Почина актерот Бранко Ѓорчев

  • Креатор на темата Креатор на темата Zakon4eto
  • Време на започнување Време на започнување

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Локација
Скопје, Карпош
Актерот и актуелен директор на Драмскиот театар во Скопје, Бранко Ѓорчев после долго боледување синоќа ја изгуби битката со ракот.


brankogorcev.jpg


Бранко Ѓорчев е роден 1962 година, а во 1986 година дипломира на Факултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. Имаше остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.
Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на оваа фунција.
Во ноември минатата година Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
 
Актерот и актуелен директор на Драмскиот театар во Скопје, Бранко Ѓорчев после долго боледување синоќа ја изгуби битката со ракот.


brankogorcev.jpg


Бранко Ѓорчев е роден 1962 година, а во 1986 година дипломира на Факултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. Имаше остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.
Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на оваа фунција.
Во ноември минатата година Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија. Извор: www.kurir.mk
Вечна ти слава братучед, неможам да ги заборавам детските моменти коа секоја нова година ни носеше цд-а од светот на бајките. Респект хероју!
 
Јасно ми е дека темава е за да се оддаде почит, ама не можам да проголтам.
За овој изгубив почит кога го видов и-мејлот до костимографката Мери Георгиевска со отворени закани за да завземе страна и тоа неколку месеци пред неговата смрт.
Инаку жив просек како актер, најарен беше за рецитирање документарки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom