Епа децо, вчера ми беше гужва па да си пишам денес рецензија. Отидов некаде 12 и пол беше. На врата немаше гужва, внатре таман полно, што позитивно ме изненади. Иако за бесплатен настан за Астрал кои за трансот се тоа што се Ајрон Мејден за металот во друга нормална држава треба да биде буквално туча за влез, со нашиве околности односно апсолутната пасивност на клаберите, Македонскиот комплекс на мрчење и изволевање дури и кога се работи за бесплатен концерт на едни такви легенди дури и оваа посетеност добро ме изненади, макар што објективно гледано од што толку е падната клупската сцена стандардите и критериумите ми се пониски од надморската висина на крајбрежието на Холандија па се радувам дури и на шминкерајските електроники во Сектор. Како што кажав во еден претходен пост, немам никаква нити роднинска нити пријателска нити познаничка врска ни со Диџитал Денс ни со Сан Продакшн или со било која друга организациска куќа, ама сепак ја имаат мојата подршка. Момци не знам како ви излегуваат математиките и не знам зошто воопшто се трудите. Со секоја достојна чест на исклучоците, ама на оваа раја незаслужено многу
ќе им биде дури и јас со моето елементарно непознавање на матрица и миксета би пуштал музика и тоа за 100 евра влез. Морав да почнам со лошото на почеток за крајот да биде убав.
Астрал ги чекав од претходниот пат на саем кога беа, кога влегов само на кратко и морав после само пола саат да излезам поради една непредвидена ситуација што излезе, така што таа непримена доза што ми следуваше со одолговлекување си дојде сега на ред и тоа поубаво не можеше да биде со бесплатен влез и јубилеј од 20 години транс со старите добри траки, милина. Кога влегов бев позади и не видов кој од нашиве пушташе музика, и се приближивме до првите редови и фативме топ позиција непосредно пред самиот почеток на Астрал некаде еден и нешто. Публиката во главно младиќи од ран постпубертет па се до некаде доцни дваесети, мада чат-пат се начекуваше и по некој стар вампирски клабер. Одличното беше што фативме топ позиција со доволно псростор затоа што некаде баш Астрал кога почнаа па се до 2 и пол имаше прилично гужва. Исто така публиката беше се одбрана и клаберска па направија фантастична атмосфера која беше со ист интензитет без разлика дали на почетокот кога имаше малку гужва, покасно кога беше пикот или на крај кога беше многу разретчено. Тоа додуша и го очекував, шминкери, намќори и квазиелитистички копуци знаат да глумат ВИП на познати ди џеи, на Ван Бурен, на Тиесто и особено на Дејвид Гета. Но кога правиш малку по хард кор електроника како во случајот со Астрал, можеш да бидеш сигурен дека тие идиоти нема да ти дојдат од неколку причини: нема ништо елитно и фенсерајско во Астрал, луѓето што ги слушаат се или наркомани или забегани во мозокот пропалици, тоа не е музика туку глупост, нема да има пички со извадени цицки и у миничи и сл. Расположение одлично, чат пат се осеќаше мирис на тутун и на ганџа а од пиење во главно пиво. Среќа што здржвив еден Ред Бул пред да влезам иначе како што бев неспиен ќе немав енергија.
Астрал си извозеа олд скул и поштено два и кусур саати од некаде 1 и 15 до кај 3 и пол. Dancing galaxy, Kabalah и уште многу други. Врвот сепак беше на Burning up кога цела кожа ми се наежи од глава до петици. Фантастична комуникација со публиката, особено Ави кој сликаше и гестикулираше посебно со тие од првите редови, а ние публиката се изнарипавме и изнденсавме за возврат. Пареата и ласерите дадоа посебен шмек ама сепак трите најбитни компоненти за фантастичната журка беа многу доброто озвучување од кое и наредниот ден главата ми беше тапан а ушите ми пиштеа како субрата рој стршлени да имав внатре, одбраната публика која како што кажав беше составена исклучиво од еснаф деца, љубители и журкаџии и секако ASTRAL PROJECTION. Останавме уште малку и по нивното завршување кога нашиов ди џеј пак го превзеде сетот кога ги видовм Ави и Лиор како излегуваат од вратата и се упатуваат кон главниот излез на Колосеум. Кога тргнавме да си одиме, тие беа на главниот шанк, си денсаа на музиката максимално располоежни, се забавуваа и муабетеа со Навигатор. Ја искористив приликата да удрам една фотка со нив, на кои тие без проблем пристапија. На сликата така добро се окезени што само покажува дека уживаат во работата и се посветени на публиката. Таки осмеси не можат да се одглумат. Момците се толку приземни, позитивни забавни, дружељубиви и ненаметливи колкуј што се и големи и електро генијалци. Максимален респект за Астрал Проџекшн, ако до сега ги ценев како ди џеи, сега ме освоија со комплетната слика и сум доживотен фан. И не е дека сум пристрасен, и порано пред журката го мислев следново-Ако трансот треба да има химна тоа треба да биде оваа: