ABBA

  • Креатор на темата Креатор на темата ManowaR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Пребарувајќи по форум Музика, се разочарав кога видов дека нема тема за оваа шведска група. Верувам дека сите ги знаете и сте ги слушале, ABBA.

ABBA беше четиричлена група од Шведска составена од Анета Фалтског, Бјорн Улваеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад (се извинувам ако неправилно сум ги пишал имињата, неам појма како се чита шведски :)). Групата беше активна во периодот од 1972-1982. Да не гњавам многу, повелете:



 
Знам одвреме-навреме да преслушам некоја песна. Имам два албуми од нив на плочи и тие најчесто се случува да ги пуштам.
 
ABBA е музичка уметност.Благодарение на мојот татко ги запознав на 5 годишна возраст и до ден денес ми се меѓу најомилените изведувачи.Нивната музика никогаш нема да исчезне и ќе се слуша додека постои овој свет.За нив треба професорите по музичко во училиштата да одвојат доволно време и дел од наставната програма за да ги едуцираат учениците што е репер за врвна поп музика и нејзините почетоци.
 
Многу убава група. се евергрини. ги почитувам .многу се успешни ,браво. поздрав
 
добра музика имаат Аба, за своето време доста добри хитови. Музиката е прилично исцрпена нишка каде што скоро и да нема нешто ново интересно. Седумдесети и осумдесети врв, после надоле иде музикава.
 

Колку што разбрав сакаат да прослават 40 години од победата на Abba на Евровизија и победата повторно на Шведска на Евровизија дојде во прав момент. Сигурно во ревиалниот дел на Евровизија 2024 ќе им го посфетат на Аbba.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom