Најдолго патување со кола

Со кола 300 км до Ханиоти.
С автобус цела Европа(Виена, Минхен, Амстердам, Парис, Барселона, Ница, Кан, Монте Карло, Верона, Венеција)
 
До барселона 2400km(4пати),париз1800km(4пати),Лондон(2пати),Стокхолм, мојте имаат ќејф за патување со кола, what can i do
п.с. имам полнач за лаптоп во кола така да доста забавно е :)

Кажувај одма од кај го купи, и мене ми треба вакво нешто :)
 
Се важи ли со брод? :D Кушадаси-Панама 2 месеци :D
Штип-Марсеј со кола
 
Скопје-Берлин, одење и враќање со кола, досега три пати и наскоро ќе морам пак да одам.
Сама најмногу имам возено во еден ден Берово-Крушево-Струга-Скопје. Не толку многу километри колку што се лоши патиштата и релативно напорно ми беше да возам. До Софија и низ Македонија веќе не ги ни сметам како патување, ено ги кај се :D
 
Тура низ Европа,Хр,Гер,Сло,Ита,Шпа и назад. Некаде околу 6-7000км возење.Незнам за другите,ама возењето ме одмара. Многу зависи со што кола одите на пат,некои коли може да ве преморат и до Куманово.
 
Ме имаат возено : Нитра - Скопје
А најдолги релации со воз, комбинирано воз и автобус, комбинирано авион,автобус,воз: Скопје- Чадца / Чадца-Скопје (мало градче во северна Словачка) околу 1300км пат. Прилично долга релација за со воз , поради чекање од по половина час за смена на возови фаќа околу 30 часа пат (не сметајќи ги балканските каснења)
 
Како километри во еден ден, одење-враќање Битола - Атина 1400км.
Како road trip возење во продолжение со одмори 5000км од Битола, Истанбул до централна Турција па круг преку медитеранот, егејот и назад.
 
Во 1 ден пет пати Скопје - Преспа. Грубо околу 1000км. Од сабајле во 5 до касно вечер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom