Маце,ќе јадеш ќотек.
Мојот став на темава е ДА! Мажот треба да присуствува на настанот. И не само да присуствува,да помага.За тоа и ќе биде таму нели?

А не за да паѓа во несвест,па по него да трчаат лекарите!
Но,ако сакам да бидам објективна,морам да кажам дека
партнерите треба да се договорат за тоа.Доколку кај партнерот постои отпор,страв,несигурност,тоа може да го пренесе на жената,па да предизвика други појави, во текот на раѓањето.
Знам дека
секоја жена сака и има силна потреба мажот да е до неа,да ја бодри,да и го држи стравот.Самото негово присуство, ќе ја опушти психички и се ќе оди полесно.Но,ако е свесна дека тоа го прави само за да и ја удоволи желбата,ќе има чувство на вина дека го присилува на нешто, што тој не сака.А тоа не чини потоа.
Знам исто така дека
секој маж посакува да е таму,ама не секој може да го издржи стресот и болката што неговата сакана страда,а тој е немоќен да и помогне,да и ги скрати маките.Двојни се чувствата кај мажите и се мачат,околу ова прашање.Не се плашат,можеби им е грдо тоа,но не од други причини,туку затоа што ги гледаат маките на жената што ја сакаат,па често си наметнуваат чувство на вина,дека тие се виновни за нејзината болка.
Ги разбирам и едните и другите.И ги поддржувам во нивната одлука.ЗАЕДНИЧКА!!!