goodlife_filipsis
Believe
Па му фали менталитет за шампион. Да возиш толку време фабрички мотор и да не успееш да бидеш бар блиску до титула... Лоренцо е психички јак и затоа е таков возач, на Педроса му фали тоа и затоа тешко да стане шампион ко Лоренцо, Роси и останатите. Маркез на пример дечкото покажува на 20 години дека ќе биде шампион, подобар е од Педроса а само 9 трки има извозено во Мото ГП.Педроса има највероватно проблем со психата,друго незнам што го кочи овој човек да стани шампион.Има квалификациско темпо,покажува и на трка,на старт е бр.1,неколку години вози јак мотор...што друго треба?
Вчера на најубавата патека во Мото ГП, Лагуна Сека, изненади Брадл и тој ќе стартува вечер прв, додека втор Маркез. Во првиот ред уште едно изненадување, тоа е Алваро Баутиста а Роси е 4 - ти. Лоренцо иако падна и ја скрши пак клучната коска, возеше и ќе стартува 6-ти. Пред него е Крачлоу а на 7-ма Дени.
Сакам да го видам Роси денес како прв, многу поинтересна ќе ја направи трката за титула а и како негов фан сакам ова да го видам.

За жал денес почина од Супербајк еден дечко, возеа во Москва на дожд и поради повредите стекнати во првиот круг тој почина. Се работи за Андреа Антонели. RIP.