MotoGP 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
да почнеме со дискусиите :)
за ланската сезона немаше направено посебна тема, а ниту јас пак не ја следев редовно. затоа оваа сезона ќе се потрудам да ги гледам трките, и секако да го бодрам мојот омилен тим "Repsol Honda" на чело со Дани Педроса

епа бујрум, кој очекувате да освои титулата оваа година? Лоренцо повторно, Педроса ќе атакува посилно од лани, или пак некој трет ? кој ви е фаворит (мотоциклист, тим) итн.
исто да напоменам, што сигурно знаете, дека Кејси Стонер се пензионираше, ланската сезона му беше последна. од друга страна Докторот се врати во Јамаха, и повторно ќе му биде колега на Лоренцо

календарот за трките за 2013
мотоциклисти за 2013

 
Јас сакам Роси да победи,но сепак мислам дека Хорхе ќе слави на крај.Педроса некако секоја година му се случува нешто што на крај ќе го спречи да стане шампион.Иако за него квалификациите незначат многу поради стандардно добрите стартови и напредување по 2-3 позиции,некако нема конзистентност.

Роси на тестирањата покажа дека сеуште не е навикнат на моторот на Јамаха,додека Дукати се во голема кал
 
точно за Дани. ич нема среќа човекот. оваа година сакам тој да освои, не пошто ми е фаворит, туку затоа што заслужува да освои. последниве 2 години ептен се усоврши, само уште среќата да му се насмевне
 
како и секогаш, за ДОКТОРОТ сум. од кога се појави во класата за 125цм3 па до денес за мене е број 1 на сите времиња. зошто, како, што е нешто што треба да направам километарски пост, а сепак сите што го пратите овој спорт знаете без да пишам :cool:
 
Како се предвидувањата, ќе му се врати на победите Докторот?
 
Маркез :cuc: дебитантска трка во најјаката класа, со само 20 години. Педроса (n) никако да влезе во најдобра форма
ќе биде жестоко оваа сезона :vozbud: Лоренцо, Роси, Маркез, Педроса ќе се јадат
 
Се враќа 46ката во мода, време е за нова терапија од Докторот.

А на крај пак се качи на Дукати, се смеев со коментаториве од СК, кога рече едниов еве го пак во Дукати ... и пак на 9то место. :pos: Јаки се.
 
леле,ги загледав презивувачите на дискавери и заборавив на трката.гледав само 1 минута на крај:facepalm:
 
Страшна трка :cuc:
Ако по утрото се познава денот не очекува одлична сезона. Докторот почна да оперира на фабричката Јамаха - да не беше грешката што ја направи во вториот круг, немаше Лоренцо така супериорно да триумфира, и најверојано ќе гледавме борба за прво во текот на цела трка
Маркез одличен. Репсолот ( :eek: ) супериорен на стартно-целната рамнина. Има малиот и потенцијал и машина за успеси.

Смешна беше ситуацијата кога ги паркираа моторите... пристигнува Роси целиот ќејфови со Дукатито, се поздравува со Лоренцо овој кисела фаца... се поздравува со Маркез детево уз смеа "му вели" ме тепа на искуство тибам стариот - а овој "му одговара" седи бе мали, ќе дое твоето време треба уште фурни леб да јадиш :cool:
 
дајте некој линк за гледање на трката,мака ми е што ја пропуштив
 
Страшна трка :cuc:
Ако по утрото се познава денот не очекува одлична сезона. Докторот почна да оперира на фабричката Јамаха - да не беше грешката што ја направи во вториот круг, немаше Лоренцо така супериорно да триумфира, и најверојано ќе гледавме борба за прво во текот на цела трка
Маркез одличен. Репсолот ( :eek: ) супериорен на стартно-целната рамнина. Има малиот и потенцијал и машина за успеси.

Смешна беше ситуацијата кога ги паркираа моторите... пристигнува Роси целиот ќејфови со Дукатито, се поздравува со Лоренцо овој кисела фаца... се поздравува со Маркез детево уз смеа "му вели" ме тепа на искуство тибам стариот - а овој "му одговара" седи бе мали, ќе дое твоето време треба уште фурни леб да јадиш :cool:

а шо му се случи на моторчето на Роси? да не го прегреа?

инаку одличен беше Роси во Катар со оглед на тоа на кое место стартуваше и грешката шо ја направи ама ги изеде сите и во Тексас се надевам на победа,а на тоа ѓубрето шпанско (Ѓорѓе) животот да му стани пекол

едно ѓубре камено лани си замина,уште едно остана...
иако Адриана Стонер сакав да ја гледам

кога ќе замини Роси ќе навивам за Маркез најверојатно,многу брзо и супер чоече (а не како Алонсо и Лоренцо препотентни шпански ѓубриња) во 1 та трка со таков резултат и да го победи Педероса
Маркез - ѕвер

во Мото ГП навивам за мотоциклисти а во Ф1 за тим (Ферари) НО поштовам неколку возачи

Мото ГП
sport-klub-programska-sema.jpg


Subota 20.04.2013
19:35 Moto GP USA – Kvalifikacije Moto 3 DIREKTNO
20:30 Moto GP USA – Trening Moto GP DIREKTNO
21:10 Moto GP USA – Kvalifikacije Moto GP DIREKTNO
22:05 Moto GP USA – Kvalifikacije Moto 2 DIREKTNO

21.04.2013
18:00 Moto GP USA – Trka Moto 3 DIREKTNO
19:20 Moto GP USA – Trka Moto 2 DIREKTNO
21:00 Moto GP USA – Trka Moto GP DIREKTNO

22.04.2013
11:15 Moto GP USA
24.04.2013
04:15 Moto GP USA

ЛАЈК за СК и Роси да победи

gjoko-mkd

шо ќе ти е линк
гледај на СК
или торенти спушти си после
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom