Германија го укинува правото на вода, истата ќе се наплаќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Бундестагот: Водата не е основно човеково право

Повеќето членови на германскиот парламент кренале рака за законот со кој правото на вода се исфрла од листата на основните човекови права.
mkd-37714.jpg

Станува збор за своевидна цивилизациска придобивка што Обединетите нации ја усвоија по Втората светска војна.

299 пратеници во Бундестагот сметаат дека водата не е човеково право и гласале за продажба на водата на корпорации, 75 од нив не се заинтересирани за оваа тема и не гласале, 124 пратеници немаат никакво мислење за човековите права и гласале воздржано, а само 122 пратеници гласале против приватизацијата на водата.

Реакциите на оваа вест засега се противречни во некои земји што сметаат дека усвојувањето на овој закон е во најмала рака шокантно, бидејќи правото на водата како универзално човеково право се исфрла од листата на загарантираните човекови права.
 
Не сфаќам, зарем ние не ја плаќаме водата во Македонија ?
Дали до сега не се плаќала во Германија?
 
Не сфаќам, зарем ние не ја плаќаме водата во Македонија ?
Дали до сега не се плаќала во Германија?

Ја плаќаме, но фонтани за вода која се пие постојат насекаде низ градот, доколку си бездомник и побараш вода, истата мора да ти биде пружена како твое основно човеково право.
Е сега нема. И да ти се пие вода, а немаш од каде, мораш да си ја купиш или капут:X3:
 
Оваа тема не е за ЧДА дефинитивно, ќе ја преместам во Свет.
Реков еднаш, ќе кажам пак: Кој го изгласал ова, да го пуштиме во пустина со вода во едно капаче од Кока-Кола, да видиме дали и после тоа ќе го држи истиот став. Идиотизам.
Нека приватизираат/продаваат, ок, се тоа, ама не мора вакви долни работи да прават.
 
Ја плаќаме, но фонтани за вода која се пие постојат насекаде низ градот, доколку си бездомник и побараш вода, истата мора да ти биде пружена како твое основно човеково право.
Е сега нема. И да ти се пие вода, а немаш од каде, мораш да си ја купиш или капут:X3:
Фала на објаснувањето.
он топик: не верувам дека ова ќе се проследи.
 
ја сум мисле дека ова германциве попаметни луѓе биле.
водата не е право, водата е услов за живот. овие во парламентот изгледа немаат други закони за нив да расправаат, па сега се занимаваат со што ќе им текне.
 
Еве ја целосната одлука, на германски.Одбиен предлог со кој водата се прогласува за основно човечко право го Германија.
 
Дали то значи дека водата која при дожд од мој имот (покрив, двор) се слева на улица и оди во општинска канализација - општината ќе ми ја плаќа?
На пример наврнале ова година 1000 милилитри по квадрат, јас имам куќа со површина од околу 100 квадрати плус двор од 500 квадрати то ќе се помножи, ќе се оземе дел кој останал во почвата и рестото општината да ми го плати
 
Ваљда се подразбира водата за пиење само. Ама не сум сигурен. Ако е за било кој вид на вода, тогаш валидно е тоа што го кажуваш.
 
ја сум мисле дека ова германциве попаметни луѓе биле.
водата не е право, водата е услов за живот. овие во парламентот изгледа немаат други закони за нив да расправаат, па сега се занимаваат со што ќе им текне.

ти добиваш бесплатен дом и храна па те чуди ова ?

Бундестагот е сосема во право - Државата го поседува вашиот газ,ќе си плаќаш за вода пошто таа е државно благо.....

повеќе не ме чуди зошто западните земји ја исфрлија регрутната војска и територијална одбрана
 
Ваљда се подразбира водата за пиење само. Ама не сум сигурен. Ако е за било кој вид на вода, тогаш валидно е тоа што го кажуваш.
значи можам јас да не плаќам вода и да речам за пиење си купувам флаширана а со ова цел ден само се капам, вадам бавчата, мијам и перам низ дома. Цел ден нека грага од чешми.
 
Бундестагот е сосема во право - Државата го поседува вашиот газ,ќе си плаќаш за вода пошто таа е државно благо.....
Колку што сфатив, они повикуваат на приватизација на водата. Не верувам државата да почне да ја наплаќа водата, пошто во спротива, чао демократско капиталистичка Германијо.
значи можам јас да не плаќам вода и да речам за пиење си купувам флаширана а со ова цел ден само се капам, вадам бавчата, мијам и перам низ дома. Цел ден нека грага од чешми.
И секако ќе се преселиш во Англија за да ти успее планов.
Ако живееш у Африка, можеш да си набавиш специјални препарати за складирање на атмосферската вода.
Цела атмосфера над твојот имот е твоја сопственост. Нема авиони поминување од таму:X3:
 
До сега Швабите пиеле вода на државна сметка? Веднаш си градам базен во дневна и мало езеро за шатки во двор :)
 
Колку што сфатив, они повикуваат на приватизација на водата. Не верувам државата да почне да ја наплаќа водата, пошто во спротива, чао демократско капиталистичка Германијо.
Добро, да не се лажеме, со приватизација на водата, државата дебеееело ќе си заработи.:icon_mrgr:
 
Добро, да не се лажеме, со приватизација на водата, државата дебеееело ќе си заработи.:icon_mrgr:

Па со оглед на тоа дека сопствениците на водата ќе плаќаат данок на државата за истата...Here we go:X3:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom