Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Дали ќе почива во мир или ќе му е лесна земјата не е ни битно повеќе, нека им е лесно на фамилијата.
Сочувство. Не го познавав, ама како што гледам млад човек е.
 
tolku pari za tie koli za nakraj da umres u niv....R.I.P
 
Не го знам, кој и да е, млад бил, трагично и жално.
 
иначе Никола знам дека беше обожавател на коли,имаше honda accord type-r,mercedes e класа и мерцедес мл.. Е сега дали можда е сам виновен или е намештаљка..
 
Нека почива во мир, заради почит ќе се воздржам од негативни критики кон неговото новинарство.
 
Нека почива во мир, заради почит ќе се воздржам од негативни критики кон неговото новинарство.
Да се воздржеше ќе беше фино ама не се воздржа.
 
Не дека треба кур тебе да те боли ама се надевам сеуште на можност. Имав една шанса која за жал не ја искористив...
И со надевањето ќе си останеш...
--- надополнето: 27 март 2013 во 16:31 ---
Не дека треба кур тебе да те боли ама се надевам сеуште на можност. Имав една шанса која за жал не ја искористив...
И со надевањето ќе си останеш...
 
Слушајте го на почетокот што вели неписменито полицаец.. :mad:
Изгледа е снимателот на Бриф беше објавено дека е полицаецот а сега веста е тргната...
 
^Не е полицаецот туку снимателот.

Нека почива во мир..

Од колегите од Фокус:

"Во овие мигови, кога нашиот пријател Никола Младенов веќе не е со нас, ние, неговите колеги, збунето и невешто ги бараме вистинските зборови да ги искажеме нашите чувства. Веста за трагичниот настан нѐ затекна во жарот на оваа наша донкихотовска битка за слободно општество на храбри и одговорни луѓе, битка во која Никола вложи сѐ, ама буквално сѐ, а ние, да бидеме искрени, сѐ уште не успеавме да му возвратиме со посветеност и ентузијазам каква што бара ова возбудливо патување, на кое тргнавме заедно.

Беше тоа, всушност, едно долго, болно и исцрпувачко патување. Младенов нѐ поведе со нему својствената бескомпромисност и оптимизам, убеден дека нема цена што не вреди да се плати, за да се стаса до слободата. Се потпре врз сопствените сили, врз огромното искуство и авторитет на еден вистински рицар на нашето слободоумно новинарство, врз сопствениот редок журналистички талент и врз духовитоста, со која се обдарени само ретки луѓе.

Некои од нас го познаваа и соработуваа со Никола долги години. Некои, пак, со него се спријателивме по покренувањето на дневното издание на „Фокус“. Во жарот на битката, како да заборавивме дека тој на ова патување е уште од осумдесеттите години, од славното време на „Млад борец“. Заборавивме дека тоа се години и години поминати во постојана битка, во постојани дуели со медиокритетите и со онаа „збирштина од безрбетници“ во чии раце често се силата и моќта, во постојан грч да се обезбеди опстанок и успех на медиумската сцена.

Она што ние не успеавме да го забележиме кај него, а веројатно и тој кај себе, е дека нашите нејаки тела, независно од нашата волја – а Никола беше човек со челична волја - веќе плаќаат превисока цена во оваа нерамна, се чини дури и неразумна битка. Цената за тој натчовечки напор, што Никола ја плати, е неприфатлива. Таа не е фер. И да кажеме отворено, не заради него самиот, туку заради она што тој го остава зад себе како наследство - односот на општеството кон тој негов грандиозен потфат не беше ниту фер, ниту одговорен.

Затоа, ние, неговите колеги и пријатели, напросто, не можеме да се помириме со оваа страшна загуба. Тажни сме, ама и гневни. Долго ќе нѐ прогонува чувството дека сѐ, ама баш сѐ, можеше и мораше да биде поинаку. Да имавме време, доволно време, можеби на крајот сите ќе се раздолжевме и можеби Никола не ќе мораше постојано да нѐ храбри нас, да ги храбри и своите читатели, туку сите ние ќе се сетевме него да го охрабриме и да му помогнеме. Тогаш кога му беше најтешко.

За жал, никогаш не знаеме колку време ни преостанува. Јуриме, несвесни дека нашиот животен часовник може да запре во секој миг и дека во тој миг универзумот, едноставно, ќе престане да постои. Заедно со сите негови загатки што сме наумиле да ги решиме.

Збогум, Никола, драг наш пријателе. Прости ни, ако можеш."
 
Почивај во мир
 
Почивај во мир и вечна ти слава :place:
Вистински новинар, еден од ретките кој не го попуши. Секогаш на страна на народот, на страна на вистината. Човек од кој денешните платеници треба многу да учат....ама за жал овде останаа само безрбетници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom