Norah Jones

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.772
Поени од реакции
34.410
Ја сакам како изгледа, ја сакам како пее, и пегите на лицето и ги љубам, ја сакам комплетно. Има некаков сплет на толку невино и слатко, пристојно, скормно а сепак отмено и аристократско, овално лице, кружни црти, очи таман доволно ориентални да изгледаат егзотично, но не и премногу, црна коса полувиткана, идеална за да спиеш во неа (ќе и ги простам кратките шишања и дисиметриите што ги експериментираше), полно, медно усте, да ја урамиш дома, скоро и без шминка, максимално дискретна колку да се обележат контурите. Од друга страна има некоја блага жичка на даркерство и готика, таман темпирана за да делува со интригрантна мрачно интелигенција но не и премногу како оние ишараните групи на Мерилин Менсон кои се без вкус. Отсекогаш ми се допаѓала кај женско блага даркерска жичка само да не се претера. Некоја неодолива меланхолија и се гледа во погледот, иако вака на прва не е евидентен, но ја издаваат очите кои одаваат една талкачка личност, и атмосфера како оние опишани од Џорџ Бајрон во романтизмот. Лесно може да се претопи и во Поевата Леонора, и во Иговата Есмералда, но и во Кити на Левин. Не може да се најде нешто расипничко, невредно, гадно кај неа или па јас не го гледам, што е општо чудно имајќи го во предвид времето во кое сме и нејзините соестраднички во годинивие Лејди Гага, Ријана(за жал иако на почетокот многу ја сакав и неа), Кети Пери, Ники Минаж и Мадона, да Мадона отсекогаш во 90% од ситуации ми делувала на невкус и кичерај отколку на некаква си револуцинерка во музика и мода. Можеби револуционерка на ороспизмот и шундот. Од друга страна последниот албум на Нора Little Broken Hearts, го има тој звук кој комбинира алетрнатива, авантгарда, солажи на гитари и продорни вокали што потсеќа на психоделичниот рок но ги има и во трпи хопот и во експерименталниот рок па звучи една магична фузија на Рејдиохед, Масив Атак, Ер (Air) со финеса од Бет Гибонс од Портисхед, Бјорк па дури и Поркјупајн Три (Пијано лессонс и сл.). Сличен филм со таква дарк позадина сака да уметне и Лана Дел Реј но за жал кокетирањето со ороспиизмот во спотовите, ефтиниот обид тоа да се подметне како уметност и максимално плитиките текстови ја прави само неуспешна шминка без содржина, иако многу од младиве демек алтернативци и антимејнстримери многу ја сакаат како демек something different. А Нора Џонс, Нора Џоунс е она што за мене е совршенство.
norah_jones_002.jpg

norahjones.jpg


Norah+Jones.jpg



Иако оригиналнот автор е скептичен и му е чудно што и други луѓе знаат да имаат вкус, сепак преубаво склопено, и иако без техничкиот дел како дискографија и слично, преубав вовед за една преубава девојка.

Незнам дали е до џез жичката, или стриктно до вокалот, ама девојчево маѓепсува! Има 5 студиски албуми и е закитена со греми награди и какви ли не. Потценет талент ипак, и мислам дека фалеше тема. Ако има желба модераторот, нема љутба, нека ја прошири темава, од мене ќе поставам само омилената нејзина песна/изведба, и секој што ќе слушне би ја ценел, макар жанрот на музика што го преферира.


A oд последниов албум

 
Хејтери мои мочуришки, мразачи мои барски. Оваа е темата каде што може да ја хејтате Нора Џонс оти јас ја сакам:love: , без последици. Најкреативните, најоснованите и најхумористични хејтови од мене добиваат лајк и чашка ракија на следна форумџиска кафана. Од друга страна најубавите постови за неа на темава добиваат лајк и 2 чашки ракија. Да почнам јас. Зошто мораше да ја скрати долгата коса и да ја направи (скоро) полубричена лејка не ми е јасно ама дефинтивно и е модна утка.
11470174020582134_shheNYaR_b.jpg


Она на што дефинитивно треба да поработи е комуникација со публика. Имам доста концерти изгледано во живо и се некако многу механички ми ги настапува. Доаѓа на сцена, пее, некогаш и се гледа дека е внесена во песната, оти ако не се ставиш во песната џабе ја пееш ама како да си свири сама на себе. Знам дека некои личности се интровертни, повлечени, срамежливи па дури и мизантропи, ама чим си одбрала ваква професија ќе мора да избаласнираш. На крају краева тие луѓе ти го плаќаат лебот, те слушаат, те обожаваат, некои млади и идолизираат, платиле може и не така мала сума и одвоиле време за да те видат, испочитувај ги малку. Иако физичката граница помеѓу изведувачот односно сцената и публиката не може да се намали, сепак онаа психолошката, интимната, емотивната бариера може. Во спротивно ќе изгледа како оној роботоизираниот скелет на батерии Каролина Гочева. Добро оваа нашава дури делува препотентно, арогантно и надмено, ама ми ја сфаќате поентата. Нора, те сакаме. Ела ни на Скопски Џез Фестивал.
 
Нели дојде ѕверкава во Скопје?
Беше некој?
Или нема дојдено?
 
Нели дојде ѕверкава во Скопје?
Беше некој?
Или нема дојдено?
Требаше да дојде на Охридско лето пред две години т.е имаше најава ама остана само на тоа.

Ја засакав после првата песна што ја слушав од нејзе:
 
Постот на Сусаро во воведот на темава (y)
Нора Џонс ми е преслатка.. и не додавам веќе ништо пошо сè е кажано :)
 
Сцена од филмот Two weeks notice, го има бонбончето од 0:40 натака. :love:
Краватата на Хју е крај на програмата. :pos:
Целиот неков лик е претставен во тој еден детаљ. :):)

 
Го ислушав сега овој албум нејзин
И можам само едно нешто да кажам....како досега не сум знаел за неа ?!?
Музиката и е феноменална и баш по мој вкус...+ изгледот и харизмата чиста 10ка...ова морам и на стариот мој да го пренесам ќе му се свиѓа 100%.
Фала што отворивте тема :)
 
Eден од омилените ми женски вокали. Слабост ми се вака нежните, кревки гласови. Можам цели денови да ја слушам и да не ми стане досадна. Обично коа спремам испити си ја ставам дискографијата нејзина во плејлиста и уживам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom