Фармацевтски техничари

  • Креатор на темата Креатор на темата Katerina1004
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 февруари 2013
Мислења
30
Поени од реакции
8
Возраст
33
Ме интересира дали сте слушнале за законот или предлог законот(не сум сигурна ,но така наслушнав) дека повеќе ниеден фармацевтски техничар,нема да може да работи во аптека? Значи, за да работи секој поединец во аптека треба да има завршено факултет. Јас имам средно фармација и сакав да го полагам државниот ипит(кој со него досега можеше да се работи во птека),ама сега се двоумам бидејки и да го положам незнам за што понатаму ке ми треба. Ако некој знае,ве молам да ми одговорите :(
 
Не ми е вероватно некако,инаку можно е не ме чуди. Прво таквото право нема да им одговара на аптеките,пошто дипломиран фармацевт нема да им работи за 8-10 000 иљади,а тие со средно им работат. Второ,зашто уопште постои и средна фармација? Ако неможеш да работиш..ја ако сакам на факултет фармација да идам,тоа можам и со гимназија да го направам и со средно економско...значи феил. Ако се донесе ова резили..
 
Zakonot glasi deka ni eden farm.tehnicar nema da moze da raboti sam vo apteka , znaci ne bez nadzor od farmacevt, no toj zakon e odlozen do 2017 god, I baska farm.tehn, ke moze da si raboti no nema da smee da prodava lekovi koi se na tovar na fondot i koi podlezat pod lekarski recept, tuku samo parafarmacija t.e. proizvodi koi se izdavaat bez lekarski recept, kozmetika i dr preparati koi se prodavaat vo aptekata .
No kako sto e kaj nas vo drzavata svako cudo za tri dana, sekoja vlada si nosi novi zakoni, taka da se nadevame deka do togas nesto ke se izmeni:)
 
така си е. јас така наслушнав и ми немаше логика..=) фала
--- надополнето: 10 февруари 2013 во 14:13 ---
Zakonot glasi deka ni eden farm.tehnicar nema da moze da raboti sam vo apteka , znaci ne bez nadzor od farmacevt, no toj zakon e odlozen do 2017 god, I baska farm.tehn, ke moze da si raboti no nema da smee da prodava lekovi koi se na tovar na fondot i koi podlezat pod lekarski recept, tuku samo parafarmacija t.e. proizvodi koi se izdavaat bez lekarski recept, kozmetika i dr preparati koi se prodavaat vo aptekata .
No kako sto e kaj nas vo drzavata svako cudo za tri dana, sekoja vlada si nosi novi zakoni, taka da se nadevame deka do togas nesto ke se izmeni:)

Фала на убавиот одговор..настана збунка во мојата глава кога го слушнав тоа и сега се чудам на таквите закони.Сепак се надевам дека нема да се измени инаку ние техничарите ке безделничиме :D
 
значи фарм.техничар неможе да биде носител на дејност и самостално да работи,мора да биде под надзор на дипл.фармацевт...
 
Тоа и сега е така, фармацевтски техничар да издава лекови само во присуство на фармацевт. Меѓутоа слабо се почитува, скоро нигде нема во иста смена и фармацевт и техничар така да сепак е срање. Исто ко шо беше срање и законот само во прва смена да смее да се издаваат лекови (пред некои 2-3години) ако се разболиш после 3 нема лек за тебе.
Ако го воведат ова, тогаш која е логиката да постои средно за фармацевтски техничари и кој к** полагање на државен испит?!
 
Да,ама ете тоа демек бил предлог закон. Значи се ќе пропадне во вода? Значи сите техничари ќе бидат избркани од работното место и ќе работат само фармацевти?? Глупости..Сепак дечки фала на информациите. :cool:
 
Ја подржувам оваа одлука која би требало и отсекогаш да е на сила. Сум имала прилика да работам како фармацевтски техничар, во аптеката работевме само јас и газдарицата и јас ги правев истите работи како и таа, само што таа (како и во сите приватни душоваднички фирми) го земаше профитот, нормално, а мене ме плаќаше бедни 8000 денари дури помалку од минималната плата- 8050. Настрана платата, фармацевтски техничар со средно образование не е компетентен да одлучува за лекот кој го издава и дали тој лек е соодветен за пациентот. Зборувам од мое искуство. Доаѓаа пациенти кои упорно бараа совет од мене како од лекар, и едноставно не знаев како да се поставам во таквите ситуации. Ни дипломиран фармацевт не смее да си дозволи да препорачува лекови, а камоли пак техничарот со само предзнаења од средно образование. Едноставно преголема е одговорноста за лице со само средно образование.Во фармацијата значи навистина треба ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ. Па дури и дипломирани фармацевти вработени во аптеки (зборувам конкретно за Битола) добиваат бедни 12000 денари плата.
Овај пост го пишувам со цел основците кои планираат да се запишат во фармацевтска насока-средно образование да ја преиспитаат својата одлука.
 
Хм.. види. Јас и не се согласувам комплетно со тебе. Да,можеби треба да има промени. Ама техничарите не се лекари..така што сметам дека за совет може да се консултираат со нив. Секако дека треба да се има предзнаење и познавање на лекарствата,но сепак,работата воопшто не е тешка. Во секој лек стои упатсво за употреба и дали ти би му го `изрецитирала` или тој самиот би го прочитал, горе доле исто е. Затоа мислам дека сепак треба техничарите да продолжат да си работат.Платата е мала,ама кога ќе видиш има многу полоши работни места за истата плата.
 
...неинформираноста и погрешното толкување на нештата во денешно време е застапено во секоја сфера , сите учиме секој ден ... но многу лошо е кога не знаеме дали е точно тоа што го учиме или знаеме...и со право :( кога нема кој да објасни или ај да кажам каде да се обратиме ...ете конкретно за овој проблем околу фармацевтските техничари како што гледам се влече уште од 2013 година овде без соодветен одговор ....
... ајде вака , ќе почнам постапно па доколку има прашања или коментари дополнително ќе објаснам... Приватизација на примарното здравство ( примарно се мисли болниот каде оди од почеток при појава на болест значи општи лекар, стоматолог , педијатар и аптека ) се случи во 2005 година , до тогаш сите си беа под државна капа , но како што е во светот мораме и ние во тој чекор да ги приватизираме тие сегменти во здравството....оние кои останале во државни простории ( лекари , стоматолози , фармацевти ) тие се наречени концесионери затоа што ги користат државните згради , внатрешниот инвентар , но дејноста си е приватна тие имаат само предност пред другите приватници што плаќаат паушал струја , вода и помала кирија за просторот..
... во периодот на приватизација на примарното здравство сите лекари , стоматолози ,педијатри гинеколози /диспанзер станаа ,,матични,, односно здрваствена услуга даваат на одреден број пацинети , само фармацевтите во приватните аптеки останаа нематични ? ...зашто? ...затоа што државата имаше разбирање од револтот на тогашните аптеки дека нема доволно дипломирани фармацевти во тој момент за да покријат и втора смена и да биде матична аптека која ќе ја води специјалист по фармацевтска пракса, затоа до денес ...општ лекар/стоматолог нивните ординации ако работаат во две смени треба да вработат уште еден свој колега лекар /стоматолог , како и аптеката да работа втора смена требаше уште еден фармацевт и сето тоа се одложи до одреден период додека не се намножат дипломираните фармацевти... ..пред да продолжам во континуитет од горе наведеното сакам да објаснам накратко што значи државен испит за здрвствените работници и со средно и со високо образование каде спаѓаат и фармацевтските техничари заедно со медицинските сестри , акушерки, рентген технолози , физиотерапевти итн...
... сите здравствени профили доколку се вработени во склоп на некоја јавна институција било да се со средно или високо образование не им треба државен испит односно лекар ако работа во склоп на некоја фармацевтска куќа како комерцијален преставник или стоматолог вработен како презентер на некоја фармацевтска фабрика или фармацевт кој работа како професор во едукативен образовен систем не им треба да полагаат државен испит ... истото се однесува и за соодветните профили со средно образование фармацевтски техничари , медицински сестри, физиотерапевти , лаборанти...итн ... но доколку здравствените работници сакаат да засноваат САМОСТОЈНА јавна здравствена дејност , според законските нормативи треба да полагаат државен испит , тоа важи за здравствени работници со високо образование - лекари , стоматолози , фармацевти при што по положениот државен испит добиваат правен документ ,, лиценца,, за самостојна јавна здравствена дејност , при што ако неправилно работаат спротивно од законите односно направат тежок прекршок или кривично дело - ќе им се одземе лиценцата за работа ! ... пред да полагаат државен испит предходно овие високо образовни кадри треба да идаат на стажирање/ приправничка пракса на четири места во временски период од 1,5 или 2 месеци односно вкупно 6 месеци , конкретно за дипломираниот фармацевти мора да помине праксата во аптека од затворен тип - Болничка аптека , аптека од отворен тип - Аптека со галенска лабораторија , и пракса околу фармакоинформатика и клиничка фармација како фармацевтски можни идни специјализации ... исто и лекари , стоматолози ... истото важи и за други профили од други бранши со високо образование , на пример архитект да работа во склоп на некоја градежна фирма или правник во склоп на некоја јавна установа не му требаат да полагаат државен испит и да има лиценца , но ако истите сакаат САМОСТОЈНО да основаат дејност мораат да имаат државен испит со добивање на лиценца архитектот може да си отвори на пример свое проектанско биро или правникот своја адвокатура ...итн ... здравствените работници со високо обраование ( лекари , стоматолози , фармацевти ) можат да работаат самостојно со добивање на лиценца ( приватна дејност со отварање на лекарски ординации , стоматолошки ординации и аптеки , педијатри и гинеколози основање само на примарни ординации-диспанзери) , со нив ќе работаат и здравствените работници со средно образование , па затоа и тие на ист начин мораат да поминат приправнички стаж и да полагаат државен испит при што добиваат уверение односно сертификат за положен државен испит и можност да се работи јавно уз здравствениот работник со високо образование од ист профил... здравствен работник со средно образование не може да заснова самостојна здравствена дејност ( медицинска сестра -ординација , забен техничар- стоматолошка ординација , фармацевтски техничар - аптека или акушерка - гинеколошки диспанзер ) , но може да заснова друга општа дејност пример фармацевтски техничар може да си ,,отвори,, кафич или продавница со своето средно образование,но не како стручно -аптека, па макар бил спремен и знаел повеќе од сите фармацевти ...како што и медицинска сестра знае да препишува рецепти и става инекции , мери притисок итн ама не може да заснова самостојно здравствена ординација , значи мора да се има завршено соодветно високо образование :whew: ... значи здравствените работници со средно образование ( медицинска сестра , акушерка , физиотерапевт, ртг технолог , лаборант , забен техничар и фармацевт ) доколку работаат заедно со соодветниот профил со високо образование мораат да имаат уверение за положен државен испит кој се состои од приправничко стажирање/пракса од 6 месеци и тоа на три места по 2 месеца каде истиот среднист може да работа , конкретно ќе кажам за фармацевтски техничар ( според темата во форумов) , треба да стажираат 2 месеца во :
1. Аптека од отворен тип ( тоа е аптека која има директен контакт/здравствена услуга кон пациентот што во денешно време е приватна аптека која има склучено договор со Фондот и ги менаџира неговите лекови на позитивна листа)
2. Аптека од затворен тип ( тоа е аптека која е во индиректен контакт/услуга кон пациенти преку главна сестра на соодветно одделение во болница)
3. Трансфузологија
... и со право револт околу неинформираност!!??!!
-прашувам зошто си стажирал на трансфузиологија кога си фарацевтски техничар ?? ,, -Појма немам ! ,, добивам најчест одговор.
...тука ќе се надоврзам со погорните објаснувања кога напишав како во 2005 год со приватизација во примарното здравство со формирање на матични лекари ,стоматолози требаше и матични аптеки ...
...со одредување на прва смена фармацевт , втора смена фармацевт во аптека , фармацевтскиот техничар ја губи својата улога во фармацевтскиот тим во засновање на здравствена установа/ дејност- Аптека како што е сега сеуште во моментот да се заснова аптека мора и фармацевтски техничар, така кога тоа ќе профункционира највероватно 2017 год , ретко некој фармацевт ќе сака дополнително да плаќа работно искуство на фармацевтски техничар ако веќе не е обавезително да биде во аптекарскиот тим ...
... но државата не го остава тоа туку така и со ( мислам само воведувајќи само еден стручен предмет -биохемија ) поновите генерации мислам од 2006 год навака во звањето на својата професија фармацевтски техничар се додава ,,лабораториски,, и сега гласи фармацевтски лабораториски техничар што со еден збор значи дека добива можност за ново работно место - Лабораторија !
...ете затоа се стажира 2 месеца на трансфузологија каде има лабораторија и фармацевтскиот техничар односно фармацевтски лабораториски техничар треба да се запознае со тоа работно место .
... мене ми е многу ми е жал што скоро сите генерации што завршиле уназад едно 10 год средно фармацевтско училиште не си ја прочитале својата професија - фармацевтски лабораториски техничар и појма немаат дека можат да засноваат работен однос во било која лабораторија :ojeaa:...
...следи понатака објаснување ;)
 
Последно уредено:
Сите средни училишта со доделување на сведителство и полагање на матура се завршува било која активност во нив значи не се полага државен испит таму затоа што нема никаква допирна точка со целта на државниот испит со средно школо . Со завршување на средно образование ученикот односно матурантот добива сведителство со сите оценки што преставува доказ за завршено средно образование , а Диплома не е таа класична диплома која се добива со високо образование каде таму студентите се дипломирани студенти , овде ДИПЛОМА е за положен завршен испит - матура , но не диплома за завршено образование, не велите дипломирав во средно фармацевтско, туку сум матурант во средно фармацевтско!. Вашата професија е запишана во дипломата на завршниот испит на матура и пишува сега по ново фармацевтски лабораториски техничар .
Е сега , во сите градови каде имаме средно медицинско училиште со средно фармацевтски отсек , физиотерапевт, лаборант итн... има и формирана комисија за полагање на државен испит за среден здравствен профил за сите што ги спомнав посебни комисии за полагање на државен испит од страна на министерство за здравство, значи комисија за полагање на државен испит има во Скопје, Тетово , Штип , Велес итн. Прашувате каде ?во кој град ? секој кандидант може да полага државен испит каде сака без разлика од кој град е т.е. ако фармацевтски техничар од Скопје сака да полага во Тетово или Велес тоа е негов сопствен избор Прашувате каде да се обратите ? : па нормално ако прочитавте погорното објаснување дека мора да се проследи шест месечен приправнички стаж на три места каде би можеле да работите и тоа под контрола на државта значи полагањето се врши во Јавните установи Општа болница или Клиничка болница во соодветните градови, Сите профили на завршени средно образование здравствени работници своите информации за пријава на државниот испит ќе ги добијат во Управа (архива) на тие болници, ... :whew:
... значи за полагање на државен испит на сите здравствени работници со средно образование за да се добие Уверение или Сертификат за положен државен испит за медицински сестри , физиотерапевти , лаборанти , рентген технолог, фармацевтски лабораториски техничари за да истите работат покрај самостојните соодветни со високо образование мед.сестра уз лекар , физиотерапевт уз физијатар , фармацевтски лаб.техничар уз фармацевт треба :
1.) Писмена пријава за државниот испит која се пополнува во архивата на соодветната болница во градот каде се полага по избор на кандидатот по обавување на приправничкиот стаж во таа болница ( кандидат од Струга ако сака може да полага во Штип по поминување на приправничкиот стаж во болницата во Штип...итн )
2.) Заверка ( фотокопја ) на Дипломата за положена матура на соодветно стручно средно образование на нотар ( не постара од 6 месеци )
3.) Стажанска книшка ( се купува во книжарница околу 100 ден ) со пополнување на текст , печат и потпис на трите места каде кандидатот стажирал ( приправнички стаж на здравствен работник )
4.) Уплата на 6 000 ден во банка + 50 ден како таксена марка уплатница во банка според трансакционата сметка што ќе ја дадат во архива во соодветната болница
Испитот се состои од два дела :
Прв дел : Соодветни стручни прашања поврзани со стажирањето и знаењето здобиено во соодветното стручно училиште , дали кандидатот знае да ги примени своите знаења добиени теоретски во пракса обавена на три места за шест месеци , испитувач соодветен стручен професор со високо образование .
Втор дел : Приправнички дел , каде кандидатот мора да ги знае основните работи од делот на законот за работни односи , законот за здравствена заштита , Уставот на Мкд , испитувач правник во соодветната болница.
Полагањето најчесто се одржува во последните денови од месецот , после 14 часот со предходно телефонско известување за денот и часот од правна служба на болницата на секој кандидат поединечно.
После полагањето , се заверува Уверението архивски и за ден два се добива Уверението за положен државен испит , доколку кандидатот незадоволнително одговара на испитот ќе биде вратен повторно за полагање .
....
Да напоменам дека профилот на стоматолошки техничар државниот испит на ист начин го полагаат , само со таа разлика што го полага на друго место не во болница ( нема стоматолози во општа болница сите се со приватна дејност ) туку во Здравствен Дом каде има стоматолози ( во јавно здравство за прегледи/ превенција на детска популација ) чиј испитувач се тие стоматолози !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom