Дали е ова истиот бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Шо си се фатил ко ќоро за даб? Па и ко слеп за криф стап?

Виј го болдо и јасно ќе ти стане...а ако не...страшнио сут ено, кај и да е, ако не утре, другиден, за некој милениум ќе го биде. Ти саде памти и опитај тогај.

Бреееј. Овој ли е, оној ли е, чиф ли е, мој ли е, твој ли е, на Мојсие ли, на Муамед, на Исус татко му, на Аврам татко му...шо си припнал ко магаре со пченица у уво заврзано за дрво (најлесен начин да самиубиеш магаре е даму наросиш тро пченица у уво и да го врзиш за дрво да не бега) или ко магарица со коњска муа под опаш.
Лесно ти е тебе, мене ме мачи потреба од знаење
 
Секако дека нешто не штима во целата трилогија наречена Аврамски религии.
Според мене,голема разлика и нема доколку направиме споредба помеѓу Јахве од Стариот Завет и Алах од Куранот,мислам дека сите особини кои им се припишани како осветољубивост,љубомора,посесивност,потоа големиот потоп,Содома и Гомора-се важен индикатор,барем за мене лично,дека сето тоа произлегува од фактот дека се работи за човечки писанија,свети книги или како сакате наречете ги.Јахве и Алах се совршена рефлексија на менталитетот на Евреите и Арапите од тоа време,кој многу,очигледно,не се разликувал.
Е сега вистински натрапник во сето ова е Исус,очигледно е дека учењето што го ширел и моралните норми кои ги воспоставил за тоа време,несомнено биле револуција во тој поглед.Без навреда кон било кого,но секој обид за влечење паралели помеѓу Исус и Мухамед,е во најмала рака неиздржано.Јас Исус го гледам како своевиден хипик и комунист уште во тоа време,за разлика од воинствениот и мераклија на жени-Мухамед.Дали Исус се разликува затоа што можеби Христијанството е креирано од страна на Рим,чиј менталитет сигурно бил различен од тој на Евреите и Арапите,или е нешто друго е во прашање,немам доволно информации и познавања за да можам да заклучам дали е така или не.Во секој случај,иако го отфрлам концептот на Христијанството,сепак за мене тоа е многу поблиску во поглед на мојата претстава за семоќно битие,отколку очигледно човечките изуми-Јахве и Алах.
 
Дали е тоа истиот овој Бог на кој денес му се клањаат веруваат и поштоваат христијаните?
Истиот е,
Постираш цитати од духовна книга,а ги толкуваш телесно и бараш одговор на твојот заклучок.
Убивањето на мажи,жени и деца не се однесува на тоа како си ги рзбрал.
16 А токму жените, по Валаамовото наговарање, ги заведоа Израелевите синови да истапат против Господа во Фегоровиот случај. Така дојде помор во Господовото општество.

Има голема разлика во општеството.;)

И во новиот завет пишува за гневот божји,во откровени прочитај си.

Но,доколку тие тебе ти преставуваат пречка во разбирањата,земи пенкало и шкртни ги.
 
Добар си ти Летчо само мала духовна криза имаш па затоа многу прашања имаш на кои тешко добиваш одговор :icon_lol:.
Ама знаеш шо вика Бил Хикс: Господ не сака и нема нешто што би направил за да се смени тој факт....
 
Истиот е,
Постираш цитати од духовна книга,а ги толкуваш телесно и бараш одговор на твојот заклучок.
Убивањето на мажи,жени и деца не се однесува на тоа како си ги рзбрал.
16 А токму жените, по Валаамовото наговарање, ги заведоа Израелевите синови да истапат против Господа во Фегоровиот случај. Така дојде помор во Господовото општество.

Има голема разлика во општеството.;)

И во новиот завет пишува за гневот божји,во откровени прочитај си.

Но,доколку тие тебе ти преставуваат пречка во разбирањата,земи пенкало и шкртни ги.

Па не ги испотепаа духовно туку телесно, Бог не бараше духовна сатисфакција туку крв и злато.
Значи ли и сега треба да се убиваат жени кои би рекле да се истапи против Бога?
А тие жени кои не познале маж (девици) да си ги земеш за себе
А децата иако ништо не рекле - и нив да се убијат?
дали и денес важи тој божји принцип на убивање или сега е љуби го и неприателот свој....
 
Убаво потенцираше дека текстот е од Стариот Завет, додека христијанството се темели врз Новиот Завет.

Од Стариот Завет во Новиот Завет се спомнуваат само Десетте Божји Заповеди:
.

Стариот Завет е каузално поврзан со Новиот Завет. Тоа значи дека двата не можат да егзистираат независно и самостојно.
Фрапантните разликите меѓу неспорно истиот Бог во Стариот и Новиот Завет е толку голема, што ја доведува во прашање самата суштина или основа на христијанството.
Апсурдно е едниот ист Бог да е толку различен во респективните Завети.
 
Па не ги испотепаа духовно туку телесно, Бог не бараше духовна сатисфакција туку крв и злато.
Значи ли и сега треба да се убиваат жени кои би рекле да се истапи против Бога?
А тие жени кои не познале маж (девици) да си ги земеш за себе
А децата иако ништо не рекле - и нив да се убијат?
дали и денес важи тој божји принцип на убивање или сега е љуби го и неприателот свој....
Крвта е симболика исто како златото.

Ако одиме по твојата логика.
Овој го изел господ.
Еремија: 33:11 извици на радост, извици на младоженецот и невестата, воскликнувањата на оние кои што, во Господовиот Дом, ќе принесуваат жртви благодарници пеејќи: „Славете Го Господа над Воинствата, Зашто Господ е благ, Зашто вечна е Неговата милост!” Зашто Јас ќе ја обновам земјата, За да биде како некогаш‘ - Говори Господ.
Откровение: 10:9 И отидов при ангелот и му реков да ми го даде малиот свиток. И ми рече: „Земи го и изеди го! И ќе ти ја направи утробата горчлива; но во твојата уста ќе биде благ како мед.
:pos:
 
Tatkoto=edniot i edinstven BOG e toj!
Sin mu kako detiste saka da siri ljubov.
Tatica e strog deka e postar i znae deka ne ne spashava nas lugjeto ni ljubav ni nisto.
Aman
 
Крвта е симболика исто како златото.

Ако одиме по твојата логика.
Овој го изел господ.
Еремија: 33:11 извици на радост, извици на младоженецот и невестата, воскликнувањата на оние кои што, во Господовиот Дом, ќе принесуваат жртви благодарници пеејќи: „Славете Го Господа над Воинствата, Зашто Господ е благ, Зашто вечна е Неговата милост!” Зашто Јас ќе ја обновам земјата, За да биде како некогаш‘ - Говори Господ.
Откровение: 10:9 И отидов при ангелот и му реков да ми го даде малиот свиток. И ми рече: „Земи го и изеди го! И ќе ти ја направи утробата горчлива; но во твојата уста ќе биде благ како мед.
:pos:
Во броевите, Иизлез... е наведена историјата на евреите, ликови, настани, војни... сакаш да не убедиш дека е то симболика?? шифра за љубов е убивање, шифра за среќа е колеж?? Ако каже бог - убијте ги - то значи одете и бакнувајте ги ?!
Откровението, да тоа е полно со симболика, (мислам него 2-3 пати го острануваа од званичниот нов завет па го враќаа назат). Но постојат старозаветни книги кои ја запишаа историјата на народот. Се слиучи потопот или е симболика ? беа ли евреите заточени во египет или е тоа симболика, ги водеше ли мојсеј низ пустина или е то симболика?
 
Skenderbeg muslimanec bil ili ne?
Hamlet bil lud ili se prepraval deka ne e?

Bil li potopo ili ne bil?
Zosto ostajla Lenka kosula tenka, lenena, nedotkaena?

Navistina li tri dena ja nosele na race bez odmori i kapka po kapka pagjala krv?

A eden e BOG!
zamisli toa cudo
 
Во броевите, Иизлез... е наведена историјата на евреите, ликови, настани, војни... сакаш да не убедиш дека е то симболика?? шифра за љубов е убивање, шифра за среќа е колеж?? Ако каже бог - убијте ги - то значи одете и бакнувајте ги ?!
Откровението, да тоа е полно со симболика, (мислам него 2-3 пати го острануваа од званичниот нов завет па го враќаа назат). Но постојат старозаветни книги кои ја запишаа историјата на народот. Се слиучи потопот или е симболика ? беа ли евреите заточени во египет или е тоа симболика, ги водеше ли мојсеј низ пустина или е то симболика?
Духовното нема заедничко со телесното расудување.
Поимите кој се давани,како жена,деца,војници,судии и цели народи се само поими кој можат да се разберат доколку се исклучи временската рамка и погледот кој во разбирањата имаат телесна форма,све што е напишано е во духовен поглед.

Војник може да биде минута,саат(време) тоа го убива човекот.
Жена може да биде душата,која прима во себе духовно семе.
Децата оние кои се родиле (духовно) кои следат одредено верување.

Да ги убиеш,...ај сам размисли.;)

Мојсевата приказна и ден денес се одива,сеуште едни гонат,а други преминуваат.

Све тоа што е напишано,нема временска рамка.

Така и ти,временски ограничен,телесно ќе расудуваш.

Све што се случува е пред твои очи,
пробај да ги отвориш.:)
 
пробав така да ја читам библијата.... сменав едни поими со други... поооо батка!! каков порно трилер !
фала!
 
Alf пријателе, што е многу, многу е, па и од тебе:P

Јас лично не сум некој, верник, си имам свој концепт за Христијанството и Бог, уште помалку сум атеист, и увидувам од позиција на "пријател на верата" дека твоиве аргументи за вонтелесно расудување паѓаат како кула од карти, наспроти евидентните факти и очигледности.

Твоево наведува дека секој може да ја толкува светата книга како сака, дека војникот може да биде и минута (време), а може да биде и којзнаеш што.

Тоа исто наведува дека Црквата го дала најпогодното толкување за да може да владее, а покрај неа и елитата која сака д аима контрола врз масите.

Мислам дека е поубаво во вакви дискусии да се дистанцираш од пишаното, бидејќи којзнае што, како и кој го пишал тоа и го променувал во своја корист.

Претстави го поарно својот концепт за Бог, кој во рамки на философска дискусија, ќе можеш да си го одбраниш во секој момент, без употреба на пишан документ (ака света книга), која те става у подредена позиција во секоја дискусија.
 
пробав така да ја читам библијата.... сменав едни поими со други... поооо батка!! каков порно трилер !
фала!
Чекај бе батка кај се залета одма,
ела првин да ти плукнам во очите.:D

еве пробај со Данаил..ако себеси се видиш во сите животни,си прогледал.:P

2 „Ноќе во видение погледнав: кога ете: четири небесни ветрови го разбрануваа Големото Море.
3 Четири големи чудовишта излегоа од морето, секое поинакво. Првото беше како лав, а крилата му беа орловски.
4 Додека го набљудував, крилата му се искубаа, тоа се крена од земјата и се исправи на нозе како човек, и му беше дадено човечко срце.
5 Кога ете второто чудовиште: ете, сосем поинакво: како мечка, исправена од едната страна, три ребра и беа во устата, меѓу забите. И и беше речено: ‘Стани, најади се месо!
6 Гледав натаму, и ете: третото чудовиште како леопард, на грбот му беа четири птичји крила: имаше четири глави, и му беше дадена сила.
7 Потоа во ноќно видение, погледнав, кога ете: четвртото чудовиште, страшно, ужасно, вонредно силно: имаше големи железни заби; тоа јадеше здробуваше, а што ќе останеше, го газеше со нозете. Се разликуваше од претходните чудовишта и имаше десет рогови.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom