Каде ?
Има само едно куче(џукелче) во Бела виста мислам - го хранат вработените ....кученце друго не сум видел а веруј ми секој ден седам во кафичите покрај кеј ...
Епа изгледа не си, ако не си видел кученца
--- надополнето: 24 мај 2013 во 02:12 ---
PurplePuma јас своето веке си го кажав.Немам намера да се повторувам.Јас со своето мислење ти со твоето...
Јас сметам дека ти не си во право дека не треба да се пуштаат децата во кафичи туку во игротека,океј тоа ти е добра идеја но што ако кафичот нема игротека?а ти го мислиш спротивното...Од ова појасно не можам да ти кажам...
Ако навистина ти пречаат замини си од кафичот или обрати им се на родителите.Направи нешто...Биди упорна во своето ако навистина мислиш дека си во право...
Кажи ми и ти си била некогаш дете? Да? Си правела нереди?Си плачела ?Секое дете го прави тоа.Ако ти еден ден имаш дете,исто и тоа ке се однесува...Ке плачи,ке бара да оди со тебе а ти пуста мајка ке сакаш да му удоволиш на своето чедо.
Ако грешам исправи ме.
Саншајн, јас не се наоѓам во градинка и немам намера така да се однесувам.
На сите овие твои прашања, сум дала одговор, а не знам зошто баш тебе пак да ти ги одговарам.
Ти мисли си што сакаш, мислењето не е привилегија. Да имаш аргументи за тоа што го мислиш, е веќе нешто.
А твоето ,,дечиња се бе,, сите го знаеме. Исто така знаеме и дека телефоните кои и јас и ти ги користиме, и компјутерите преку кои седиме на форумов, се направени од некои дечиња, кои не се платени за истото и е искористена нивната работна сила.
Затоа, ако веќе ти е стало до добросостојбата на дечињата, не се замарај со кафичите. Малце селективно е зборењето за ,,дечиња,, додека фино лепо си седиш на уред направен од некои други, очигледно не така битни дечиња.
--- надополнето: 24 мај 2013 во 02:18 ---
За ваша несрека нема...Не знам ни дали ке има во иднина...
Еве,постојат граници на нормала како може да се однесува но зар очекуваш ти да разбира три годишно дете?
Можеш наместо посакуваниот ефект да го добиеш сосема спротивниот.
Би го свртела муабетов во друг правец зошто сакав да додадам уште нешто но не ми е целта да забегам од темата...
Види, мене не ме интересираат нивните чувства. Дали нив ги интересираат моите?
И тешко дека во догледна иднина ,,нема да има,,

Не знам зошто тоа го мислиш?
Напротив, има огромен тренд во Македонија да се следи западната култура, прашање на време е.
Ова е само банална работа, за многу побитни работи ги следиме, не па за кафич, жити се.
Некој само да намириса пари тука, и утредента ќе видиш знакче како тие понапред.
--- надополнето: 24 мај 2013 во 02:21 ---
Која е границата до која едно дете не замара гости
За секого е индивидуална таа.
Некому не му смета да му се шета по маса детенце
Сите луѓе се различни, со различни желби и сфаќања за одредени работи.
Затоа сметам дека е небулозно да се бараат вакви места
Некому не му смета од тањир на маса да му јаде кученце <3
Дали тоа значи дека секаде каде што се дозволени кучиња по Скопје (а многу се тие места) јас треба да му давам на кученцето да јаде сладолед од тањирчето од кое јадам и јас, а после мене и некој друг?
Ако некој сака да си игра со детето, ќе си каже. Нема потреба да му се нафрла нешто.
--- надополнето: 24 мај 2013 во 02:22 ---
А замисли нема кој да го чува детето додека е таа излезена?Ни таа ни партнерот немаат родители или си имаат свои работни обврски?
Не се дава на секого да чува дете со исклучок на родителите....
Зошто би требало ние да бидеме загрижени за животните услови на кафепијачите?
Јас не му сметам, тој не ми смета.
Толку. Крај. Точка.
Дали живее во палата, вози Карера, има лоша свекрва и маж и ја вара, ич уво не ми чуе.
--- надополнето: 24 мај 2013 во 02:25 ---
Епа ако таков необзирен е 1 во 10, тогаш нема потреба да воведуваме забрани и за обзирните 9
Тоа ми е муабетот.
Во таков кафиќ можеби и на обзирниот ќе му се случи инцидент. Деца се тоа. И сеа што треба да трпи гњаважа од обезбедување да го исфрлат оти реагирало детето
Бесцелна тема според мене, ама ајде.
Значи мнозинството се обзирни
А со еден таков ќе се справат самите гости. Ако три маси му речат да го смири детето, тогаш сам ќе си замине. лесно е тоа. Таман работа со декрет такви работи да се носат.
Валда се разбравме
Не е тоа забрана која не знам, има правна форма.
Биди обѕирен 100 пати, 101от ако вриска детето (во тој и тој кафич) нема да биде толерирано.
Биди безобѕирен 100 пати, 101от ако е мирно детето седи, пак во тој и тој кафич.
Не е тешко ич за разбирање, на кој како му одговара само.