Почина актерот Бранко Ѓорчев

  • Креатор на темата Креатор на темата Zakon4eto
  • Време на започнување Време на започнување
Нека почива во мир.
Најмногу ќе го паметам по улогата на Др. Страчковски во серијата Погрешно време.
 
Ццц како си одат луѓево значи немам зборови :confused:........... Почивај во мир легендо.
Твоите дела ќе останат со секоја генерација што израсна со сериите, филмовите и претставите во кои учествуваше. Бранко Ѓорчев ЛЕГЕНДА !!!
 
Јасно ми е дека темава е за да се оддаде почит, ама не можам да проголтам.
За овој изгубив почит кога го видов и-мејлот до костимографката Мери Георгиевска со отворени закани за да завземе страна и тоа неколку месеци пред неговата смрт.
Инаку жив просек како актер, најарен беше за рецитирање документарки.
Nemozes da progoltas ili nemozes da odolees na lajkovite so mozat da se zarabotat na tema koja go krsis mrazot so nekoja negativnost od pocinat covek?
Ne bidi smesen, ovie tvoi glyposti odi kazuvaj gi na kafe muabet so drustvoto ili u draga kajgana. Tolky.
 
Лајкови? :eek: За тоа ќе ја постирав Nothing Else Matters во Хит на Денот.
Барем не сум лицимерен како многумина кој го плукаја истиот Бранко пред некој месец како полтрон, а сега се однесуваат како да се членови на поблиската негова фамилија.
 
Ако алудираш на мене ондак дај го постот да видиме кај сум плукал против чоеков? а?
или па туку така напиша, колку само некоја одбрана у муабет, демек еве ја види го зезнав, го надитрив на говор (и :drk:таму)
 
Имам слободно време, ама не дотолку да земам да ги читам сите мислења на секој член поединечно.
Форумов го гледам само како платформа за забава и тепање време, така што не ми е воопшто важен тој форумски авторитет.
Ти се осети нешто загрозен дека те победив на говор? :confused:

Ајде да ти објаснам зошто го напишав тоа, требаше да оди во генерална дискусија за актери, ама чкртнав махинално и ме мрзеше да го преместувам истиот...Кога ја видов прв пат темава одма ме асоцираше на случката пред неколку месеци кога истиот суптилно и се закануваше на вработена во театарот дека ќе ја отпушти од работа ако не го поддржи во неговата политичка кампања.
Друго што ми падна на памет е кој е тој гнев што треба да го имаш во себе за да знаеш дека имаш уште неколку месеци живот и енергијата што ја имаш наместо за да ја потрошиш со позитивни мисли кон своите колеги и најблиски ти да се обидеш да му ја загрозиш животната егзистенција на млад човек.
Трета работа што ми падна на памет е Wilko Johnston кој моментално умира од рак и има уште неколку месеци на живот.
Човекот сега прави проштална турнеја за своите фанови со единствена причина за да се прости со добра мисла со сите луѓе кои го поддржувале во текот на неговата кариера.
Има една изјава која што мене ме плени каде што кажува дека овие неколку последни месеци од кога му е кажано дека ќе умре се најдобрите во текот на целиот негов живот.
Дека истиот се радува додека шета по паркот на секој лист што ќе падне од дрвото, дека се радува на секој риф додека свири со гитарата, на секој разговор со непознат човек, едноставно се работи за секој момент, за разлика од порано кога бил оптеретен со тоа колку такси треба да плати, што треба да направи во куќата и слични секојдневни обврски кои ги имаме сите.
Четврта работа што ми падна на ум е тоа дека на светот постојат добри и лоши луѓе.
Вилко Џонсон е добар човек, додека Бранко Ѓорчев е лош човек барем според делата што ги прават.
Затоа не гледам никаква причина да му оддадам некаква почит на лоша личност. Повеќе емпатија имам за непознатиот Трајче Трајчев кој наполнил 85 години и го гледам на некролог, него ли за Бранко Ѓорчев.

Појасно ти е сега малку?
 
Дечки со исав малку, доста расправии, докажавте поента. Понатака вакви постови бришам, со памет.
 
Имаше специфичен пријатен глас за слушање, добар актер беше. Почивај во мир.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom