Папата Бенедикт се повлекува (прва "оставка" од 1415 година наваму)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Папата објави дека ќе отстапи од должноста на 28 февруари оваа година.

Битна работа е новиот Папа да и биде наклонет на Македонија, или барем да не биде негативно настроен.

Драги браќа,
Го повикав овој Конзисториум, не само поради три канонизации, туку и за да ви ја соопштам и вам важната одлука за животот на црквата. Откако постојано ја испитував својата свест пред Бог, заклучив дека мојата сила поради моите години повеќе не е соодветна за исправно водење на службата на Петар.
Свесен сум дека оваа служба, поради својата суштинска природа, треба да биде водена не само со зборови и со дела, туку и со молитва и страдање. Меѓутоа, во денешниот свет, којшто е подложен на брзи промени и разнишани прашања од голема важност за животот на верата, потребна е сила на умот и на телото, сила којашто во последните неколку месеци кај мене е влошена до таа мера што морав да си ја признаам својата неспособност, за адекватно да ја исполнам должноста што ми е доверена.
Поради тоа, и свесен за сериозноста на овој чин, потполно самостојно прогласувам дека отстапувам од местото бискуп на Рим, наследник на Светиот Петар, кое ми е доверено од страна на кардиналот на 19 април 2005 година, на тој начин што од 28 февруари 2013 година во 19 часот местото на папата ќе биде празно и ќе треба да биде повикана конклава поради избор на нов папа.
Драги браќа, искрено ви се заблагодарувам за целата љубов и соработка со кои ме поддржувавте за време на мојата служба и од вас барам да ми простите за своите грешки. Сега дозволете ми да ви ја доверам светата црква да се грижите за нашиот врховен пастор, нашиот Господ Исус Христос и ја молам неговата мајка Марија да им помогне на кардиналите со мајчинска грижа, во изборот на врховен папа. Јас сакам посветено да ѝ служам на светата црква и во иднина преку живот посветен на молитва.
.
 
Ако се правдаше дека се повлекува за да се посвети на семејството немаше да му верувам...
 
Зашто е битно новиот Папа да е наклонет кон Македонија. Која моќ ја има папата па неговата евентуална наклонетост да би влијаела за доброто на Македонија ??

Џабе му е на вештерот оставка, никад нема да ги испере гревовите со децата.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 15:59 ---
Па нормално, ако не се повлече кој ќе го избрка? :icon_lol:
Смртта, пошто само на тој начин ги менуваат.:)
 
Џабе наклонетост кон Македонија, ме заболе искрено новиот Папа каков ќе биде...нека си мислат католиците за нив тоа, тука нема никакво влијание.
 
Во саботата бев во Ватикан и го видов папата. Да знаете до мене ќе да е.:icon_mrgr::icon_mrgr: На 2ри фебруари
 
Штета, но од објективни причини разберливо. Бенедикт има 85 години и последните недели многу опадна и физички и ментално, така да мислам подобро е да даде оставка него да се држи на функцијата до смртта. Бенедикт поред мене беше наклонет кон Православието, често пати даваше изјави дека многу го почитува па дури го сака.
 
Каква политика е сево ова....тој црнецот го спремаат за папа. Не владеат ликовиве што се на позиции во светскава политика....класични пиуни се они.
Не верував дека и во Ватикан се влезени ама ете.
 
е добро де, ке дојде друг на негово место, и за јован павле викаа па дојде бенедикт сеа ке дојде нов и така тој процес ке си тече
 
Каква политика е сево ова....тој црнецот го спремаат за папа. Не владеат ликовиве што се на позиции во светскава политика....класични пиуни се они.
Не верував дека и во Ватикан се влезени ама ете.

Да бе, местено е. Зашто папите се бесмртн и никад не умираат.
:facepalm:

Доста бе со овие муабети за заговори. Можеби се привлечни зашто се интересни али не се секогаш точни. Демек се повлекол за да дојде тој црнецот. Демек морало сеа, не можеле да почекаат да умре папата. Сфашта...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom