Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.624
- Поени од реакции
- 59.477
Cosmos (1980)
Планирам да отворам и посебна тема за Science документарци (ако некој не ја отвори пред мене) но во секој случај оваа документарна серија заслужува тема. И не само тоа, оваа серија е мајка на стотици документарци од овој тип кои следуваа.
Серијата е лектира, нешто што мора да се види, нешто што ги проширува хоризонтите. Пред се е наменета за помладата публика, за оние кои се запознаваат со тајните на универзумот, но за жал читајќи што се пишува по форумов, нема да им штети на многу полнолетни.
Благодарение на МТВ на времето ја изгледавме и ја изгледавме и ја изгледавме... Денес, мислам дека треба да е дел од образованието, нешто што секое дете треба да го види и да разбере, затоа што Карл Саган со неверојатна леснотија ги објаснува и најтешките за разбирање работи и го задржува вниманието до максимум. Кога бев дете, не сакав да заврши епизодата, можев да го слушам со часови како зборува. Кога сите би предавале како него, образованието би цветало, луѓето би разбирале могу повеќе.
Во 13 eпизоди, Саган зборува а теми како: големината и составот а Универзумот, потеклото на животот на Земјата, историјата на астрономијата, нашиот Сончев систем, патување низ времето, ДНК и гени, НЛО итн...
Топло ја препорачувам серијата на сите кои ја пропуштиле, кои сакаат да се потсетат или прв пат слушаат за серијата. Најмногу им ја препорачувам на помладите членови.
Прва епизода:
Комплетна плеј листа со сите епизоди.