Што го прави еден актер добар?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Интелигенција и ништо друго.

Еве ви листа:
Де Ниро, Пачино доста е.
За Де Ниро ми е интересно, што неговиот Татко Де Ниро постариот бил многу познат сликар.
Исто така Таткото на познатиот режисер Жан Реноар бил уште по познатиот Импресионист Огист Реноар. Огист бил татко и на глумецот Пиер Реноар и режисерот Клод Реноар
Кој вика дека талентот не е наследен?
http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_De_Niro,_Sr.
http://en.wikipedia.org/wiki/Pierre-Auguste_Renoir
 
Ако игра негативец, да го замразеш од дното на душата....

Хм, Хит Леџер е негативецот во Бетмен па го засакав од дно на душа. Ме ќари повеќе од било кој лик во тој филм и во глава ми се останати сите цитати, фацијални експресии, чувството дека тоа не е Леџер. Комплетен лудак, страшно харизматичен. Таков лик се создава, не можеш да го напишеш само на хартија. Затоа не го делам мислењето со тебе во овој дел.

Еве да земеме и една друга работа во предвид. Земете го Хјуго Вивинг во V for Vendetta, никаква фацијална експресија не можеш да видиш, гласот комплетно небитен, ама можете да замислите како некој друг би го извел тоа? Тешко нели.
--- надополнето: 8 март 2013 во 23:08 ---
Psyside треба да глумам сега? :D Кирстен добива хејт ради Твајлајт, а кога самите актери и екипа го хејтаат филмот, секако нема да е само на "jaболки и цигари" за филмот.
Кирстен не е актерка од висок ранк, ама минува како просечна, 5/10, има океј, солидни филмчиња што бараат минимална глума не само појавување дека ја имало во првиот дел. :)

Кирстен не е актерка, тоа е залутана душа со многу среќа во животот. Јас не се водам по хејт, им ги гледам филмовите. Ја гледав во Into The Wild и да сум ја гледала и во Twilight, страшно како стигнала да биде најплатена актерка. Греота за луѓе што имаат талент.
 
RocknRolaa

Значи, да се појаснам, оти сега го прочитах мојо пост и заради самата краткост може да се интерпретира доста линеарно... Не да го замразеш актеро како човек, туку лико шо го игра....


Да речеме, мен џокеро у бетмен ме нервираше со сите тија изрази, со начино на говорејне, нештата шо ги говореше... И искрено сакаах да го распарчат на парчиина... Ама после коа се замислеш оти е само човек актер, едноставно ми иде на акл оти овај човек е брилијантен....

Нареднико од Фул метал џакет... Ѕвер... Не би сакал да се појавам пред таков у живо...

Сталкерот, Лектер и Бејтмен са мајнд фак негативци....
Лектер е доста културен човек, со манири, едноставно има една маана, касапе човеци....

Самио лик да ти лазе по нерви, да подигнува емоции у тебе како шо вистински човек би подигал емоции у тебе....

Иначе, Гери Олдман имаше интересно видео како објаснува оти него не го бива за кошарка, така и кошаркарите не ги бива за актери...

 
RocknRolaa

Значи, да се појаснам, оти сега го прочитах мојо пост и заради самата краткост може да се интерпретира доста линеарно... Не да го замразеш актеро како човек, туку лико шо го игра....


Да речеме, мен џокеро у бетмен ме нервираше со сите тија изрази, со начино на говорејне, нештата шо ги говореше... И искрено сакаах да го распарчат на парчиина... Ама после коа се замислеш оти е само човек актер, едноставно ми иде на акл оти овај човек е брилијантен....

Нареднико од Фул метал џакет... Ѕвер... Не би сакал да се појавам пред таков у живо...

Сталкерот, Лектер и Бејтмен са мајнд фак негативци....
Лектер е доста културен човек, со манири, едноставно има една маана, касапе човеци....

Самио лик да ти лазе по нерви, да подигнува емоции у тебе како шо вистински човек би подигал емоции у тебе....

Иначе, Гери Олдман имаше интересно видео како објаснува оти него не го бива за кошарка, така и кошаркарите не ги бива за актери...


Ќе излезе дека ги сакам негативциве, ама искрено ни Џокерот, Бејтмен ни Ханибал не сум ги мразела. Тоа е затоа што Леџер, Бејл и Хопкинс успеаја да покажат на екранот посебна психологија која стои зад психопатот, а за тоа гледам филмови, тоа е глума. Ако сакам да се вознемирам од човечките глупости ќе пуштам документарец и ете ми реалност.

Ова со Гери Олдман нема врска со нашиов муабет, ама одамна го знам клипов и ме има изнасмеано човекот. :)

П.С: Само еден негативец сум го мразела ако можам да речам така. Ралф Фајнс во Шиндлеровата листа. Сакав некој да му ја извади душата во филмот. Холокаустот ме ужаснува и тоа посебно влијаеше врз мене, ама Фајнс самиот заврши ѓаволски добра работа.
 

Гери Олдман го ставих како у генерален контекст со темата за добро/лоши актери... Не дека има врска експлицитно со нашио маабет.... :-)


Ралф оти е бил ного пати негативец, малко ми беше чудно коа го направија М у Џејмс Бонд. У секој момент очекуваах да напраа некаков сакатл'к и да стане лош момак.. :D:D
 
Мене лично најбитно ми е актерот да е природен, да не глуми, него да тече низ него.....да не застанува, да нема промена во начинот на интепретација ако таа не е потребна. Исто така трансформациите се многу битен аспект кој дополнително те внесува, тука би го додал и соживувањето, актерот да те трогне, да те возбуди, да те развесели, едноставно да станете едно....да сочуствуваш со него да заборавиш дека све тоа е само филм.

Неколку примери, Ентони Хопкинс во Фастест Индијан...или пак Џек Лемон во Гленгери Глен Роус, исто така Поул Њуман во Колд Хенд Лук....први што ми текнаа во моментов.
 
Добриот актер треба да изгледа природно, како воопшто да не глуми. Тој (или таа, нормално) треба да го разбере сценариото и од едни обични букви на лист хартија да создаде креација, живо човечко суштество. Од сценариото, читајќи ги редовите, но и читајќи помеѓу редовите, актерот треба да го запознае својот лик, да го почувствува и на крај да се претопи во истиот. Главната цел овде е да ја натера публиката да си помисли дека не гледа човек кој глуми, туку реален лик. Неспорно е дека пред се` за ова треба да се има талент, но треба и да се има желба за постојано надоградување, посветеност кон ликот и филмот општо, истражување ако има потреба, во некои случаи и зголемување/ намалување на килажа.

Друга работа, добриот актер мора да знае да игра различни улоги, во филмови од различни жанрови, филмови режирани од различен режисер, според сценарија напишани од различни сценаристи. Во спротивно, може да се смета дека на некој едноставно му се посреќило или пак дека е способен само за едни исти улоги, за што Американците го користат терминот typecasting.

Трета работа, харизмата. Како и во секојдневниот живот, некои луѓе имаат повеќе харизма, некои помалку. Конкретно во филмовите, некои актери знаат да ти го привлечат вниманието и поради тоа да уживаш во секоја нивна сцена. Други можат да ти бидат одбивни и да ти го скршат филмот. Буквално. Пример за првата група - од овие новите, Џенифер Лоренс, а од постарите, шо знам, Никол Кидман и Џулиен Мур. Меинстрим пример за втората група – Кирстен Стјуард.

Четврта работа, глумење со тело, фаца или глас. Добриот актер треба да се претвори во ликот и психички и физички. Ова е малку зезнато бидејќи, за разлика од дијалогот, за оваа работа нема детални описи во сценариото. Поради тоа, интерпретацијата паѓа врз грбот на актерот, или евентуално на режисерот. Актерот треба да се стави во кожата на својот лик, да го преземе неговиот глас, неговото движење и држење. Добрите актери знаат да го извлечат максимумот и со минимален дијалог. Не за џабе бабата од Amour беше номинирана за Оскар, иако речиси цел филм го помина лежејќи во кревет.
 
Плус еден актер треба да биде малку на.. другата страна.. :rolleyes:


893554_10151581705802214_2065955330_o.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom