Кој webmail го користите најчесто и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Кој webmail го користите најчесто?


  • Вкупно гласачи
    71

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.723
Поени од реакции
14.790
Јас лично имам на gmail, outlook и на yahoo. Имам и еден стар на mail.net.mk (од он-нет на времето) и тој го користам највеќе пошто скоро сите регистрации ми се таму, а од "модерните" најмногу го користам outlook.com
 
gmail.com го користам од 2005 најдобро се справуваше во тоа време со спам пораки а и сега не заостанува. Така сите дотогашни мејлови ги пренасочив на гмаил и останав верен корисник до ден денес.
 
Gmail го користам само за јутјубот, иначе грд е ептен, а за работа го користам Yahoo, најдобар ми е.
 
Gmail, се префрлив пред едно 1.5-2 години на него од hotmail т.е. сега outlook, и многу поедноставен ми делува и побрз.
Мада гледам сега го подобриле со редизајнов Outlook, ама сепак останувам на Gmail. Башка ме нервира тоа колку личи на метрото од Win8.
 
Gmail.com, Google everywhere.
 
GMail.com

Бев еден од среќниците што добија покана кога беше со покани во 2006та со 1 GB простор кога сите други нудеа по максимум 20 MB. Оттогаш не сум избришал ниту една порака (што не била спам) и сите си стојат :D Од пред тоа сум имал на Yahoo! и по ново Outlook ама не ги користам ни 1% затоа што нема споредба со спам заштитата и фунцкиите на GMail како автоматско детектирање на Newsletters и промоции (кои што не се спам) и нивно прескокнување на главниот Inbox како и создавање за сопствени филтери за директно бришење на мејл што се совпаѓа со одреден критериум. Други функции што Yahoo ги нема (а на Outlook до скоро не беше бесплатна е бесплатна IMAP/SMTP поддршка.

Исто со GMail не ти требаат алтернативни имејл адреси, мејл пратен на my.email@gmail.com и на myemail@gmail.com и на m.y.email+random@gmail.com ќе стигнат на исто место така да може да се претплатите на одредени спам сервиси со модифицирана мејл адреса (т.е алијас) и да направите филтер сите мејлови пратени на таа адреса да одат во канта.

Едно 1000 години е понапреден од останатите сервиси и плус ако не ви се допаѓа изгледот секогаш може да користите Thunderbird, Outlook (програмата), Opera Mail итн за воопшто да не го отворате и пораките ви идат инстантно.
 
Gmail, наједноставен ми е, плус со годините ми се собраа корисни книги, документи, контакти така да во секое време ми се достапни вака.
 
Gmail, да не се повторувам зошто, кажаа над мене :)
 
Моментално сум на hotmail т.е outlook али ќе се префрлам на Yahoo дефинитивно :)
 
live, hotmail ..исто е, најдобри се најдобар дизајн најдобра прегледност ..супер се :) :)
--- надополнето: 11 март 2013 во 23:28 ---
Иначе g-mail-от го користам само за андроид маркетот, и јутјубот..
 
Имам на GMail, Outlook и Yahoo од кои што најмногу го користам тој на Outlook, а GMail го користам за YouTube највеќе иако не го потценувам воопшто. :)
 
Gmail има наједноставен и најпрегледен UI кој сега и другите го копираа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom