток од воспитување и на самиот родител и е работа од неколку генерации за да ја смениш свеста овде.

Еве неколку (поблаги) примери за што збодуваме.
Јас те разбирам, пред некој ден се најдов во слична ситуација, но неможеш вината да му ја префрлиш на дете кое неможе да одговара за постапките. Едноставно е, роителот не треба да го носи на такви јавни места. Што би барало 7 годишно дете на театарска претстава насловена - Од кол на кол?
Треба еден кол и да не велам што... на таа што го понела детето.
 
Твое право е да дискриминираш, не значи дека треба истото и да се легализира. Пошто така почнуваат тие работи.
Поделба на места за луѓе со деца/без деца?
Тогаш и у парк треба да им се забрани на луѓето без деца да шетаат, пошто родителите може да кажат дека им сметаат луѓе со кучиња или луѓе што пијат пиво во парк. Е толку бесмислено ми изгледа целиот тој муабет за забрана на деца во авиони и слично. Денес возрасните се многу помалку толерантни и поразгалени од децата, тоа е проблемот.
--- надополнето: 1 април 2013 во 21:42 ---

А што сум јас должна да трпам распекмезени возрасни?
Што ако е самохрана мајка која мора да оди во маркет, а нема кој да и го чува детето? Да и умре детето од глад, за вас да ви ги задоволи желбите...
Дали ако утре станам мајка, единствено место кај што ќе можам да одам со моето дете е игротека?

Крејзи, мојот приватен бизнис како сакам ќе го организирам. Кого сакам ќе примам.

Уште на отворањето на темата напоменав дека станува збор исклучиво за јавни места но од приватен сектор. Во театар нема да остават мало дете да рика, редарите ќе ги испратат родителите сосе него многу брзо надвор.

Јас самата барам сите кучиња да бидат на поводник во парк. Не се плашам од кучиња, ама сметам дека туѓото куче не смее ниту мене, ниту на другите да им досаѓа. Исто важи и за децата. Не смее туѓо дете мене да ми досаѓа.

Парк е место од јавен карактер и не е приватна сопственост, јас не плаќам за да седам таму, ниту некој има профит. Но ако одам во ресторан, очекувам услугата да ми биде комплетна. Под тоа подразбирам да не ми се лигават деца околу маса.
Како што ти можеби очекуваш моето куче да не ти се лигави на маса во ресторан. И затоа не го носам. И не оправдувам носење на животни во кафичи, а гледам носат. Ти ако сакаш куче имај, не им го турај на другите до нос.

Распекмезени возрасни не мораш да трпиш. Можеш сама да се конфронтираш со нив во автобус/плоштад, итн. Во ресторан, персоналот ќе го избрка возрасниот што ти досаѓа.

Ама НИКОЈ нема да те заштити од дете. Никој.

Има, и тоа голема потреба. За авиони се согласувам - тоа не е пат од тука до Велес, и не може баш да седнеш во кола и да одиш, но крузерите се супер поделени - фамилијарни и adults only.
 
Јас те разбирам, пред некој ден се најдов во слична ситуација, но неможеш вината да му ја префрлиш на дете кое неможе да одговара за постапките. Едноставно е, роителот не треба да го носи на такви јавни места. Што би барало 7 годишно дете на театарска претстава насловена - Од кол на кол?
Треба еден кол и да не велам што... на таа што го понела детето.
Нормално дека детето не е криво, ама ни треба решение сега а не допрва да го превоспитуваме родителот за тој да го превоспита детото кое потоа ќе биде супер.
Со други зборови некое решение сега и веднаш, пошто решенијата за следните генерации тежнеат да не ти вршат работа. :)
 
А ако некој пријател слави нешто во ресторан, да не одат тие со деца, а?
Таа “самохрана“ мајка прави се што може и не знам зошто и од каде потребата да ставиш самохрана во наводници.

И вие сте биле деца. Сега зборувајте ми како мирни ко бубачки сте биле цело време, ајде да се лажеме по малце... и онака е априлилили

Јас сум била повеќе од мирно дете, дури мислеле дека сум аутистична. Но темата не е какви ние сме биле.
Алтернативе сосема добро кажа, само што малце погрешно ја сфативте.

Секој што сака ќе си прави со бизнисот свој. Ќе прима или нема да прима деца. Негов избор.

Јавните места од типот на плоштад, парк, плажа, ќе си останат како што се. И ќе се гледа човечката некултура засекогаш.
 
Пензионерите да не се возат во автобуси, на децата да им се забрани пристап на јавни места, да се основа полиција за кучиња...........:facepalm: се прашувам што е следно :confused:
 
PurplePuma има во авион еден дел каде што нема деца се вика Бизнис Класа :LOL:
 
Јас сум ЗА. Само да напоменам дека сум човек што многу сака дечиња, пола од комшивчиња и мали братучедчиња јас ги шетав, хранев, преоблекував и тн.
Ама треба да се знае кога децата се оставаат дома со баба/дедо/дадилка. Ако немаш на кој да ги оставиш си седиш дома со нив.

Не викам да се забранат деца од продавници, плажи, паркови бла бла...во никој случај. Ама во ресторан/кино/кафич/театар(НЕ детски) каде бе со мало дете??? Па згора и невоспитано???

Со мало немирно дете на гости во комшии не се оди за подолго од 30 мин а не па на јавно место на кое е крајно безобзирно да носиш дете, па уште и да го оставиш без надзор за тебе да ти е мирна главата а на друг да му пишти.


Ако не забрана во буквална смисла, мора да стои предупредување дека не се толерираат гласни деца и деца без надзор и дека при првата поплака мора да го напуштат објектот.


Родителите треба да сфатат дека одењето на некои места е привилегија и да се однесуваат соодветно, затоа се согласувам за банирање на мали деца и бебиња на театар, кино, ресторани, спортска утакмица, концерт и сл.
АМИН!
 
Нормално дека детето не е криво, ама ни треба решение сега а не допрва да го превоспитуваме родителот за тој да го превоспита детото кое потоа ќе биде супер.
Со други зборови некое решение сега и веднаш, пошто решенијата за следните генерации тежнеат да не ти вршат работа. :)
Забрана е престрого во секој случај заради некои непредвидени ситации. Но со една молба на вратата од ресторанот или киното каде фино лепо се објаснува од кои причини не се препорачува присуство на таа и таа категорија на лица во објектот, би требало да активира некои центри во мозокот на родителот. Се разбира има ситации каде е неизбежно да го внесеш детето но со ваквата молба или опомена бар ти дава за право да ги замолиш да го напуштат местото после некој инцидент за кој однапред биле опоменати.
 
Кој кур муабетов? Не гледам јас рестораните да се рекламираат со мир и спокојство? Навистина ако сте до толку изолирани случаеви има навистина начини за минимална интеракција, дома ќе ви донесат јадење, па уживајте во вечерата со 10 мачки. Пумо ако рестораните не се за деца, тогаш кога ќе ги однесам во парк КАДЕ ШТО Е ЗА ДЕЦА кој кур треба јас и моите деца да ги трпиме твоите валкани џукели? Аналогно на законот ти, секој ебен парк, секое ебено квадратно место со ебена трева треба да е забранета за миленици. Плажи забранети за деца.. дојдете да ве гушнам, светот не е толку црн, навистина жалам ако не сте имале детство и не ве сакале како мали, пуме be the change you wanna see in the world yadda yadda something.

Внимавај како се однесуваш со мене, макар и на форум. Многу сум сериозна.
Не сите ресторани, туку одредени кои ќе си одберат така.
И јас ако имам пари, ќе вечерам кај сакам и со кого сакам околу мене.
Моите сосема чисти џукели, не ги трпиш ти никаде. Ниту ги пуштам слободно да шетаат. Со поводник и маска, башка ни гомце зад нив не оставам.

И можеш да лаеш до задутре, ама јас не се топам на деца. Не сакам да бидам малтретирана од никого, и јас и моите избори никого не малтретираат. Моето куче не е во контакт со никого и никому не пречи. Аргументот ти е повеќе од invalid. Онака, дури непостоечки е.
--- надополнето: 2 април 2013 во 01:49 ---
Само да прашам......Кој од дискутантиве на темата имаат деца?

Не знам кој има, јас немам.
А немам затоа што не сакам да имам.
--- надополнето: 2 април 2013 во 01:55 ---
Ниеден родител не мисли дека неговото дете е невоспитано и тоа е проблемот. „Забранет влез за деца“ поставено на влезот на фенси ресторан не делува како решение на проблемот. Во тој ресторан нема да бидеш подложен на страшната тортура која, нели, децата ја приредуваат, ама сепак, ќе бидеш приморан да ги слушаш и трпиш насекаде низ градов. По трговски центри, паркови, на улица, во јавен превоз, од кај комшиите, на гости и така натака.

Многу селективно ми изгледа оваа забрана. Милион луѓе можат да се јават со милион забелешки за однесување на одредена група. Лично мене не ми е пријатно секојдневно да слушам дебати во автобус на тема Грујо vs Бранко и тоа од припадници на најразлични возрасни групи. Ме иритираат непристојни луѓе кои мислат дека нивниот телефонски разговор треба да го слушнат сите од Аеродром до Ѓорче. Ме ужаснуваат парови на кои крајници можам да им проверам кога се лигават кај и да стигнат.Ај ако не, да направиме посебни ресторани/кина/хотели/летови и за дебатериве и за гласниве муабетчии и за романтичниве.

Нема логика. Дискриминација е.

Велвет, прогуглај малце за ресторанот од Северна Каролина и фамата околу него што се дигна, по банирањето на децата.
Изгледа дека профитот малце им се покачил, него нормално.
Очигледно има луѓе кои преферираат места без деца.

Ако не е така, не би ни постоеле такви места, нели?

Не зборуваме за автобуси, паркови, паркинзи, плоштади... аман. :)
Тоа е нешто што е заедничко и за мене, и за тие деца, и за циганчиња и за сите.
Меѓутоа ресторанот е приватен, и како таков газдата одлучува која категорија на луѓе ја сака внатре.

Пробај да седнеш циганче валкано во кафич, макар и да има пари да плати, нема да го пуштат.
Нормално, ако смрди. Клиентите се поважни од ,,групите,,. Тоа е приватниот бизнис и важен е профитот.
А ако на газдата му е важно јас да му оставам повеќе пати пари, да се вратам таму, ќе почне и да гледа што мене ми треба или не ми треба и ќе ми удоволува.

Како што веќе реков, од невоспитани возрасни ќе те спасат на културно место, (ресторан, кафич, кино..) но никој нема да те спаси од дете. Освен ако не му ги избркаат родителите, што не често се случува.
--- надополнето: 2 април 2013 во 01:59 ---
PurplePuma има во авион еден дел каде што нема деца се вика Бизнис Класа :LOL:

Дури и таму има - бизнис или прва класа во помалите авиони е исто.
Малезија Аирлајнс во првата класа ги забрани децата.
Ќе си платам поскапо, ама на раат да го добијам тоа што ми треба.
 
Секој што сака ќе си прави со бизнисот свој. Ќе прима или нема да прима деца. Негов избор.

Јавните места од типот на плоштад, парк, плажа, ќе си останат како што се. И ќе се гледа човечката некултура засекогаш.


Целата дискусија се сведува на овие неколку редови. Секој сопственик на некаков бизнис (треба да) има право да дискриминира по било кој основ. На крај, дали ќе има пари да продолжи со водење на тој бизнис зависи само од него и неговите одлуки.

За државата важи спротивното - не смее да дискриминира, освен во случаи со тесно дефинирани граници. Па така, сите јавни места, институции и сл. се и треба да бидат достапни за сите.
 
Внимавај како се однесуваш со мене, макар и на форум. Многу сум сериозна.
Не сите ресторани, туку одредени кои ќе си одберат така.
И јас ако имам пари, ќе вечерам кај сакам и со кого сакам околу мене.
Моите сосема чисти џукели, не ги трпиш ти никаде. Ниту ги пуштам слободно да шетаат. Со поводник и маска, башка ни гомце зад нив не оставам.

Ова звучеше како лошо да сум се однесувал кон тебе irl.
Се извинувам, не беше комплетно цел пост наменет кон тебе.

Можеби твоите џукели се чисти, другиве 20 во парк не се.
Твоите не шетаат слободно, другите шетаат.
Твоите со пободник и маска, другите не.
Башка ни гомце зад нив не оставаш, другите оставаат.

Ме мрзи сега да влечам паралела, ако нечие дете кенка, плаче, тропа, запара, незначи дека и моето би било такво, или на Џоко детето, или на Митра. Како ќе се осеќаш ти ако ти се забрани парковите ради другиве? И сега ако некои деца се повеќе деца треба сите да им забраниме влез во ресторан? Да им забраниме да патуваат? Да не ги пуштаме на плажа?

Размислуваш ли што пишуваш? Онака објективно, да застанеш, прочиташ, размислиш што си искуцала? Или се водиш стриктно по твои случаи? Како имаш ти пари, така имаат и другите, и другите ќе вечераат кај САКААТ и со кого околу нив. Значи сама се побиваш.

Деца на плажа им сметале, сакам да се насмеам некако ама не иде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom