Учиме англиски

  • Креатор на темата Креатор на темата *ivv
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 февруари 2013
Мислења
23
Поени од реакции
4
Сакам да учам англиски, имам добро познавање но се губам кога слушам филм или кога читам нешто имам доста работи што не ги разбирам. Ако може некој да ми даде совет како самостојно да учам дома, немам време за курсеви и такви работи сакам да учам дома, ако знае некој некаков начин или некоја страничка на нет нешто каде што би можела да си учам, сакам да читам литература на англиски но прво сакам да го усовршам. Не би ми сметало да почнам и од азбуката :)))))
Однапред благодарам :)
 
Симни си филмови, пробај да не го гледаш преводот и да сфатиш за што се работи:)
Ако не разбираш некои реченици, врати го филмот поназад и прочитај:) Ќе ти влезат во уво некои фрази, можда ќе запамтиш и некое ново зборче :)
 
Јас прилично добар метод кој сум го открил е додека слушаш песни на англиски најди си текст од песните слушај си ги и следи ги по текстот! Така сум научил зборови и фрази кои не сум ги знаел!
Исто имам еден линк до учебници за он лине учење после ќе го побарам и ќе ти го пуштам!
 
Ко најпрвин не ми е јасно како немаш време за посетување на курсеви?Тоа е еден до два часа...Времето кое го поминуваш на компјутери можеш да го искористиш за тоа.
Никој не може да те научи подобро од професори но кога веке сакаш да учиш дома мислам дека се продаваат цдња со Англиска граматика,азбука,земај си и речници за почеток.За понатаму гледај како ке одат работите но мој совет би бил да отидеш на курс но ти како сакаш. :)
A и да,слушај песни на Англиски како што ти кажаа веке претходно :)
 
Верувај немам време, од 8 до 16 сум на факултет. и што побрзо кога ќе си дојдам :) треба да учам бла бла.. па да се спремам да идам на курс.. многу време одзема вака ми е поедноставно. Фала на сите ќе се потрудам да најдам нешто. А филмовите не ги разбирам брзо ми зборат тоа е проблемот сакам да научам убаво за без проблем да гледам филм без превод или да читам книга на аглиски. позз
 
Научи се прво да читаш и пишеш на англиски. Ама да пишеш и читаш без никаква помош.
После се учи да слушаш и говореш.
За пишејне и читајне, најди си на интернет или купи си книга од книжара за ТОЕФЛ.
Курсовето ништо нема да те научат. Оти после вторио час, ќе ти е обврска. А шом ти е обврска, ќе се инатеш да не запамнеш ништо.
 
Верувај немам време, од 8 до 16 сум на факултет. и што побрзо кога ќе си дојдам :) треба да учам бла бла.. па да се спремам да идам на курс.. многу време одзема вака ми е поедноставно. Фала на сите ќе се потрудам да најдам нешто. А филмовите не ги разбирам брзо ми зборат тоа е проблемот сакам да научам убаво за без проблем да гледам филм без превод или да читам книга на аглиски. позз
Слушај музика и гледај филмови со англиски превод.
Нешто ако не знаеш направи пауза прогуглај го зборот што значи и готово.

П.С Од лично искуство ти кажувам јас исто и германски и англиски сум научил.
Германскиот од нула го научив не знаев ниеден збор само од гледање тв научив да зборам, слушам, преведувам пред да ја научам азбуката на германски.

П.С2 Ти кажаа и погоре најдобро се учи со слушање на јазикот ако имаш шанса да престојуваш во земја каде што се збори англиски барем еден месец искористија.
 
Курсовето ништо нема да те научат. Оти после вторио час, ќе ти е обврска. А шом ти е обврска, ќе се инатеш да не запамнеш ништо.

Oд каде ова дека ништо нема да научи на курсевите?Тоа ти е исто како час по Англиски во средно или основно образование.Само што овде немаш оценки но добиваш и дипломи која можеби на крај ке ти биде од голема корист.Се е зависно од професорот како ке те научи и како ке го води часот.
Нема да негирам дека постојат и чкарт професори кои не си ја сфакаат сериозноста кога им предаваат на децата по курсевите.Но јас познавам многу кои предаваат курс и за кои имаат само пофални зборови.
Но зависи и од твојата желба за учење,ако немаш желба нема да научиш па кај сакаш оди.
 
Најубаво иде со некое хоби или пасија, оти така ќе учиш неприметно башка нема да ти биде замарање.
Пробај со музика, филмови, и списанија (а подоцна и книги).
 
мене лично интернетот и америчките форуми и веб страници најмногу ми помогнаа
 
Сакам да учам англиски, имам добро познавање но се губам кога слушам филм или кога читам нешто имам доста работи што не ги разбирам. Ако може некој да ми даде совет како самостојно да учам дома, немам време за курсеви и такви работи сакам да учам дома, ако знае некој некаков начин или некоја страничка на нет нешто каде што би можела да си учам, сакам да читам литература на англиски но прво сакам да го усовршам. Не би ми сметало да почнам и од азбуката :)))))
Однапред благодарам :)
EnglishMak, онлајн часови за учење англиски, има курсеви на различно ниво (зависи кое ти е потребно), разгледај си. Цената е многу поволна во однос на она што се добива.
 
Од тија места шо препорачувате нема да науче proper English.
Исто как шо некој да седне од мен да науче Македонски. :D:D:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom