Сакам да станам програмер

  • Креатор на темата Креатор на темата Fb1
  • Време на започнување Време на започнување

Fb1

Член од
7 март 2013
Мислења
9
Поени од реакции
0
Возраст
35
Го завршувам основното. Но сакам да станам програмер. Да ги научам скриптите JavaScript, Html, Php и сл. Во кое средно училиште за програмери да се запишам?
 
Ако си од Скопје, ,,Михајло Пупин'' -електро техничар за компјутерска техника и автоматика... Имаш програмирање 3 или 4 години не сум сигурен меѓу кој 2 години имаш плус изборна програмирање. Се учи Паскал, а на изборна Ц++, после тоа можеш на ФИНКИ да продолжиш, се зависи од тоа колку капацитет имаш и какви амбиции ;)
 
хтмл и пхп не се програмски јазици
јава скрипт да ама не знам кој може да се нарече програмер ако знае само јава скрипт
за средно моеш кое сакаш искрено, факултет ти е побитен
 
Иначе хтмл се учи по пракса редовна, а мислам дека и Јава скрипт се учеше само не сум сигурен, иако како што ти кажаа погоре тоа не се програмски јазици.
 
Ако ме питаш мене, не е ни битно у кое средно ќе идеш. Имаш СЕ на интернет. Научи си С/С++ и ќе си чуреш :D
 
Го завршувам основното. Но сакам да станам програмер. Да ги научам скриптите JavaScript, Html, Php и сл. Во кое средно училиште за програмери да се запишам?
Oд кој град си?
 
хтмл и пхп не се програмски јазици
јава скрипт да ама не знам кој може да се нарече програмер ако знае само јава скрипт
за средно моеш кое сакаш искрено, факултет ти е побитен
И HTML (hypertext markup language) и PHP ( open-source server-side scripting language) се програмски јазици ;)

On topic,
Подобро запиши се на некој по-математички смер за да развиеш логика а во меѓувреме имаш тон литература во врска со програмските јазици онлајн 100 пати подобро пренесена од тоа што ќе го учиш на школо во некоја книга од 1993
 
И HTML (hypertext markup language) и PHP ( open-source server-side scripting language) се програмски јазици ;)
Добро, разликуваш ти markup language од programming language?
HTML ти е за форматирање текст, aka описен јазик, а додека PHP е програмски јазик, наменет за веб сајтови.
Тоа што HTML е некаков(во случајов описен) јазик, не мора да значи дека е програмски јазик! Just sayin' :свиркам:
 
Муабетот беше дека се јазици (било програмски, скриптни или описни) и е пожелно да се научат.
Ако веќе идеш во детали PHP е скриптен јазик изграден врз основа на C
 
Добро, чим асистентка на ФИНКИ слушнав дека рекла за HTML дека е програмски јазик, не е до толку страшно. :D
 
И HTML (hypertext markup language) и PHP ( open-source server-side scripting language) се програмски јазици ;)

On topic,
Подобро запиши се на некој по-математички смер за да развиеш логика а во меѓувреме имаш тон литература во врска со програмските јазици онлајн 100 пати подобро пренесена од тоа што ќе го учиш на школо во некоја книга од 1993
се јазици, не програмски
html е јазик за графичко уредување
php е јазик за графичко уредување со опција за сервер дата бази, кој генерира html код, скриптирачкиот дел е на серверска основа (готов програм преведувач) и ти скоро никад не пишуваш скрипти
 
ХТМЛ + ЦСС + Џаваскрипт можат да напраат ного напредни нешта.... Ако знае човек да ги користе де... А за да знае да ги користе, требе да седне и да науче.

На крајо на дено ХТМЛ елементите стануват објекти шо може да се манипулират, рендерират и изменуват. Не е програмски јазик а е ставен да дава контекст и структура на текст (Нешто како ЛаТекс).

Клиентска технологија за веб нешта, страшно потценена од повеќето “хакери“ и од целио формален образовен систем за програмери, софтверски инжинери, и други титули шо дипломците љубат да си ги турат пред името.... Не се обрќа доволно внимание на него, как е сврзан со ДОМ, со Џаваскрипт, и колкава моќ има целото нешто заедно...
--- надополнето: 8 март 2013 во 00:20 ---
Исак ПХП 5 веќе си е фул флеџд програминг ленгивч со класи, објекти, со чуда со се... Има огромна база на библиотеки и веќе шпагетите се минимизират... И полека полека сакат да го обрнат да го компајлират, наместо да го интерпретират... :)
Иначе не само за бази со податоци, туку едноставно да создава динамички содржини... :-)
Може нештата и од фајлове да се читат, ЏСОН објекти, да консумира сервиси од СОА, итн итн итн... :)
 
PHP е апсолутно програмски јазик, доколку си заинтересиран за развој на веб апликации/сајтови тоа ти е најдобра опција. Иако искрено за подобро да го сфатиш програмирањето би препорачал да се почне со јава или ц++, после пхп ќе оди лесно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom