Измислен превод на интернационализми

  • Креатор на темата Креатор на темата Channar
  • Време на започнување Време на започнување
Крајно дебилни се овие буквални преводи кои веза немаат со логиката и реалноста.
Се запрепастив кога прочитав како некој дебил го превел процесор како обработувач. Треба да си екстремен дебил без мозок за да го направиш тоа.
 
Хрватите веќе почнаа со одомаќинувањето на интернационализмите и со буквално преведување на истите (компјутер - рачунало, авион- зракоплов итн), па ајде тука сега тргнувајќи од креативноста и богатството на македонскиот јазик и дозволата за маневри од истиот и ние да смислиме, измислиме зборови кои би ги сместиле во македонски јазик.

Авион е интернационализам??
 
Пролиферација-ширење.

Извини ама тоа не е ширење. Дефиницијата за зборот гласи дека се работи за масовно растење на нешто, скоро во експоненцијална форма. Кај нас во по дефиниција, зборот е во стриктно општа смисла поставен (ширење).

Ривали-противници.

Ривали и противници не е исто.
 
А диверзификација знаеш што е?
Да дадеше некој пример твој ајде ама вака критика без ниден пример што правиме?

Инаку така е како што ми е пишано ривали се противници.
 
А диверзификација знаеш што е?
Да дадеше некој пример твој ајде ама вака критика без ниден пример што правиме?

Инаку така е како што ми е пишано ривали се противници.

По твојата логика можам ривал да го преведам и како непријател. Подеднакво ќе има смисла. Затоа постои дефиниција на странските зборови/интернационизми, и постојат дефиниции за нашите зборови. Ако не се совпаѓаат дефинициите, зборовите благе везе немаат еден со друг.

Не е поентата да ги преведеме интернационизмите (што пак не е наш збор, веројатно треба да ги викаме светоречја?) само со наши постоечки зборови. Ако имаме цел да не употребуваме странски зборови, треба да формираме наши, бидејќи нема доволно зборови во македонскиот јазик сега за сега кои би ги замениле србизмите, англицизмите и останати интернационизми.

Диверзификација знам што е, и за тоа немаме соодветен македонски збор. Инаку за кои зборови сакаш примери? Нема проблем, ќе пробам да најдам нешто.
 
Ако Норвежанец е за Норвешки жител, како е за жител на Брег на Слоновата Коска?
Брегослоновокоскач???:)
Ова можеби не е за тука ама да прашам
И уште нешто ме интересирало, зошто Београд е Белград, a Њу Јорк не е Нов Јорк
По географија еден другар го прашуваат како се вика жител на Брегот на Слоновата Коска, тој вика Дрогба. :D
Он: глупо е малку да се преведуваат некои интернационализми од причина што ќе немаат никаква смисла.
 
По твојата логика можам ривал да го преведам и како непријател. Подеднакво ќе има смисла. Затоа постои дефиниција на странските зборови/интернационизми, и постојат дефиниции за нашите зборови. Ако не се совпаѓаат дефинициите, зборовите благе везе немаат еден со друг.

Ало бре преведувам моментално, и ти не ја знаеш цела ситуација во текстов, а јас ја знам и затоа најсоодветно за ривали е противници, во овај текст.
 
Ало бре преведувам моментално, и ти не ја знаеш цела ситуација во текстов, а јас ја знам и затоа најсоодветно за ривали е противници, во овај текст.
Со мојо скромен англиски да се умешам, ривали нели беа соперници?
 
Хрватите веќе почнаа со одомаќинувањето на интернационализмите и со буквално преведување на истите (компјутер - рачунало, авион- зракоплов итн), па ајде тука сега тргнувајќи од креативноста и богатството на македонскиот јазик и дозволата за маневри од истиот и ние да смислиме, измислиме зборови кои би ги сместиле во македонски јазик.
Хрватите почнаа со ова малку поодамна -- едно десетина века пред да се родиш и да тресеш глупости на подфоруми за јазик. Хрватскиот јазичен пуризам не е многу за машала со измислувањето зборови. Било кој јазичен пуризам е патетично немоќен во напливот на нови зборови (ИТ терминологијата е доволен пример). Додека да измислиш асален збор, концептот веќе или застарел или исчезнал. Како ВХС касетите, Сони дискмените, флопи дисковите. Аирлија нека ти е маневрирањето и смислувањето.
 
Ало бре преведувам моментално, и ти не ја знаеш цела ситуација во текстов, а јас ја знам и затоа најсоодветно за ривали е противници, во овај текст.

Секако, ти знаеш све, нели? Tell me more pls :D
 
Инволвира-вклучува.
Интернационално-меѓународно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom