Волонтери за ADB-S ресивери од FlightRadar24

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Сигурно многумина од вас ја знаат страницата http://www.flightradar24.com кај што може да се следат во живо летовите низ целиот свет. FlightRadar моментално нуди бесплатни ADB-S ресивери на нивна сметка и на нивен трошок да ги достават низ целиот свет а во замена за тоа тие треба да бидат поставени и да биде овозможено 24/7 да емитуваат податоци и примаат податоци. На страницата има поставено локации кои ним им се во предност но не е исклчено да се аплицира и за било која друга локација. Јас имам пријател кој веќе доби ваков ресивер и е во Охрид и моментално покривањето таму е пополнето. Доколку има некој кој е заинтересиран да аплицира за ова и е во регионот на Скопје или било каде во државата, посетете го линкот каде детално е објаснето што како. Јас сакав да аплицирам но бидејќи не живеам во куќа (што е идеално за ова) не аплицирав.

http://www.flightradar24.com/free-ads-b-equipment
 
Не можам никаде да видам кој град е покриен а кој не.

А и незнам како стојат кај нас законските регулативи...т.е дали може физичко лице да си поставува на своја рака овакви уреди.
 
Значи не е битно кој град е покриен кој не. Ти во апликацијата им праќаш кординати од Гугл Мапс и потоа ако нив им одговара таа локација што си ја навел те контактираат и ти даваат опрема. Тоа е. А за регулативата, читни на Википедија овој вид на опрема не емитува или пак содржи нешто што би предизвикало правни последици. Ова е ресивер ништо повеќе.
 
Ај додека сме на темава....кажи ми:

Бидејќи ова е еднострана бенифиција(само они имат корист)....дали некаде е спомнато или покажало искуството дека поставувачот ќе има исто некои бенефиции?
 
Тоа што го пишува таму тоа е.Ако мислиш дека даваат нешто не. Ова е за ентузијасти и се е на база на волонтерство затоа така и пишав.
Добивам нешто со тоа?

Не
 
Тоа што го пишува таму тоа е.Ако мислиш дека даваат нешто не. Ова е за ентузијасти и се е на база на волонтерство затоа така и пишав.

Не

Тогаш ништо.

Заеби таа работа да бидеш дел од глобалната шпиунажа а да немаш никакви бенефиции.:coffee:
 
Штом немам корист ништо. Што ако има некакво зрачење што е штетно по здравје?Од кај да знам што све може да скенира тој уред?
Не не, ако сакаат месечно да ми плаќаат кирија може, ако не нека бркаат работа.
 
Значи убаво си пишува што,како и зошто. Ако се плашите дека некој ќе ве шпиунирал или дека вонземјани ќе ве киднапираат тогаш нема потреба од непотребни постови. Некој ако решил да ве шпиунира,скенирал или незнам што, не се секирајте ќе најдат начин тоа да ви го направат без овој уред ;) Не е ова СЕТИ инструмент за sub space communication. Еве што е овој ресивер за тие што имаат стравови и слични појави или па се затрчале да коментираат а незнаат ни што е
 
Не си играјте со тоа. По закон легално е да си купиш и детектор за метал, но ако ти го види полицаец одма прават фаланга....
 
Тоа што го пишува таму тоа е.Ако мислиш дека даваат нешто не. Ова е за ентузијасти и се е на база на волонтерство затоа така и пишав.

Не

Даваат Free premium account :)[DOUBLEPOST=1460521795][/DOUBLEPOST]
Штом немам корист ништо. Што ако има некакво зрачење што е штетно по здравје?Од кај да знам што све може да скенира тој уред?
Не не, ако сакаат месечно да ми плаќаат кирија може, ако не нека бркаат работа.

Jа би ja зел опремата и би ја шитнал негде :) само не знам дали и колку вреди. :)
 
...ако добро разбрав се добива уред со IP адреса кој треба да бида 24/7 вклучен на мрежа, со антена високо на покрив која ќе ја прима ADS-B и MLAT комуникацијата од блиските авиони...
Ова е секако многу софистицирано следење на секој авион кој емитира такви сигнали и со доволен број вакви станици кои треба да се одржуваат функционални од страна на ентузијастите со што еден голем трошок се елиминира, ќе се добие одличен резултат..
А секое елиминирање на трошок е нечив ќар, а колку знам flightradar24.com не е непрофитно пејачко друштво, туку бизнис кој некому прави пари....или некој од свои причини го финансира што му доаѓа на исто.....:):):)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom