filjandecko
Komandant benzini-HAVUZ
- Член од
- 5 мај 2012
- Мислења
- 365
- Поени од реакции
- 421
Имаше донесено некој закон,декларација, од ОН со кој водата се смета за човечко наследство и не е предмет на трговија бизнис итн.Мислам дека тука лежи зајакот.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Нешто како со ЕВН, пак на грбот на народот. Боливијците имаа големи проблеми со приватизацијата, народот сиромашен па сега при вода без вода.Не знам што се попаливте, во Германија и досега се плаќаше вода, никогаш не била бесплатна водата, да ја плаќа државата, како што спомнаа некои членови претходно. Се плаќа според водомер, значи исто како кај нас. Со тоа што, овде секаде има воведено и плинска инсталација (очекувано, нели) и топлата вода оди преку посебен водомер и се наплаќа малку поскапо (ако си приклучен на тој систем, ако си имаш бојлер си плаќаш исто).
Она до што би довела оваа одлука е што ќе може претпријатијата за стопанисување со водата да бидат во приватна сопственост и ќе ја префрлат на нив одговорноста која ја носи досегашното фигурирање на водата како човечко право (чиста вода, доведување инсталација, бла-бла). Но, така е во огромен број земји во светот, не гледам што паѓате во несвест. Ризик од приватизацијата би била полоша услуга во смисла на полошо филтрирана и прочистена вода, но земајќи предвид дека Германија е земја со толку ригорозни правила сметам дека тоа нема шанса да се случи.
Кај и да е и кај нас ќе го продадат Водовод, па и ние ќе се чудиме околу цените, а со квалитетот на водата не сакам ни да помислам што ќе биде.
После продавањето воздух во Кина не знам што ве чуди ова.
А, до вчера шали праевме на вакви теми.
П.С Не го одобрувам ова ама па и не прочитав точно за што се работи.
Мене логиката ми е следнава, тие што можат да ја плаќаат нормално е да ја плаќаат еве како кај нас па и во Германија исто, но што е со тие што не можат?
Ако на некој бездомник на пример му се укине правото на вода т.е нема пари за да си ја дозволи тој ќе умре што значи со оваа одлука се осудува на смрт па од тука следува дека се коси со универзалното право на живот.
Значи ако го укинат правото на вода треба да го укинат и правото на живот или можеби грешам?
Pa vo osnova toa e ona jas sto go zboram, ako se skrati pravoto na voda onie sto ne mozat da ja kupat ke izumrat od zed.Мислам дека грешиш, не се работи за укинување на правото на вода туку заштита на корпорациските интереси кои ги финансираат кампањите на политичарите, односно измена на законите за да можат да се полнат со пари корпорациите.
Не знам колку има запознаени на форумот тука, но одредена германска фирма бараше да го купи, односно земе под концесија изворот Студенчица со тоа што би флаширала вода и би ја продавала.
Не знам што бидна, но од тоа најверојатно ништо нема и можеби причината е токму тој закон дека водата е основно човеково право.
Пример ако германската фирма би ја купила Студенчица, односно зела под концесија и во случај да има недостаток на вода може државата, односно граѓанинот да се повика на тој закон и му нареди на германскиот концесионер да ја пушти водата и запре производството за да се дозволат основните човекови права, како тоа за вода за пиење.
Ако се изгласа овој закон, не значи дека ќе ни скратат водата за пиење, туку дека ќе мора да ја купуваме за пари, односно набавуваме од извори кои не се експолатирани од фирми.
Секако дека сум против овој закон кој е само алатка за полнење на пари на корпорациите.
Најновите истражувања на маркетот е дека Пепсико и Кока Кола Компани сега прават тешки пари од продавање најобична вода.
Доволно е да го киднапираат и да го држат во толпа соба на 30С три дена, па да види дали ќе го спасат парите.Ги боли к*р тие што гласале полни се ко брод со пари па за вода лесна работа