- Член од
- 6 мај 2013
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 10
Вистина е дека озвучувањето беше прегласно за салата, додуша можно е и салата да не акустично изведена. Да не заборавиме дека ниеден концерт не поминува без некој проблем. Мене искрено ми сметаше тоа првите три секунди, потоа се вклопив во амбиентот и до крај на концертот уживав. Од видеата на youtube тешко дека може да се долови (со скромни зборови) атмосферата на концертот. 20.000 луѓе во транс ги пеат до збор текстовите, а дополнително атмосферата се подгреваше со сценографијата која изобилуваше со светлечки ефекти како и богат огномет. Конечно, бендот го доживеав (ова уште од првата секунда па се до крајот) како професионалци на кои не им е ни потребно да си сигнализираат ниту пак да се пратат еден со друг, едноставно знаат дека се на свое, а своето го даваат максимум. Се согласувам со Hurin дека вредеше секој потрошен денар како и поминатата километража за да се доживее таков спектакл.
Пивото го купив во центар на Загреб во Rockmark, продавничката одвај ја најдовме. Цената му е 35 куни (4,6 Eu)
Еве и една фотка од мојата позиција
Пивото го купив во центар на Загреб во Rockmark, продавничката одвај ја најдовме. Цената му е 35 куни (4,6 Eu)
Еве и една фотка од мојата позиција
