Белгија - Македонија [26.03.2013 - 20:45] - ЌЕ ИМА НА МТВ!!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин^
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го добие натпреварот ?


  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Без 3-4 гола не си одиме. Многу дигнавте фама некако поради еден натпревар, и тоа на пријателска неважна утакмица, и против Србија која си има многу многу проблеми. Свестете се малку, и не тропајте. Најреално било 0:3 да тепаме :sick:
 
Џамлии ќе играме ние бе , каков бараж каков багаж.
 
Со нов среден ред против Белгија


Македонската фудбалска репрезентација иако наидува на проблеми сепак одржа квалитетен тренинг во пресрет на денешниот дуел со Белгија (20.45 МТВ), 6-ти квалификациски за СП во Бразил.
По поразот во Скопје, избраниците на Јаневски поискусни за една пресметка со големиот фаворит ќе се обидат да направат изненадување како што тоа го сторија Панчев, Бошковски и останатите во далечната 1994г.
Селекторот Јаневски најави промени во составот. Дел од нив се принудни, но дел и корективни. Очекуваме Македонија во Брисел да му ја остави иницијативата на домаќинот и со брзи противнапади да го загрозува домашниот гол.
На голот останува Пачовски, додека на бековските позиции ќе се појават Даниел Георгиевски (Стеауа) и Стефан Ристовски (Бари). Принудна замена е Шиков на местото на пожолтениот Грнчаров во тандем со Новевски во дефанзивниот бедем. Во тимот се враќа Глигоров на местото на Хасани, додека Дарко Тасевски ќе го завземе местото на пожолтениот Демири. Пандев, Тричковски и Ибраими остануваат во тимот додека на местото на Јахиќ се очекува да истрча брзиот и непредвидлив Мирко Ивановски.
Нашата репрезентација за жал не успеа да го почувствува теренот на стадионот „Крал Бодуен" каде се игра вечерва мечот, бидејќи домаќините одлучија со дозвола на ФИФА да го зачуваат па Јаневски и репрезентативците мораа да патуваат 30-тина километри до местото Оверијсе и да одржат тренинг на терен на четвртолигаш:
„Многу сум разочаран од непрофесионалниот однос на белгиската федерација, која не ни овозможи соодветни услови за работа. Не ми е јасно како на ваков официјален натпревар за пласман на СП не може да тренираме на теренот на кој ќе се одигра утрешниот натпревар? И теренот во Скопје беше во очајна положба, но ние сепак ги почитувавме правилата на ФИФА и им дозволивме на Белгијците да тренираат. Постои нервоза кај нас, но можеби ова ќе биде дополнителен мотив да одиграат подобро и да забележиме позитивен резултат"- изјави Јаневски.
 
Само едно ќе кажам ... Белгија со затворени очи да ни игра, пак ќе не тепа ..
 
Само едно ќе кажам ... Белгија со затворени очи да ни игра, пак ќе не тепа ..

Абе ајде?! Не беше баш таква ситуацијата во Скопје, си заминаа со поволен резултат само заради нашата неспретност пред голот.
 
Off to Belgium..

Dobro e, mozebi ne kupiv zname I dres, ama zatoa kupiv dzivri ...! Ebate vremeto skapano , ko u Nepal da odam se spremiv, da izgine covek. So ekspidicija ke me baraat posle utakmica..

Report utre vecer, ako ima so da se reportira, ako ima smisla, ako ne ke si kutime...nikomu nisto :)

Kako I da e: ODIME NA TOA CETVRTO MESTO! cc..
 
Баш мислам дека сосема неочекувано ќе им тртнеме гол,два.....hell да влезеше тоа во први секунди на Јахович мислам беше шансата може и во Скопје ќе беше друг резултатот.

Не ми е јасно зошто на вакви утакмици кај што веќе нема значение резултатот не пуштиме некој од младите таленти да,блесне,пас да даде,искуство да собере,грешка да направи.....кога оној келавиот фрик Лазевски можеше на цела утакмица да и се посере завчера зошто да не му се даде шанса на некоe дете. Хрватска и Србија меѓу себе играа па вриеше деца на терен,ние демек за бараж се бориме па со сите сили играме.

П.С. Што сакате зборете за Попов,јест да е СЕЉАЧИНА ТЕШКА ама за оној келавиот аматер е доктор на науки по прашање позиција лев бек.
 
Можни стартни состави:
Белгија: Куртоа, Алдервирелд, Компани, Вермален, Вертонген, Витсел, Фелаини, Дембеле, Де Бруин, Бентеке, Азар
Македонија: Пачовски, Георгиевски, Шиков, Новески, Лазевски, Глигоров, Тасевски, Тричковски, Ибраими, Пандев, Ивановски.
 
ќе има пренос на нашиве телевизии?
 
Наместо Лазевски, се очекува да настапи младиот Стефан Ристовски.
Ќе ги објавам и официјалните состави пред натпреварот... можно е а и највероватно да добие шанса младиот Ристовски пред Лазевски.

ќе има пренос на нашиве телевизии?
Ќе има на МТВ1.
 
Абе ајде?! Не беше баш таква ситуацијата во Скопје, си заминаа со поволен резултат само заради нашата неспретност пред голот.

Белгијците против нас играа колку што им требаше за да победат ... Верувај дека ако поведевме на почетокот со 1-0, ќе не растртеа на крај 1-5 ..
 
Белгијците против нас играа колку што им требаше за да победат ... Верувај дека ако поведевме на почетокот со 1-0, ќе не растртеа на крај 1-5 ..
Ванила и Чоколадо ќе не направеа ако на почетокот поведевме со 1-0 нели ?
 
Не сфаќам како уште прашуваат луѓево дали ќе има пренос. :facepalm:

А иначе што е со тревата на Градски бе? Сто пати ја средуваат и пак е очајна...

Вечер очекувам нашиве релаксирано да имаат многу шанси, но се надевам дека ќе ја зголемат ефикасноста, посебно во 100 процентни шанси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom