Па ти веќе си се предал бе друже.
Која е поентата на ова што си го напишал?Дека треба да ќутиме и пушиме оти на референдум сме ја дале територијата?Патем тој референдум не е ама баш никакво оправдување за случајов.
Добро е ако не разбереш, да прашаш, како општо правило во живот. Јас точно и детално ги напоменав фактите, поточно настани кои се имаат ВЕЌЕ случено, со мал до незначаен отпор од населението Македонско. Поинаку склопено - Македонците прифатија (капитулација, приватизација, хашки случаи, амнестија). Кој верува дека тие прифаќања биле од привремен карактер, Бог го поштедил од разум. Тие потези ќе влечат последици сѐ додека постои државава во овој формат.
Поентата е, како и во сите поенти во сите дискусии, прво да се согледа вистината, после да се делува. Кој аргумент можеш да го понудиш, која почит да имаш кон народ кој САМ ЈА ДАДЕ територијата на окупатор? Народ кој изгуби војна од 150 Албанци? Народ кој двократно ослободи убијци - неспорно докажаи убијци на цивили, кои вршеле масакри ? Како да дискутирам поинаку? Или можеби да си живеам во бајка и така да се однесувам, можеби тоа би било поприфатливо за тебе? Тоа не можам. Затоа, мојот став е сосема природен и јасен - една генерација да помине, со голема надеж дека следната нема да биде од сличен тип. А закони како рамковен, територијална поделба итн. .... има механизми да се променат, ако се решат 2 милиони луѓе. Тие механизми се на располагање, но повторно: ако се решат 2 милиони луѓе. Мојот став е многу прецизен: во овој момент, нема таква подршка од населението. Огромен дел поврзуваат партија/држава и сите дискусии ги водат во тој правец, итн.
Друже немој бе ваке со ова размислуење, на тој референдум партијата која сега е у опозиција напрае све што е можно за тој референдум да успее,...
Тој референдум е потпис за капитулација на Македонија и нејзина понатамошна федерализација.
...
Поточно, го бојкотираа - па го направија „неуспешен“.
Комплетно сум запознаен со тоа и точно е. Но, има ли сила да те спречи да гласаш за продавање на територија? Да гласаш, еј.. значи, не барале да се бориш, како што некогаш било задолжително (чудно, тие што вистински се бореле за државава, како името што го носам, тие не добиле татковина самостојна Македонија, а „ние“ што добивме, ја продадовме територијата неколку пати.). Ова се факти и ако решиме да ги игнорираме, ќе најдат начин да ни се презентираат кога нема да треба. Од мене не можеш да очекуваш да склопам очи. Цитираниот дел е точно токму најголемиот проблем - поголем дел од народот имаат лојалност кон партија отколку кон држава. Им наредиле да не гласаат и не гласале.. и сега ми се жалат? Не можам да го разберам тоа, за оправдување не станува збор - не го разбирам тоа плачење. Го наоѓам субхумано.
За понатамошни дискусии, добро е да се префрлиме на друго место - ако има потреба од тоа.