PIRATIC
diplomiran klozetar
НАТО не се согласува Косово да добие војска
Текст: Макфакс
Регион | 09 февруари 2013
Северноатланската алијанса не е согласна Косово да добие своја војска, велат за дневникот Коха диторе неименувани функционери на НАТО.
И покрај најавите на Приштина дека оваа година има намера да ја трансформира БСК во Војска на Косово, надлежните во НАТО велат дека тоа не е возможно.
„Косово може да одлучи Безбедносните сили на Косово (БСК) да ги трансформира во војска на Косово, но таков чекор не би му се допаднал на НАТО. Идниот статус на БСК е нејасен и останува тема на расправа внатре во НАТО", вели неименуваниот извор.
Четири од 27-те земји членки на НАТО кои не го признаваат Косово како независна земја, Грција, Шпанија, Романија и Словачка, не сакаат Косово да добие своја војска.
Уште една шлаканица до Косовските власти и тоа од нивните ’’пријатели’’ кои и ги креираа !
Ова е доказ дека НАТО си ја користи територијата на Косово за некакви свои потреби и дека уште долго ќе бидат стационирани на Косово, исто така НАТО не им верува многу на Албанците на Косово и по се изгледа и не им одговара да има Косовска армија !