...неинформираноста и погрешното толкување на нештата во денешно време е застапено во секоја сфера , сите учиме секој ден ... но многу лошо е кога не знаеме дали е точно тоа што го учиме или знаеме...и со право

кога нема кој да објасни или ај да кажам каде да се обратиме ...ете конкретно за овој проблем околу фармацевтските техничари како што гледам се влече уште од 2013 година овде без соодветен одговор ....
... ајде вака , ќе почнам постапно па доколку има прашања или коментари дополнително ќе објаснам... Приватизација на примарното здравство ( примарно се мисли болниот каде оди од почеток при појава на болест значи општи лекар, стоматолог , педијатар и аптека ) се случи во 2005 година , до тогаш сите си беа под државна капа , но како што е во светот мораме и ние во тој чекор да ги приватизираме тие сегменти во здравството....оние кои останале во државни простории ( лекари , стоматолози , фармацевти ) тие се наречени концесионери затоа што ги користат државните згради , внатрешниот инвентар , но дејноста си е приватна тие имаат само предност пред другите приватници што плаќаат паушал струја , вода и помала кирија за просторот..
... во периодот на приватизација на примарното здравство сите лекари , стоматолози ,педијатри гинеколози /диспанзер станаа ,,матични,, односно здрваствена услуга даваат на одреден број пацинети , само фармацевтите во приватните аптеки останаа нематични ? ...зашто? ...затоа што државата имаше разбирање од револтот на тогашните аптеки дека нема доволно дипломирани фармацевти во тој момент за да покријат и втора смена и да биде матична аптека која ќе ја води специјалист по фармацевтска пракса, затоа до денес ...општ лекар/стоматолог нивните ординации ако работаат во две смени треба да вработат уште еден свој колега лекар /стоматолог , како и аптеката да работа втора смена требаше уште еден фармацевт и сето тоа се одложи до одреден период додека не се намножат дипломираните фармацевти... ..пред да продолжам во континуитет од горе наведеното сакам да објаснам накратко што значи државен испит за здрвствените работници и со средно и со високо образование каде спаѓаат и фармацевтските техничари заедно со медицинските сестри , акушерки, рентген технолози , физиотерапевти итн...
... сите здравствени профили доколку се вработени во склоп на некоја јавна институција било да се со средно или високо образование не им треба државен испит односно лекар ако работа во склоп на некоја фармацевтска куќа како комерцијален преставник или стоматолог вработен како презентер на некоја фармацевтска фабрика или фармацевт кој работа како професор во едукативен образовен систем не им треба да полагаат државен испит ... истото се однесува и за соодветните профили со средно образование фармацевтски техничари , медицински сестри, физиотерапевти , лаборанти...итн ... но доколку здравствените работници сакаат да засноваат САМОСТОЈНА јавна здравствена дејност , според законските нормативи треба да полагаат државен испит , тоа важи за здравствени работници со високо образование - лекари , стоматолози , фармацевти при што по положениот државен испит добиваат правен документ ,, лиценца,, за самостојна јавна здравствена дејност , при што ако неправилно работаат спротивно од законите односно направат тежок прекршок или кривично дело - ќе им се одземе лиценцата за работа ! ... пред да полагаат државен испит предходно овие високо образовни кадри треба да идаат на стажирање/ приправничка пракса на четири места во временски период од 1,5 или 2 месеци односно вкупно 6 месеци , конкретно за дипломираниот фармацевти мора да помине праксата во аптека од затворен тип - Болничка аптека , аптека од отворен тип - Аптека со галенска лабораторија , и пракса околу фармакоинформатика и клиничка фармација како фармацевтски можни идни специјализации ... исто и лекари , стоматолози ... истото важи и за други профили од други бранши со високо образование , на пример архитект да работа во склоп на некоја градежна фирма или правник во склоп на некоја јавна установа не му требаат да полагаат државен испит и да има лиценца , но ако истите сакаат САМОСТОЈНО да основаат дејност мораат да имаат државен испит со добивање на лиценца архитектот може да си отвори на пример свое проектанско биро или правникот своја адвокатура ...итн ... здравствените работници со високо обраование ( лекари , стоматолози , фармацевти ) можат да работаат самостојно со добивање на лиценца ( приватна дејност со отварање на лекарски ординации , стоматолошки ординации и аптеки , педијатри и гинеколози основање само на примарни ординации-диспанзери) , со нив ќе работаат и здравствените работници со средно образование , па затоа и тие на ист начин мораат да поминат приправнички стаж и да полагаат државен испит при што добиваат уверение односно сертификат за положен државен испит и можност да се работи јавно уз здравствениот работник со високо образование од ист профил... здравствен работник со средно образование не може да заснова самостојна здравствена дејност ( медицинска сестра -ординација , забен техничар- стоматолошка ординација , фармацевтски техничар - аптека или акушерка - гинеколошки диспанзер ) , но може да заснова друга општа дејност пример фармацевтски техничар може да си ,,отвори,, кафич или продавница со своето средно образование,но не како стручно -аптека, па макар бил спремен и знаел повеќе од сите фармацевти ...како што и медицинска сестра знае да препишува рецепти и става инекции , мери притисок итн ама не може да заснова самостојно здравствена ординација , значи мора да се има завршено соодветно високо образование :whew: ... значи здравствените работници со средно образование ( медицинска сестра , акушерка , физиотерапевт, ртг технолог , лаборант , забен техничар и фармацевт ) доколку работаат заедно со соодветниот профил со високо образование мораат да имаат уверение за положен државен испит кој се состои од приправничко стажирање/пракса од 6 месеци и тоа на три места по 2 месеца каде истиот среднист може да работа , конкретно ќе кажам за фармацевтски техничар ( според темата во форумов) , треба да стажираат 2 месеца во :
1. Аптека од отворен тип ( тоа е аптека која има директен контакт/здравствена услуга кон пациентот што во денешно време е приватна аптека која има склучено договор со Фондот и ги менаџира неговите лекови на позитивна листа)
2. Аптека од затворен тип ( тоа е аптека која е во индиректен контакт/услуга кон пациенти преку главна сестра на соодветно одделение во болница)
3. Трансфузологија
... и со право револт околу неинформираност!!??!!
-прашувам зошто си стажирал на трансфузиологија кога си фарацевтски техничар ?? ,, -Појма немам ! ,, добивам најчест одговор.
...тука ќе се надоврзам со погорните објаснувања кога напишав како во 2005 год со приватизација во примарното здравство со формирање на матични лекари ,стоматолози требаше и матични аптеки ...
...со одредување на прва смена фармацевт , втора смена фармацевт во аптека , фармацевтскиот техничар ја губи својата улога во фармацевтскиот тим во засновање на здравствена установа/ дејност- Аптека како што е сега сеуште во моментот да се заснова аптека мора и фармацевтски техничар, така кога тоа ќе профункционира највероватно 2017 год , ретко некој фармацевт ќе сака дополнително да плаќа работно искуство на фармацевтски техничар ако веќе не е обавезително да биде во аптекарскиот тим ...
... но државата не го остава тоа туку така и со ( мислам само воведувајќи само еден стручен предмет -биохемија ) поновите генерации мислам од 2006 год навака во звањето на својата професија фармацевтски техничар се додава ,,лабораториски,, и сега гласи фармацевтски лабораториски техничар што со еден збор значи дека добива можност за ново работно место - Лабораторија !
...ете затоа се стажира 2 месеца на трансфузологија каде има лабораторија и фармацевтскиот техничар односно фармацевтски лабораториски техничар треба да се запознае со тоа работно место .
... мене ми е многу ми е жал што скоро сите генерации што завршиле уназад едно 10 год средно фармацевтско училиште не си ја прочитале својата професија - фармацевтски лабораториски техничар и појма немаат дека можат да засноваат работен однос во било која лабораторија

...
...следи понатака објаснување
