Cosmos (Carl Sagan) & Cosmos: Space and Time Odyssey (Neil deGrasse Tyson)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
Cosmos (1980)
Cosmos-1980.jpg


Планирам да отворам и посебна тема за Science документарци (ако некој не ја отвори пред мене) но во секој случај оваа документарна серија заслужува тема. И не само тоа, оваа серија е мајка на стотици документарци од овој тип кои следуваа.

Серијата е лектира, нешто што мора да се види, нешто што ги проширува хоризонтите. Пред се е наменета за помладата публика, за оние кои се запознаваат со тајните на универзумот, но за жал читајќи што се пишува по форумов, нема да им штети на многу полнолетни.

Благодарение на МТВ на времето ја изгледавме и ја изгледавме и ја изгледавме... :) Денес, мислам дека треба да е дел од образованието, нешто што секое дете треба да го види и да разбере, затоа што Карл Саган со неверојатна леснотија ги објаснува и најтешките за разбирање работи и го задржува вниманието до максимум. Кога бев дете, не сакав да заврши епизодата, можев да го слушам со часови како зборува. Кога сите би предавале како него, образованието би цветало, луѓето би разбирале могу повеќе.

Во 13 eпизоди, Саган зборува а теми како: големината и составот а Универзумот, потеклото на животот на Земјата, историјата на астрономијата, нашиот Сончев систем, патување низ времето, ДНК и гени, НЛО итн...

Топло ја препорачувам серијата на сите кои ја пропуштиле, кои сакаат да се потсетат или прв пат слушаат за серијата. Најмногу им ја препорачувам на помладите членови.

Прва епизода:

Комплетна плеј листа со сите епизоди.
 
РТСкопје или МТВ, поодамна беше.....идеа и Arthur Clarke's Universe во некое време (може со српско-хрватска синхронизација, ама не е тоа битно)....
Серијата или книгата, ама во денешно време серијата би била поприфатлива....
Јас ја симнав на торент многу скоро и уште не стигнав да ја прегледам, а мислев дека е направен некој ремастеринг или нешто за да се гледа во подобар квалитет....нормално не ни бега youtube, и уште понормално не изостануваат малоумните коментари од ликови со "lovesJesus" во името, кои не виделе ни секунда од серијава, а кога би ја погледале би имале сосем поинакви и похумани погледни кон животот....
Карл Саган (во денешно време Каку), не само што објаснуваат со леснотија, туку ги донесува до такво ниво на сфатливост и прифатливост за публиката што е неверојатно...уживам да ги слушам...меѓу другото, Саган вметнува многу сериозни филозофски пораки и размислувања за подобра иднина на човештвото, планетата и еден куп други досадни работи за младинава (покрај турски и јенки серии и реалити шоу 24 саати)....
Што ли сум мислел кога сум ги гледал како дете.....дека во 2013 ќе се движиме низ вселената со леснотија како по дома, нови системи, планети......ние си ја лупаме главата во 200км земја и се распрааме со луѓето од пештерите :facepalm:
 
Во 2014 година се очекува нова верзија на Cosmos а како наратор Sagan ќе го замени Neil deGrasse Tyson.
Иако... јас повеќе би сакала тоа да биде Kaku.
 
Заборавив да спомнам дека на повеќето од епизодите има апдејт од неколку минути на крајот, со нови работи кои се откриени од 1980 кога е снимена серијата.
 
Човеков беше гениј а и самата серија е неверојатно добро направена. Заедно со монти пајтон можеби најдобрите нешта што некогаш биле направени за телевизија. :cuc:
 
Официјален трејлер за новиот „Космос“, премиера на Фокс на 9 март. Де Грас е наратор, како што беше најавено......the greatest story ever, ја очекуваме!


Ех, да чита од МТВ некој и да му текне да го откупи, па макар и после 2,3,10 години...
 
Вчера излезе првата епизода на Cosmos - A space-time odyssey. Ја има по торенти.
 
Карл Саган е класика. Сторителингот му е мнооогу добар. Баш она, ако нешто го разбираш, ќе го објасниш на едноставен начин.
 
Oсвен на Фокс и на Национална географија го даваат ова Космос.
 
ВРВ документарец - benchmark за продукција.Посебно старите епизоди , сеуште изгледаат ну ејџ.
 
Oти е на некој начин продолжување, нека биде темава и за новата. Се надевам се разбираме.

Ги изгледав првите две со Neil deGrasse Tyson и се прилично епик, иако е прилично разводнето и симплифицирано баш како за да биде дел во образованието, ептен задржува внимание и изгледа одлично. Топла препорака па еве постов нека е bump за некој што има испуштено стара ил нова. (y)
 
Oти е на некој начин продолжување, нека биде темава и за новата. Се надевам се разбираме.

Ги изгледав првите две со Neil deGrasse Tyson и се прилично епик, иако е прилично разводнето и симплифицирано баш како за да биде дел во образованието, ептен задржува внимание и изгледа одлично. Топла препорака па еве постов нека е bump за некој што има испуштено стара ил нова. (y)

Нема баш многу нови работи што не си ги знаел, ако си се интересирал пред тоа, но сепак има доволно работи кои ги гледаш појасно, пример како што беше за окото* во последната епизода.






*не си одам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom